Голем број прашања се слушнаа од говорницата на денешната седница. Градските избраници се интересираа за состојбите во скоро сите сфери на живеењето кои ги засега охриѓани. Меѓу големиот број прашања беше и прашањето на независниот советник Љупчо Настоски за долгот на општината кој се споменуваше дека изнесува некаде околу 50 милиони евра. „Сакам да слушнам колкав е долгот во моментов дали е зголемен или намален “, праша независниот советник Настоски.
Градоналникот Никола Бакрачески одговори дека поконкретни информации советникот ќе добие во писмена форма , заради тоа што состојбата…
Едно од советничките прашања на денешното издание на седницата на советот, беше и она на заменик градоначалникот Ангел Jанев, за тоа до каде е рализацијата на капиталните проекти во Охрид. Прашање за кое Јанев рече дека постојано се поставува од граѓаните на Охрид, одговорот се гледа, но многу малку се зборува на таа тема.
„Капиталните инвестиции за овие кои се ветени за кои граѓаните само претпоставуваат би сакал да ни кажете во која фаза се овие проекти и до кога се очекува нивната реализација“ запраша Јанев.
Овие проекти се во насока на подобрување на животот на охриѓани и веќе дел од …
Охридскиот работнички универзитет Кузман Шапкарев домаќин на регионалната манифестација за одбележување доживотно учење. Образованието и доживотното учење ги опфаќаат сите форми од формално и неформално, информално и доживотно учење, напоменува Славица Ристеска директор на работничкиот универзитет. „ Целта на оваа манифестација е да се поттикне поединецот и свеста на секој дека потребата од доживотно учење е во центар на секое поединечно суштество во образованието и во подобрување на животот и егзитенцијата“, вели Ристеска.Нашите курсеви имаат потреба да ги посетуваат поединци од средн…
За туристичките атракции на Охрид и на останатите општини од Југозападниот регион од денес сите корисници на андроид уреди ќе можат да се информираат преку ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции – „Southwest Macedonia Attractions“ која е достапна на „Play store“. Апликацијата претставува водич за туристите низ регионот, но и корисна алатка која треба да придонесе за поголема промоција на туризмот, велат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Овој продукт е една алатка која ќе им послужи на туристичките водичи и работници и секако на туристите. Тие преку …
Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка, е родена на 16.06.1991 година. По професија е дипломиран психолог. Добитник е на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2020 година.
Во 2015 и 2016 година добила откупни награди на конкурсот за краток расказ на Нова Македонија. Покрај нив добитник е на повеќе награди на општински и регионални натпревари за кратки раскази. Нејзините раскази се застапени и во повеќејазични збирки „Бибер“ кои ги опфаќаат темите за помирување од војната, во појасот на бившите југословенски простори. Напишала два романи „Тамбовските снегови“ и „Писма…
Еколошките предизвици од година во година се алармот за експертската јавност. Загадувањето, прекумерната урбанизација и генерално нашата негрижа, се причина за исчезнување на животински видови, па и на цели еко-системи.
Еден еклатантен пример за нашата негрижа е судбината на Балканскиот рис. Популацијата на ова исклучително итро животно е доведена на работ на изумирање поради криволов. За жал рисот од Галичица комплетно е исчезнат. Изминативе десетина години не е забележано присуството на рисот, велат еколозите. НП Галичица пред неколку години постави камери за мониторинг и спречување н…
Градоначалникот Никола Бакрачески пазареше и донираше за сиромашните. Традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на “Неделата на борба против гладта“, градоначалникот, претставници од Општината и директорите на охридските Јавни претпријатија со купување трајни прехранбени производи и средства за лична хигиена се вклучија во акцијата што Локалната ја реализира заедно со Црвен Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства од градов. Бакрачески истакна дека целта е да се подигне свесноста кај населението во Охрид за солидаризирање и пот…
Средното општинско стручно училиште „Ванчо Питошески“ денес го одбележа својот патронен празник. Директорката Весела Темјаноска во своето обраќање пред колегите и гостите кои пристигнаа на свечениот коктел рече дека чествувањето на патронот е потсетување на дел од нашето минато. Големите борци и херои како што е Ванчо Питошески треба да се споменуваат, да се чествуваат и да бидат наши водилки низ животот, додадае таа. Со одбележувањето на нашиот патронен празник го одбележуваме и постојаниот растеж на ова училиште, подвлече директорката. Гордост и чест е да се биде дел од овај колектив кој…