Се известуваат инвеститорите, изведувачите и проектантите дека при издавање на одобрение за градење, за градежни парцели каде што има постоечки стари објекти кај кои што се применети материјали на база на азбест, се укажува дека при изработка на проект на рушење на вакви објекти потребно е да се постапува согласно член 75 од Законот за управување со отпад и Правилникот за начинот за постапување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест.
Тоа значи дека, азбестниот отпад треба да се транспортира исклучиво во затворени садови или вреќи, или затворени возила, отпадот да се …
Кои се семејствата кои привремено престојуваат на дел од дивите охридските плажи, надлежните без конкретен одговор. ТВМ пред една недела информираше дека во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан. Реакцијата пристигна од мештаните на оваа задница кои укажаа на низа според нив незаконски појави кои се случуваат во тој дел од градот. Според жители на Воска, станувало збор пред се за ромски семејства, кои најверојатно се од Битола и доаѓаат со почетокот на сезоната околу 1 ви мај, а многумина од нив можело да се забележат во централното градско јадр…
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска прими делегација од Истанбул- Турција, којашто е заинтересирана за основање на авио компанија, чии летови би биле со база од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и би функционирала како национален оператор.
Гостите во придружба на директорот на маркетинг од ТАВ – Истанбул, Серкан Карахатај го информираа градоначалникот Бакрачески дека би воспоставиле летови од Охрид кон Италија, Истанбул, Лондон и Салзбург, а поддршката од Општина Охрид ја очекуваат во делот на субвенционирање на авио летовите. Планираните летови би биле за п…
Во општина Охрид се евидентирани 215 граѓани кои се на списокот од ДИК за спорни записи. Од нив до денес заклучно со 13 часот во подрачната единица на ДИК се пријавиле само 13 и тоа 4 во подрачната единица , а 9 преку веб апликацијата достапна на интернет страницата на ДИК.Јас сакам да потенцирам дека рокот за пријавување трае до 19ти август и апелирам во име на ДИК граѓаните да ја проверат нашата веб страница и да видат дали се на списокот и доколку се да се пријават до комисијата што е можно побрзо, вели Љубица Гугуческа, портпарол на ДИК.Оние граѓани кои не користат интернет треба да се…
Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен. Иако од секторот за комунален развој, сообраќај и патишта најавија дека семафорите кои се наоѓаа на раскрсницата кај некогашниот Мини маркет веднаш после нивното отстранување, поради кружниот тек кој се направи таму, ќе бидат поставени на Железничка, семафори на оваа сообраќајница сеуште нема. Од секторот објаснуваат дека чекале од Одделот за јавни набавки да распишат тендер за поставување на семафорите.Постапката за распишување на тендер е веќе во тек ќе се бара најповолен понудувач. Таа постапка треба да заврши до крајот на …
Веќе неколку години наназад како да станува пракса, во екот на туристичката сезона, на социјалните мрежи да бидат постирани фотографии на фискални сметки, за тоа колку се високи цените на услугите во угостителските објекти во Охрид. Туристите и охрѓани со мислење дека Охрид, нуди хотелско угостителски услуги буквално за секој џеб.
Анти-пропагандата за Охрид особено во самиот врв на туристичката сезона не е некоја нова појава, но таа и тоа како може да нанесе сериозна штета на туризмот, посебно во делот од сезоната кој им носи најмногу пари на угостителите. Туристичката понуда во нашиов гра…
Животната приказна за луѓето кои поминале низ стравот и ужасот на војната и нивната немоќ да се ослободат од сенките на минатото, ја пренесува Битолскиот Народен театар, преку премиерната изведба на поставката „Бар Ремарк“. Валентин Светозарев, директорот на битолскиот театар истакна дека задоволство му е што соработува со имиња на странски режисери, посебно до русинот Александар Баргман, кој според него, не е само режисер, туку се што може да се работи во театар.
„Тоа е секогаш работа која треба да се испроба. Едно е да се разговара на маса, друго е да се направи претстава. За огромна …
Денес се одбележува еден од најзначајните празници во Македонија, Илинден. 02 август датум со двојна симболика, национален и православен празник. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На денешен ден пред точно 113 години започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Овој значаен датум го одбелeжа и општина Охрид. Стихови за овој празник прочита најдобриот ученик од гимназијата.
„О, најдолга годино, ти збиру на нашата мака, што ни го изнесе оружјето,до секој горски срт,чакалу и гаврану во предците што гр…