По претходно распишан конкурс, Општина Охрид доделува стипендии за ученици од основните училишта во Општина Охрид.
Добитниците се известуваат во период од 02.03.2022 година (среда) до 07.03.2022 година (понеделник) да дојдат во просториите на советничката канцеларија во општина Охрид, заради потпишување на договорите. Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на Договорот, да бидат во присуство на родител или старател – велат од Локалната Самоуправа.
Добитниците може да ги видите на следниот линк
Денес во јавноста после подолго отсуство понесен од потребата да го оправда своето опозиционо делување, а веројатно притиснат од членството и централата да ја искритикува локалната самоуправа се појави пратеникот Томислав Тунтев.
Очигледно во денешната прес конференција измешале многу работи, а најмногу од се ја промашиле личноста која го водела овој прес. Замислете почитувани граѓани човекот кој цели осум години беше советник на мнозинството во Советот на општина Охрид, координатор на Советничката група на мнозинството во Советот на општина Охрид односно директен спроведувач на политиките…
Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк „Галичица“ од денеска ќе биде повторно затворен за секаков сообраќај.Мерката ќе биде на сила секој ден до завршувањето на работите на делницата од Баба до Царина – (Преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради реконструкција на коловозната конструкција.– После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двет…
Со прекрасниот концерт на нашиот сограѓанин познатиот автор, вокалист, композитор Владимир Василевски Четкар, во предворјето на црквата Св Софија беше означен почетокот на летната сезона во Охрид. Оваа туристичко – промотивна манифестација годинава го бележи своето трето издание. Првиот човек на градот Никола Бакрачески, открива дека овааа сезона нашиот туристички бисер ќе биде центар на културните збиднувања како никогаш до сега.
„Ако по утрото денот се познава, тогаш оваа вечерна комбинација на божествена убавина на западната страна на црквата Света Софија комбинирана со прекрасните з…
Од Општинската Организација на СДСМ од Охрид денес на прес конференција излегоа со обвинување дека пред 40 месеци ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески со изборната програма за локалните избори им ветија на охриѓани: изградба на нова современа автобуска станица, изградба на затворен базен за пливање, модерно градско пристаниште, изградба на затворен современ зелен пазар, изградба на катни гаражи, изградба на водоводни системи, проекти наведени на стр. 11 од нивната изборна програма, како приоритетни . Но, во овој период не реализираа ниту еден од ветените приоритетни проекти, потенцираше Томислав …
„Во доцните попладневни часови вчера на брегот на Охридското Езеро во близина на појас трска крај новата патека е исечено дебело стебло на дрво старо повеќе од 20 години без никакво известување ниту објаснување од градските власти.
Активист на ОхридSOS се нашол во близина во моментот и ја фотографирал сечата по што дрвосечачите го нападнале вербално активистот и за малку бил спречен физички напад врз него.
Тој ги прашал и зошто го сечат дрвото на што му било одговорено дека станува збор за труло дрво, иако од фотографиите јасно се гледа пресекот на здравиот трупецот.
Прашуваме ЗОШТО се к…
Почетокот на црешноберот ги донесе и првите неволји. Периодот на црешноберот е радост за љубителите на ова овошје, но и проблеми за берачите. За неколку дена итната медицинска помош интервенирале во над 10-тина случаи каде што биле згрижени повредени берачи на цреши. Некои од нив завршиле со полесни, но дел од нив има и со мошне сериозни повреди, информира раководителот на итната медицинска помош д-р Горан Симјаноски.
„Повредите се од лесни до тешки трауми и политрауми. Сме имале случаи каде што сме ги испратиле во терцијално здравство во Скопје заради тежината и обемот на повредите, под…
Акционерите на поранешното претпријатие А.Д. „Отекс, утре сабота 02,07 ќе одржат состанок.
Состоанокот ќе се одржи во ОУ „Христо Узунов“ во 15:00. На состанокот ќе присуствува адвокатот Игњат Панчески.Присуството е задолжително.