Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески беше во посета на Територијалната противпожарна единица во Охрид.
На средбата со охридските пожарникари и комадирот Спасе Прентовски, градоначалникот се информираше за подготвеноста на службата, како и за превентивните мерки и активности кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во Охридскиот регион.
Беше разговарано и за подобрување на условите за работа на пожарникарите, набавка на дополнителна опрема и возила. Исто така, се разговараше за потребата од дополнителна опрема за товарното противпожарно воз…
Во населбата Бараки „Гоце Делчев“ и на улицата Дејан Војвода граѓаните јавуваат за зголемено присуство на глувци во нивните средини. Жителите стравуваат од заразни болести кои ги пренесуваат овие глодари. Од Центарот за јавно здравје пак, информираат дека досега не добиле информција за појава на наезда на глувци во делови од градот, а ја најавуваат редовната планирана системска дератизација во градот и околните места, кажува епидемилогот од Центарот за јавно здравје д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.„Планирано е на почетокот на септември да се изведе системска дератизација. Бројот на…
Англичани, Холанѓани, Белгијци, Турци, Израелци и од каде уште не ова лето пристигнаа гости во Охрид. Но многу често поставувано прашање е колкав е бенефитот од нив, односно каков е импактот на туристите врз охридската економија. Не е ретко да се слушне дека градот врие од гости, но дека тие се слаби потрошувачи. И навистина, некои гости полесно го отвораат кесето и трошат пари и вон она што им е предвидено во самиот аранжман, а некои пак се поскржави. Според светските анализи, англичаните според нивото на потрошувачка се на прво место, додека пак за холандските туристи владее едно мисле…
Децата кои имаат пречки во својот развој и на кои им е неопходна помош од стручно лице, дефектолог, а кои учат во ОУ „Христо Узунов“ од новата учебна година ќе имаат кабинетска настава. Ова е една голема придобивка и за децата и за училиштето, вели директорот Тони Симоноски.Го опремуваме кабинетот за дефектологот кој беше вработен минатата година, а кој и тоа како беше потребен во нашето училиште. Правиме една сосема нова просторија во која дефектологот ќе има посебна настава со дечињата на кои им е потребно тоа, вели Симоновски.Летниот одмор во ОУ „Христо Узунов“ го искористија за преземањ…
Томи Стефаноски е победник на 30тиот јубилеен Охридски пливачки маратон. По 17 учества на маратонот, Стефаноски конечно успеа да се закити со ловоров венец и да стане дел од плеадата пливачи кои први ја препливаа 30 километарската патека Климе савин од Св. Наум до Охрид. За Томи ова е последното маратонско пливање бидејќи тој се простува со овој спорт.„Нема подобар начин да кажам збогум.Темпото не беше многу јако но од Парк наваму се засили, но во главата ми беше дека тоа се последните километри и дадов се од себе и излезе најубаво што може. Тешко е да правиш проштална трка во маратон да е …
Вечерва се спушта знамето на фестивалот Охридско лето. После 40 дена исполнети со културни доживувања, концерти, перформанси, драмски премиери, изложби и филмски проекции, завршува 36тото издание на фестивалот. Директорот Оливер Арсовски кажа дека за него ова е прво издание на фестивалот од кога тој е директор и ќе биде големо искуство, но и причина за размислување дали и што треба да се менува за фестивалот да добие една посовремена димензија при тоа не излегувајќи од неговите концептуални рамки.Мое мислење е дека имавме уште едно успешно издание на Фестивалот Охридско лето. Оваа година ма…
Со концертот на песни од театарски претстави на Македонскиот народен театар од 2003та до 2013та година насловена како „На светов убавина“, завршува театарската програма и годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.
Ако театарската музика е некогаш како звучна сценографија, а друг пат невидлив звучен партнер на актерот, тогаш песната во една театарска претстава не е ништо помалку од монолог на отворена сцена. Последната фестивалска вечер на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“ завршува со концертот на песни од театарски претстави од 2003та до 2013та година насловена како „На с…
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2022 година (сабота), Нова Година е неработен ден за сите граѓани.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата Година.