Авг 9, 2021

Во среда ќе се изврши дезинсекција против возрасни комарци

На барање на Министерството за транспорт и врски во среда, на 11-ти август 2021 година, на територијата на општина Охрид, на површина од 1.000 хектари ќе се спроведе дезинсекција против возрасни комарци. Центарот за јавно здравје ќе извршува контрола на дезинсекцијата на територијата на Општина Охрид. 

Окт 17, 2016

ЛС: Нашите дела зборуваат наспроти празните зборови на ОО на СДСМ

  Во целост ви ја пренеуваме реакцијата на Општина Охрид во врска прес конференцијата на СДСМ: „Денес проследивме нова епизода од серијалот во режија на СДСМ Охрид, кој слободно може да се именува: „Спомени од минатото притоа обидувајќи се да ги исперат своите гревови кон граѓаните и институциите од Охрид, а за тоа да им е крив некој друг„. Откако во двата мандати кога владееа со Охрид, ги преспаа проблемите на детската градинка сериозно продлабочувајќи ги, и зголемувајќи ги долговите, се дрзнаа да држат прес конференција пред новата и скоро комплетно завршена реконструирана детска гради…

Окт 17, 2016

Со еколошки практики во земјоделството во заштита на езерото

Повеќето земјоделци и овоштари не се едуцирани како да ги третираат производите и да не ја загадуваат околината. Лазо Анѓелоски од селото Горно Лакочереј, пензионер, чие хоби е овоштарството, е еден од 15 земјодлеци кои присутвуваа на едукативната работилница за примена на еколошки практитки во производството на храна. Овоштарот напоменува дека едукативните средби со еколозите и стручните лица  се корисни за нив и може многу да  научат.  Јас обрнувам внимание на заштита на еколошката средина  и не форсирам  употреба на сите препарати кои се препорачуваат, вели Анѓелоски.„ Не мора да се форс…

Окт 17, 2016

Танасоски: Самоволие во управувањето и раководењето со охридкста градинка

  Самоволието во управувањето и раководењето со Детската градинка „Јасна Ристеска“ е на штета на родителите, воспитнообразовниот процес, а најмногу на децата, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција која се одржа пред централниот објект на оваа Установа. Ѓоко Танасоски од СДСМ истакна дека четири години по ред укажувале на неправилностите и несериозноста во раководењето со градинката. „Реконструкцијата на централниот објект од градинката, за којашто неколку пати досега алармиравме и баравме извештај а која што пред неколку месеци требаше да биде готова, се уште…

Окт 17, 2016

„Златната петорка“ премиерно во Охрид

Најновото македонско филмско остварување, премиерно во Охрид. Сценариото за овој македонски филм е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и косценаристите Билјана Гарванлиева и Горан Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.Во дејствието од филмот главен мотив е апсурдниот настан од 1951 година кога свирепо …

Окт 15, 2016

Акција на Citroën денес во Охрид

  Акција на Citroën денес во Охрид. Помалку невообичаено но сепак интересно тимот на Citroen, ги изненади сопствениците на возилата на оваа реномирана автомобилска марка. Подмладокот на оваа компанија заврза по еден балон со натпис „Овој човек има стил, вози Citroën“ на возилата од оваа марка кои беа паркирани во центарот на градот. По убавото, топло и сончево време и големата раздвиженост на Градскиот плоштад, глетката беше интересна и прифатена од граѓаните кои пиеја кафе по охридските кафе барови, а особено од најмладите. Компанијата Inside Auto, чиј салон се наоѓа на улицата „15-ти …

Окт 15, 2016

Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права

Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права. Денес охриѓани имаа можност да се запознаат како да си помогнат доколку се најдат во ваква ситуација. Тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права заедно со лица вработени во Македонското здружение на млади правници, граѓаните кои беа на градскиот плоштад ги информираа за  активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Отворена е и бесплатна телефонска линија каде сите гр…

Окт 15, 2016

Охридските извидници ги промовираа своите активности

  Денес ИО „Пионер“ на градскиот плошатад изврши промоција на својот одред. Тие пред присутните презентиираа што сработиле, што работат и кои се нивните идни активности. Што треба за да станеш извидник, кој се може да стане дел од ова големо семејство? На овие прашања одговори Николче Костоски од ИО „Пионер“. „Извидништвото претставува една голема филозофија на живеење кое се применува насекаде низ светот. Во извидници можат да се научат многу работи. Пред се инсистираме до сите млади кои се заинтересирани и се големи љубители на природата и дружењето, да дојдат да не посетат за да видат …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top