Фестивалот Охридско Лето ја потврдува својата ексклузивност преку гостување на уметници кои музицираат на ретки инструменти кои до сега не се слушнати во Македонија, но и во регионот. Како што информираше музичкиот селектор на Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, по извонредниот настап на „Glass Duo“, фестивалската публика вечерва ќе има ретка можност да ужива во музицирањето на уште еден уникатен инструмент, Алфорн. Станува збор за дуо, кое со интерпретација на својот уникатен звук доживува огромни успеси насекаде во светот, додава Неделковска.
„Во нашата меѓусебна комуникација, г…
Зголемен е бројот на прегледи на инфективното одделение при Општа болница Охрид. Др Гордана Пешликоска вели дека тоа е нормално за овој период од годината бидејќи стомачните вируси се најизразени во летниот период. Со симптоми на цревни вируси и бактериски труења се јавуваат лица од локалното население, туристите, а има случај кога и цели семејства ги чуствуваат симптомите на т.н. „Стомачен грип“, нагласува Др Пешликоска.
Таа појасни дека стомачен вирус или гастроентеритис е медицинска состојба која се карактеризира со воспаление на гастроинтестиналниот тракт, кој ги вклучува стомакот и т…
Презентација на животни искуства, создавање кративен план, тимска работа, како и најразлични други вештини и знаења и годинава беа дел од активностите на учесниците на проектор Лидерска академија за жени. Преку едно уникатно искуство учесничките имаа можност десеттина дена во Охрид, да работат во групи, на теми кои се однесуваат на жената, тргнувајќи од телото, срцето, умот и душата како што појани претседсателката на Сороптимист Струга, Снежана Зороска Чолакоска
„Целта на проектот Лидерска академија за жени, пред се се однесува на лидерството, на млади девојки и жени кои што поминуваат ни…
Доведен под знак прашалник статусот на Охридскиот регион под заштита на Унеско. На последната седница на Комитетот на УНЕСКО која се одржа во Истанбул, за прв пат во официјален документ на светската организација е ставена забелешка со која Охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја. Ваквото нотирање е чекор до губење на статусот на заштитено подрачје, алармираат еколозите од НВО „Фронт 21/42, на стартот од кампањата „Едно е!Вредно е!“ за зачувување на Охридскиот регион под УНЕСКО. Со кампања се крева гласот за надлежните институции час по…
Градскиот пазар во Охрид е едно од најпосетените места посебно во летниот период. Граѓаните и туристите секојдневно од таму се снабдуваат со свежо овошје и зеленчук. Големата фреквенција на луѓе како и високите температури си го прават своето па многупати хигиената на пазарот не е на највисоко ниво. Граѓаните коментираат дека тоа не му доликува на туристички центар како што е Охрид.Од ЈП „Градски пазар“ тврдат дека нивните екипи особено се ангажирани околу одржувањето на хигиената во пазарот бидејќи од тоа во голема мера зависи и неговото функционирање, а додаваат дека имаат помош и од ЈП „…
Нема проблеми во функционирањето на колекторскиот систем во шпицот на туристичката сезона во Охрид и Струга, уверува Владимир Алексијески, директор на ДП Колектор. Капацитетот на системот е за 120.000 жители и без разлика на напливот на гости редовно се пречистуваат отпадните води.
Понекогаш се случува застој на препумните станици како резултат на ниската еколошка свест на граѓаните кои фрлаат предмети на кои не им е место во секундарната канализација. Понекогаш им се случува прелевање на отпадните води во Грашница. Информираат дека наскоро ќе се зафат со справување со проблемот на овој п…
„Гогољ“ е тема која девет години е на репертоарот на „Сфумато тетарот“ од Бугарија. Таа секогаш се изведува во сали исполнети до последното седиште со љубители на театарската уметност. Театарската претстава „Сонот на Гогољ“ зборува за еден провинциски човек кој доаѓа од Украина и се наоѓа во Санкт Петербург. Тој сонува за својата земја каде ќе ја сретне својата мајка, а ќе се најде и во лудница. Истакнатиот професор од Факултетот за драмски уметности во Софија, Иван Добчев, образложува дека актерите на Сфумато театарот од Бугарија ќе го доловат Гогољ преку човекот кој што не се случил, н…
Се обнови бродската линија на релација Охрид Поградец. Во новата летна туристичка сезона донесено е решение за отварање на привремениот граничен премин од страна на министерството за внатрешни работи и Царинската управа. Од охридската капетанија информираат дека 80- тина туристи веќе се возеле на оваа линија. Според економските законитости засега потребите на пазарот се да се вози еднаш во неделатата, укажува капетанот Горан Устијаноски.
Задоволни се како во моментов функционира водениот сообраќај на Охридското езеро.„Првата тура е реализирана без никаков проблем. Бродарите и туристите …