Јун 25, 2016

Симултана вежба за гасење на запален брод во езерото и спасување давеници

Успешно завршена показната вежба на гасење на опожарен брод и на спасување давеници и опожарени лица. Во вежбата учествуваа припадници на територијалната противпожарна единица, брза помош, спасувачките  екипи на Црвен крст, припадници на езерската полиција, Капетанија. Во симулативната вежба учествуваа над 50 лица и покажа дека се подговени брзо и ефикасно да интервенираат при слични несреќи. По оваа вежба ќе следуваат анализи за интервенцијата во насока на што поголема ефикасност при делување во реални ситуации, кажа Зоран Нешкоски од МВР Скопје. „Оваа вежба беше сублимат на сите знаења и …

Авг 2, 2021

ЧЕСТИТКА НА ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 2-РИ АВГУСТ

Честитка на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески по повод 2-ри августа-118 години Илинден и 77 години Асном. Денес, е денот кога се присетуваме и ги славиме идеалите на илјадници македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна држава. Илинден е длабоко втемелен во кодот на македонците, силно вкоренет во традицијата, а во колективната меморија важи за симбол на непокор на голем број херои кои се жртвуваа за слобода. Благодарение на нив, ние денес живееме во мир и во своја држава меѓународно признаена. Но борбата за подобро утре, посветла иднина не смее да зап…

Јун 25, 2016

Oдбележан денот на заедницата на Балканските египќани во Македонија 24-ти јуни

Вистински предизвик денес е обидот да се излезе од еден затворен круг во кој владеат стереотипите, предрасудите, асимилацијата секојдневното стигматизирање од страна на мнозинските заедници кое доведува до изолација на заедницата од општествените текови. Иако преамбулата на уставот е извор на права, сепак египќаните и некои други помали заедници кои живеат во зермјава не се споменати во неа, па така денес политиките на државата се креирани и наменети за припадниците на заедниците кои ги има само во неа. Неодамна и Народниот правобранител напомена дека со години наназад има појава на неквали…

Јун 24, 2016

Градоначалникот Бакрачески ја посети специјалната болница за ортопедија и травматологија Св Еразмо Охридски

Во тек се градежните зафати врз реконструкцијата, адаптацијата и промените на новиот објект во рамките на специјланата болница за ортопедиај и трауматологија Св.Еразмо Охридски. Обиколка на објектот кој се гради  направија градоначалникот Никола Бакрачески, неговиоте соработници заедно  со првите луѓе на  специјалната болница Св.Еразмо и на Заводот за Кардиологија, д-р Митко Тилев и д-р Изабела Автоска Наумоска.   Објектот  е проект на Владат на РМ, но јас како  градоначалник имам обврска да направам увид за да видам како течат активностите  околу изградбата. „ Ова е една од гордостите на…

Јун 24, 2016

Набиена агенда на охридскиот градоначалник

Со цел да се запознае со динамиката и интензитетот на градежните работи кои симултано се одвиваат на неколку локации низ градов, градоначалникот Никола Бакрачески денес ги посети местата на кои се одвиваат работите на неколку проекти, како од сферата на спортот и урбаното живеење, но и на изградбата на локални патишта. Можеби една од најголемите потреби на охриѓани и секако клучниот момент во развојот на пливањето како спорт карактеристичен за регионт, е изградбата на затворенот пливачки базен. „Во овој момент се завршени сите работи околу ископите, поставена е дренажа, 6 дренажни бунари, …

Јун 24, 2016

Комедијата Благородник е нова премиера на сцената на народниот охридски театар

Премиерата Благородник утревечер е на сцената на охридскиот театар. Станува збор за 6 -та премиера во оваа сезона. Благородник е работена по текст на Жан Батист Поклен Молиер во режија на Дејана Николовска ,а досега не се направени поставки. Изборот да се постави ова дело на еден од најголемите свтески комедиоградфи како што е Молиер доаѓа во прав момент. Делото кореспондира со актуелните општествени кризи кога елитата и интелектуалците се принудени д а замолчат пред обезмноста од материјланата моќ.Според Николовска во моментов нема посоодветен текст од класиката кој се однесува и на нашето…

Јун 24, 2016

Десет години интервентна кардиологија во Охрид

Четири илјади спасени животи за десет години е резултатот со кој може да се пофали Центарот за интервентна кардиологија во Охрид. На 21 Јуни 2006 година беше изведена првата дијагностичка коронарографија а потоа и перкутана коронарна интервенција во Охрид. Оваа институција постојано соработува со останатите здравствени центри во Република Македонија, постојано разменува искуства со цел да се зголеми ефикасноста на негата на пациентите кои страдаат од кардиоваскуларните заболувања. Во борбата со овие заболувања потребна е системска соработка со останатите институции кои се инволвирани во здр…

Јун 23, 2016

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Со кривична пријава се стекнаа уште три лица од Охрид на возраст од 27 до 41 година, поради постоење основи на сомнение за помагање во извршувањето на кривичното дело „изнуда“. На 5-ти овој месец околу 22.30 часот, пријавените отишле во база на такси компанија во Охрид поради нерасчистени имотно правни односи и со сериозни закани сакале да изнудат пари и материјални средства од оштетениот. Следниот ден околу 02.00 часот пријавените отишле пред домот на оштет…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top