Јан 18, 2021

412 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 412 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Јан 18, 2021

Општина Дебрца го доби првото тениско игралиште

Општина Дебрца го доби и првото тениско игралиште. Игралиштето е во балон салата и е едно од ретките во Македонија во покриен простор. За овие активности од буџетот на општината се издвоени вкупно 175.000 денари и тоа за санацијата на балон салата -40.000 денари и за изработка на акрилната подлога на тениското игралиште ( за набавка на специјалните акрилни бои ) -135.000 денари. Ентузијастите од ЗФК “Св.Петар” село Лешани, кои доброволно и без надомест ја изработија акрилната подлога и се иницијатори за формирање на првиот тениски клуб во општина Дебрца. Советот на општината кој ја поддр…

Јан 18, 2021

Денес е Водокрст: Денот кога се крштеваат сите води и имаат лековито дејство!

Денешниов ден меѓу народот е познат како Водокрштение или Водопост. Водокрштение се вика поради тоа што на тој ден се крштева (се осветува) водата, а Водопост веројатно се добило од Водици и постење, бидејќи Водопост е посен ден. Овој ден не е празник како што се следните два дена. На овој ден освен што се крштева вода, се пее и крстот и се прават последните подготовки за празникот. Денот Водокрст, пред Богојавление (Водици) има важно место во животот на нашиот народ. Во очекување на големиот празник народот изведувал многу обичаи кои се поврзани со крстот и осветувањето на водата, но и со…

Јан 18, 2021

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици

Викендов екипите на ЈП “Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште. Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби. Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.

Јан 16, 2021

Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на Рибарски алманах

Во чест на Богојавленските празници, Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на интересен архивски материјал, наречен Рибарски алманах. Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското езеро, од периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во нашата земја. На тој начин, оваа ретка колекција на имиња и фотографии станува достапна за пошироката јавност. Овој чин претставува своевиден поклон за охриѓани за Денот на рибарите, со целокупна поддршка од директорот на Државниот Архив, Д-р Емил Крстески. В.Д. раководителот на Историски…

Јан 15, 2021

ОЈО Струга отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија.Обвинителството ќе испитува дали во случајот има кривично дело – Повреда на угледот на странска држава, по член 181 од Кривичниот законик.По наредба на ОЈО, ОВР Струга треба да го утврди идентитетот на сторителот и да ги идентификува и другите присутни на настанот. Исто така, ќе бидат обезбедени и евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други деј…

Ное 21, 2021

Кривична за две лица кои вршеле нелегален транспорт на дрва

На 19.11.2021 полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа С.Ѓ.(44) од охридското село Велгошти и П.А.(35) од селото Долно Лакочереј. Двајцата, околу 21 часот во атарот на селото Лескоец, се затекнати во нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „опел монтереј”, со бугарски национални ознаки. Дрвата со потврда се одземени и предадени на Шумската полиција – информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Јан 15, 2021

Охридската општа болница ќе се подновува со современа медицинска апаратура

ЈЗУ Општа болница Охрид ќе ја подновува старата медицинска апаратура. Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Современиот апарат чини околку 220.000 евра. Ќе има примена за хируршко лекување на пациентите, информира д-р Горан Балевски, директор на општа болница. „Тоа е комплетен столб со 4К за ендоскопски, лапараскопски и за ласер хирургија кој ќе може да се користи на повеќе одделенија, хирургија и гинекологија. Но, акцент е сепак на уролошкото одделение за да може да се работи бидејќи досега луѓето одеа на лекување во приватни болници.“ Овој апара…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top