Деновиве интензивно се работи на терен да се завршат комуналните зафати по што ќе се премине кон нејзино поплочување и хортикултурно уредување. Со тоа Охрид ќе добие една убава патека за рекреација на граѓаните и гостите, велат од Локалната.
Се наѕира крајот на изградбата на пешачката патека од мостот до Горица 1. Моментално интензивно се работи на третата фаза што подразбира изградба на преостанатите 630 метри од патеката и целосно поставување на комуналната инфраструктура.
ЈП „Водовод“ и ЈП „Нискоградба“ работат на поставување на нова водоводна мрежа и нова мрежа за одводнување на отпа…
На 02.08.2021 во 20.30 часот во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е Б.Н.(31) од Охрид.
Тој, претходно, на улицата „Марко Нестороски” во Охрид со патнички автомобил „пежо” со струшки регистарски ознаки удрил во паркиран автомобил „шевролет каптива”, сопственост на Д.Т.(47) од Охрид, потоа физички го нападнал и со остар предмет упатил закани. Б.Н. бил агресивен и кон полициските службеници и се обидел физички да ги нападне. По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Се потешко е да се вози велопсипед низ охридските улици. Нема услови за безбедно да се возат овие превозни средства кои се и тоа како потребни во овие летни денови кога во градот се бара паркинг повеќе. Но наместо ред и безбедно возење има се повеќе хаос и опасни случки. Во пракса, на улиците, се добива впечаток дека на велосипедистите никој не мисли. Засега само на неколку улици има обележени велосипедски патеки што не доволно. Но и тие иако најчесто се означени за возење во еден правец се користат во двата правци затоа што на другиот дел од улицата има паркинг за возила. Велосипеди…
Во државниот студентски дом Никола Карев во тек е електронскиот оглас за пријавување на студенти, информира Марјан Ристески директор на домот. Пријавувањето се врши преку официјалната страна на Министерството за образование и наука, и ќе трае се до 12 август кога студентите од втора, трета и четврта година ќе можат да добијат место за сместување. Во охридскиот државен студентски дом има на располагање 231 легло, кажува Ристески. „Во последните 3-4 години наназад исполнетоста на нашите капацитети се движи од 80 до 90 проценти. Очекуваме и оваа година да ја постигнеме таа бројка. Години нан…
Трудот изработен од скопската фирма „Астрекс“ се стекна со втората награда во вредност од 100.000 денари, додека третонаградено е конкурсното решение на авторот Васко Крстевски. На архитектонскиот Конкурс учествувале седум архитекти и бироа, а жири-комисијата одлучи да не ја додели првата награда, пренесува специјализираниот портал за градежништво Билд.мк.
Додека се работи на подготовка на неопходната документација, македонската влада, во соработка со општина Охрид, треба да се одлучи на која локација ќе ја градат идната марина. Како можно решение се нудат две локации, и тоа првата е посто…
Населбата Чекоштинаа се повеќе заживува и станува место за живеење на многу охриѓани, но населбата има бројни комунални проблеми. Жителите реагираат на неколку кои би сакале Локалната самоупрва да им ги реши. Еден од поголемите кој им задава главоболка, а и сериозен страв се кучињата скитници. Тие најчесто се прегладнети и во чопор ја напаѓаат домашната живина и луѓето кои овде имаат имот и куќи, а и туристите кои се сместени во вилата Оаза ин и во хотелот Сончева Порта, се жалат жителите од Чекоштина. Помеѓу жителите кои апелираат за решавање на овој проблем е и поранешниот охри…
Заврши конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“. На конкурсот се пријавени пет кандидати, а кои се нивните имиња и какви се идејни решенија се нудат допрва ќе се знае кога ќе се отворат понудуите. Изборот на сувенир на градот е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општинатаа целта е да се направи вистинскиот избор за сувенир на градот кој ќе е препознатлив во промоцијата на Охрид. Ова нема да биде официјален симбол на Охрид, туку ќе биде сувенир кој Локалната самоуправа ќе го користи во сопствените промотивни дејности. Општината формира Комисија која ќе одлу…
20 охридски брачни парови се разведени од почетокот на годинава заклучно со месец мај. Одлука за раскинување на брачната заедница донесле партнери со пократок брачен стаж, но и оние кои биле во подолга брачна врска, а причините за разводите се од најразличен карактер, вели Павлина Пероска социјален работник и раководител на одделението за брак и семејство во Центарот за социјални работи Охрид. „Бројот на разводите во однос на старосната граница и година на живеење во брак се различни. Повеќе има разводи на помлади брачни партнери. Причини се недоверба, нетрпеливост, различни ставови во в…