Гладијаторите во сабота ќе ја пречекаат екипата на Еурофарм Пелистер 2 во рамките на регуларниот дел од Супер лигата. Ракометарот на ГРК Охрид, Филип Кривокапиќ, со негов став околу утрешниот натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Сигурно дека нѐ очекува еден неизвесен натпревар и одлична атмосфера на трибините на кои ќе бидат нашите „РИБАРИ” и навивачката група „Чкембари”. Кога е во прашање екипата на Еурофарм Пелистер 2 секогаш резулатот бил неизвесен. Клучни биле еден или два гола разлика и два пати имаме завршено нерешено. Ова е значаен натпревар како за нас така и за нив. …
Во учебната 2016 – 2017 година на ФТУ во Охрид вкупно се запишани 257 нови студенти. Од деканатот на овој факултет задоволни се бројот на запишани студенти бидејќи со тоа успеале да се рангираат на првото место на факултети, од Универзитетот „Св Климент Охридски“ Битола. Денес на ФТУ е четвртиот уписен рок. Продеканот Доц. д-р Александар Трајков, за ТВМ појаснува од каде се наложила потребата и за четврт уписен рок.
„Државните квоти се целосно потполнети со исклучок на насоката осигурување каде што има само уште едно слободно место, додека сеуште имаме слободни места во квотите редовни …
Расказот „Пура во Осака“ под шифра „Архина“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2021 година што општина Охрид ја доделува по повод Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ биле пристигнати 47 раскази.
Жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Тоде Илиески – член, издвои десет раскази во поширок и три раскази во потесен избор. На работниот состанок одржан на 06.08.2021 година, едногласно било одлучено наградата „Живко Чинго“ за 2021 година да му п…
Во врска со доцнењето на дистрибуцијата на учебниците по „Кембриџ“ програмата Твм ТелевизиА доби официјален одговор од издавачката куќа „Арс Ламина“. Во дописот кој го добивме од Директорот на издавачката куќа Горан Црвенковски, стои дека основна причина за доцнењето е аа што учебниците се работат по програма одобрена од Кембриџ и вообичаената процедура подразбира секој превод и адаптација на истите да минат низ ригорозна контрола и проверка од страна на CIE (Центарот за меѓународни испити од Кембриџ).
Бидејќи учебниците за седмо, осмо и деветто одделение се многу пообемни од оние за претх…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.А. (38) од струшкото село Делогожда.
На трети овој месец, околу 02.00 часот,пријавениот, со намера да изврши кражба пристигнал во охридското село Ново село и затропал на вратата од куќата сопственост на З.Д. (56). Таа, му ја отворила вратата откако Ф.А. и кажал дека сака леб, по што влегол во внатрешноста на куќата. Во момент кога З.Д. се упатила кон кујната, пријавениот ја заклучил влезната врата, се упатил во кујната каде била оштетената и веднаш со раце почнал да ја влеч…
Охрид домаќин на првиот конгрес на црноморската асоцијација од областа на наука и технологија за производство на храна. Целта на конгресот е сите научници, не само од земјава туку и од целиот регион, да прикажат на останатите научници од светот, што сработиле, што знаат ново и тоа да го прикажат пред научната заедница. Професор Владимир Какуринов, извршниот директор на Консалтинг и тренинг центарот КЛУЧ, посебно се осврна на иновациите и достигнувањата од македонската научна фела.
„Гледавме се она што е најново од различни области да биде застапено. Пример имаме презентација од Македони…
Наскоро треба да започне реконструкцијата на езерскиот кеј. Општина Охрид распиша тендер со кој бара изведувач на градежните работи на кејот. Рокот за доставување на понуди е до 12 октомври. Граѓаните го поддржуваат ваквиот зафат но имаат и свои предлози. „На кејот му треба обавезно нов лик, но нема марина, а секоја година има се повеќе пловни објкети ,а нема каде да се остават. Пристаништето е разрушено и срамота е што ништо не е направено“.„Апсолутно му треба реконструкција. И паркот треба да се поправи, доста работи има запоставено. Охрид е туристичко место доаѓаат туристи и сакаат д…
Претседателот на комисијата за економија, Драган Тевдовски денес во посета на Охрид. Тој рече дека со неговиот тим разговарале со сопствениците на мали бизниси и со граѓаните во врска со економската состојба во државава и во градов и речиси сите кажале дека многу тешко врзуваат крај со крај. За да порасне животниот стандард на мнозинството граѓани кои секојдневно работат и живеат од своите плати, а не од приходи од капитал потребно е да растат платите во Македонија, рече Тевдовски. Тие имаат пакет мерки со кои ќе ја подобрат економијата во државава.Освен што ќе обезбедиме да се зголеми …