Домашните гости се враќаат на охридско струшката ревиера.
Оваа туристичка сезона домашните посетители изненадија. Заклучно со месец јули, според податоците на Државниот завод за статистика бројот на домашни гости за 25% е поголем,вели Ѓоко Апостолов од Тлер. Тој смета дека овој податок радува, имајќи ги во предвид неколку околности кои можеа да влијаат истата да биде загрозена.
„Ако може до овој момент според официјалните податоци да сумираме јас би ја окарактеризирал како доста успешна бидејќи имавме мигранска криза на почетокот на сезоната, актуелната политичка состојба во држават…
Завршено е асфалтирањето на три краци на улица „Питу Гули“ во Охрид.
Градежните активности се дел од годишниот план за санација на уличната мрежа и асфалтирање на тесни улички на подрачјето на општината, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.
Асфалтирањето на улични краци ќе продолжи и во текот на наредниот период на уште неколку локации во градот и останатите населени места.
На ден 10.10.2016 година (понеделник) со почеток во 11,oo часот градските советници ќе расправаат по четири точки на шеесет и првото издание на седницата на Советот на Општина Охрид.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид, а на дневен ред е предлог Одлуката за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – катна гаража.
Потоа ќе се расправа и за предлог Одлуката за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижнос, како и за две предлог одлуки за донесување дета…
Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните ќе заработат казна за тоа. Каква е состојбата во нашата Општина околу пишувањето казни по овој основ?
Во овај период кога граѓаните се подготвуваат за зимскиот период немаме пријави бидејќи не е забележано дека е нарушен законот за јавна чистота во тој дел. Веруваме дека граѓаните ја имаат свеста подигнато на тоа ниво да не го прекршуваат законот и се на…
Во градов речиси и да нема сообраќајница која е рамна без ризични шахти. Шахтите и сливниците се пропаднати и во секој случај се ризични за учесниците во сообраќајот. Овој проблем го детектирале и стручните екипи на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици.
„За волја на вистината има такви одводи кои стрчат или кои се под нивото на улиците во целиот град. Во периодот што следува планираме таква активност но треба да напоменам дека во изминатиот период повеќе од тие ударни ненивелирани шахти низ градот беа предмет на санација од страна на Секторот за комунални дејности и од стран…
Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник. Таа изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет и изрази задоволство од динамиката и квалитетот со кои тие се спроведуваат. Милевска нагласи дека посебно е важен начинот на кој се спроведуваат истите и грижата што се води во насока на заштита на откриеното богато културно-историско наследство. Локалитетот Плаошник зафаќа простор од 31 илјада метри квадратни од кои, како што рече министерката Милевска, 27 илјади метри квадрат…
Мусака, гравче тавче, полнети пиперки, пилешки прсти, компир , ориз и риба се почесто може да се купат како подготвени јадења во охридските поголеми маркети. Свежо подготвената храна ја купуваат различни категории потрошувачи, мажи и жени, млади и повозрасни, велат од охридскиот маркет Миса. Брзиот и современ начин на живот им остава се помалку време на вработените жени да поминуваат подолго време во кујна. Па готовата храна од маркетите често се наоѓа на семејната трпеза по мошне пристапни цени. „ Сега засега се е барано. Но, зависи од периодот на годишните времиња и понудата на зелен…
Јазикот не е пречка децата заеднички да творат и работат. Тоа се докажа изминативе пет години во ОУ „Братство Единство“, кои денес преку настанот Отворен ден, го прославија заедништвото, во рамки на реализација на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). Директорот на училиштето Муамер Доко, изјави дека денешниот настан е модел што тие како училиште го граделе секојдневно сплотени и зависни едни од други.
„Одржувањето на вакви настани од страна на ПМИО, има за цел да ги зацврсти фундаменталните вредности на модерното општество, почитување на човековите права, демокра…