На 05.08.2021 година од 07 до 12 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници регистрирале и санкционирале 21 возач на патнички моторни возила кои извршиле престигнување на недозволено место (Охрид-07, Струга-06, Кичево-05, Дебар-03).
Сообраќајните контроли кои и понатаму ќе бидат интензивни, се со цел доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот и зголемување на степенот на безбедност на патиштата. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила на крајна внимателност при управувањето …
И оваа година најмасовната организација на општина Охрид и Дебрца, пензионерите, се закитија со бројни награди на спортско и културно поле. Денес на одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на здружението на пензионерите од Македонија и 66 години од постоењето на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, во големата општинска сала беше извршен прием на учесниците на КУД „Далги“, на спортистите како и наградени активности од Здружението на пензионери.
„Има резултати со кои можеме да се пофалиме на меѓународен план на Илинденските денови во Битола го освоивме првото место во репу…
Најавената реконструкција на градскиот кеј со средства од над милион евра од буџетот на општина Охрид, за Локалната самоуправа е нужно поради нарушена статиката на шеталиштето, додека пак од опозицијата не се убедени во неопходноста на ваков скап зафат во ова време. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески истакна дека како резултат на три и пол годишното домаќинско и одговорно работење оцениле дека во овој перод буџетот на општина Охрид е во кондиција да ја поднесе инвестицијата за реконструкцијата на Кеј Македонија.
„Од соодветна институција е добиено мислење дека статиката на ке…
Бурна и неколкучасовна расправа меѓу охридските советници предизвикаа првите точки од дневниот ред кои се однесуваа на усвојување на годишните извештаи за работата и материјално-финансиското работење на основните и средните училишта во Охрид. Координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски на денешната 60-та седница, истакна дека не добиваат потполни информации за финанското работење на образовните институции во општина Охрид. Тие настапија со два конкретни предлози кои се однесуваат на ОУ „Григор Прличев“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.
„Во однос на Гри…
Бездомните кучиња кои гравитираа во централното градско подрачје од завчера ги нема. Од здружението за заштита на животните „Анималија“ имаат индиции дека некој ги има собрано и ги има однесено на друга локација. Се сомневаат дека кучињата се однесени на депонијата Буково. Климент Арнаудов волонтер во здружението Анималија потенцира дека оваа постапка е нехумана и противзаконска. И некои од граѓаните ни посведочија дека е извршена хајка на бездомните кучиња имаме и доказен материјал од слики. Се надевам дека некој од граѓаните и ќе посведочат за ваквиот немил настан. Заловувањето се правело…
Сдсм ќе ги искористи сите законски и деловнички права и можности за организирање на надзорната расправа во Собранието за состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион, изјави денес на прес конференција пратеникот Томислав Тунтев. Опозицијата нема да ја обесхрабри вчерашното гласање на Вмро Дпмне.„Повеќе од очигледно стана дека ВМРО ДПМНЕ бега од надзорна расправа со цел нивните функционери да не одговараат на поставените прашања. Тие сакаат да избегаат од одговорноста за тоа што поради нестручно, несовесно и неодговорно однесување на надлежните државни институции, О…
Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд ќе учествува на меѓународниот теквондо итф турнир во Добој, Босна и Херцеговинa, кој се вбројува во еден од најпрестижните турнири на Балканот.
На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион ќе настапат: Крстесеки Давид Крстески Марио Јанеска Елена Јанески Антонио Димов Јане Митрески Христијан Велковски Давид Димитриевиќ Божидар Спасека Јана Јованоски Александар Кузманоски КлиментТрифуноски ФилипГрозданоски КлиментФилип ЈосифоскиАнгела ЈовческаТамара Вељаноска
Се надеваме дека и овај…
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Маала„(комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mаала„).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат служб…