Бисерот на Македонија, Охрид се гуши во отпад. Такво е видувањето на волонтерите од организацијата „Чист Охрид“. Оваа група млади ентузијасти сакаат да го видат градот чист, токму затоа редовно, сами се организираат да исчистат одредени локации во градот кои се црни точки за отпад. Тие денес го чистеа потегот од Билјанини Извори до комплексот Св.Стефан. Лилјана Илиевска вели дека се гордее што придонесува за нашиот град навистина да го видиме чист, но жали што одзивот на граѓаните е мал.
„Многу ми е жал што и овој пат констатирам дека охриѓани ги нема и не сакаат да го видат својот град…
Хуманитарно спортско – рекреативната акција „За посреќно детство“, денес го наполни градскиот плоштад во Охрид. Измешани популации од 7 до 77, сите со своите активности, предизвикаа огромно внимание кај присутните. Но и сончевото време допринесе масовноста на оваа акција да биде уште поголема.
„Симболично ја започнуваме со главната трка од чинарот до градскиот плоштад, каде што сите оние кои што истрчале добиваат награди. Со тоа ги отпочнуваме и останатите игри кои што ги имаме на потегот на градскиот плоштад и околу Охридско лето. Имаме најразлични спортски дисциплини како, шах, пикадо…
Музичките тајфи, ансамбли, групи и хорови од повеќе градови од земјава ќе продефилираат низ охридската чаршија па потоа во ЦК „Григор Прличев“ ќе имаат свој настап. Традицијата продолжува, утре 1 октомври, ќе се одржат 28 те по ред Охридски староградски средби, фестивал кој не смее да замре, како што вели стручниот соработник на овој настан музичарот Петар Нечоски.
„Тоа се средби на песната, на музиката, на љубовта со оние стри градски песни каде што најповеќе е опеана љубовта. Ние ја негуваме оваа традиција, задоволни сме досега од организацијата, мислиме дека оваа година ќе бидеме под…
Ќе се реконструира опасниот потпорен ѕид во село Велгошти. Според најавите на директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, стручни тимови од ЈП „Градски Гробишта“ веќе извршиле увид и се очекувало за една недела да отпочнат градежните активности околу овој зафат. Од таму најавиле дека ќе биде саниран само оштетениот дел.
„Гледате дека голем проблем е санацијата на ѕидот. Исто така оваа прилика ја користам да упатам голема благодарност до ЈП Градски Гробишта, но и до Локалната самоуправа. Ние велгоштани знаете сме благородни и благодарни луѓе и го цениме секој убав гест, но сепак во Ве…
Стана вообичаена пракса, а веројатно и премина во начин на политичко дејствување неколку дена после седница на Совет, СДСМ – Охрид да излезе во јавност со прес конференција на тема за која можело да се дискутира на самата седница на Советот на општина Охрид.
Секогаш тоа го прават за тема за која не успеале да се соочат со фактите и аргументите понудени од другата страна или пак направиле некоја политичка грешка и на овој начин се трудат истата да ја исправат.
Замислете на последната седница на Советот на општина Охрид кога на дневен ред дојде точката за донесување на одлука за плаќање на …
Приведено е 40-годишно лице од Скопје поради агресивно однесување кон полициски службеник.
-На 06.08.2021 година во 00.40 часот во СВР Охрид приведен е Б.С.(40) од Скопје, кој претходно пред угостителски објект на улица ,,Коста Абраш” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
„За посреќно детство“ повторно меѓу охриѓани. Оваа традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција започнува утре во 11 часот со старт на трката од плоштадот кај Чинарот. Целта на трката ќе биде на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде ќе се одржат спортски, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Акцијата е во организација на Црвен крст Охрид, а во соработка со Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт, и традиционалниот партнер на акцијата, Стоматолошки Центар Д-р Баткоски.Ќе се игра фудб…
Охридските социјалдемократи, денес на прес конференција излегоа со обвинување кон општинската власт. Велат дека лага е изјавата на Општина Охрид дека прична за блокираната сметка на Основното Училиште „Григор Прличев“ е огормниот наследен долг на општината. Охридските социјалдемократи потсетија дека на вонредната 33-седница одржана уште во 2014-та година на која се заседаваше за блокираната сметка на ова училиште конкретно за ситуација за која една седмица тогаш ЕВН ја имаше исклучено електричната енергија поради неплатен долг, вистината излегла на видело.
„Тогаш вистината за ова училиште …