Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, градските гробишта хортикултурно се уредуваат и се чистат.
По барање на граѓаните за поставување на дополнителни чешми, градежната оператива на јавното претпријатие врши поставување на нови чешми во Градските гробишта.
Во рамки на Програмата на грижа за стари лица која веќе една година ја спроведува Црвен крст Охрид, вчера на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) волонтерите на Црвен крст Охрид од различни возрасти и на различни јазици читаа поезија во која уживаа корисниците на оваа програма и бројни наши сограѓани. Преку поетските творби, во најголем број напишани од самите волонтери, беше упатена порака за за вреднување на разновидноста на културите и толеранцијата, взаемната доверба и разбирање, почитта и вниманието кон старите лица.
Потребите на старите лица се во фокусот на интерес на Црвен к…
Со хуманитарна забава вчера во Кадмо бар, Лајнс Клуб Охрид го одбележа својот девети јубилеј, заедно со членови на другите лајнс клубови од Охрид, гости од сродните клубови, многубројни пријатели на клубот и хумани граѓани на Охрид. Со оваа прослава се заокружи уште една успешна и плодна година во која членовите на клубот водени од желбата за унапредување и промоција на хуманите вредности, како и афирмација на суштината на лајонизмот, се ангажираа во организација на многубројни настани и активности. Се потрудивме да ја оправдаме одговорноста која како претставници на лајонизмот во Македон…
На северниот влез од градот нема поставена патоказна сообраќајна сигнализација. Ова се слулчува на самиот старт на туристичката сезона кога во градот се очекува прилив на голем број туристи. Оние кои за прв пат доаѓаат во туристичкиот град со сопствено возило, се оставени без основните сообраќајни информации , на пример колку има до центарот, каде да се сврти за езерото или пристаништето, колку се оддалечени туристичките локалитети.
Некои од таблите кои беа наменети да им дадат првични сообраќајни информации на возачите со изградбата на кружните текови беа одстранети, а нови сеуште н…
Фестивалот на новокомпонирана музика „Канеофест“ 2016 по 15 ти пат ќе се одржи во Охрид. Телевизија Морис веќе 4 години се јавува како организатор и покровител. Фестивалот започнува утре во 21 часот во ЦК „Григор Прличев“, влезниците чинат 50 денари а како што појасни директорот на фестивалот Кристина Алексиеска со нив публиката ќе има можност да гласа.
„Фестивалот ги брои само новокомпонираните авторски музички македонски мелодии. Од 2013 година фествалот разви две фестивалски вечери и тоа првата вечер е посветена на фолк музиката, токму фолкерите ќе го отворат овогодинешното издание, а в…
Само минатата година, штетите во шумите погодени од пожар, како и на трошоците за справување со пожарите надминаа неколку десетици милиони евра. Сите овие шумски пожари се резултат на човечки активности, односно палења во земјоделството, невнимателно ракување со оган и што е најсериозно во последните десет години – намерно подметнување на пожари во шумите. Денес, иницијатива на СВР Охрид, денес се одржа работен состанок во врска зајакнување на мерките и превентивно делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари.
„Целта е да се елиминираат можностите од пожар…
На 09.01.2022 година од 14 до 19 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале 11 возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење (03 надвор од населено место и 08 во населено место).
Во Кичево, регистрирани се 06 возачи кои, во населено место управувале со брзина, поголема од дозволената. За сторениот прекршок, издадени се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.
Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 2. јули, сабота, во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Св. Наум Охридски.
На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.
Додека на 3. јули, недела, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.