Авг 10, 2021

УНЕСКО бара до 1 февруари 2022 да добие извештај за Охридскиот регион

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион. Во ревидираните одлуки што ги донесе Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на продолжената 44-та пленарна сесија одржана во Кина стои дека Експертскитe тела на ИУЦН (за природно наследство) и ИКОМОС (за културно наследство) инсистираат дв…

Ное 4, 2016

Охриѓани имаа можност да го изразат своето мислење за 5 еколошки проблеми

Изградбата на експресниот пат Охрид до Албанија, урбанизацијата на Студенчишкото блато, изградбата на медитеранската плажа во Лагадин и изградбата на скијачки терени и хотелски комплекси на Галичица, се проектите за чијашто реализација и последици врз животната средина, охриѓани денес имаа можност да ја дадат својата оценка. Охриѓани денес имаа убава можност да го кажат своето мислење во врска со некои од најгорливите еколошки моменти во градов. Од страна на Движењето на екологистите на Македонија денес во нашиов град се спорведе отворен ден со граѓаните со цел да се слушне нивното мислење…

Ное 3, 2016

Граѓаните кои имаат проблеми со авинското снимање да се обратат до канцеларијата на Народниот правобранител

Охриѓани кои имаат проблем со авионското снимање и нивниот имот не се поклопува со катастарските парцели по авионското  снимање се повикуваат во канцеларијата на  Народниот правобранител. Вакви проблеми со авионското снимање има во цела Македонија, вели државниот советник Зоран Бимбилоски. Смирува дека секој поединечен случај ќе биде разгледан. Потоа ќе се сугерира начинот како понатака да се постапува освен со парнична постапка, која изискува трошоци. Постои можност делумно со последните измени во Законот за катастар и запишување на права на надвижности да се сугерира онаму каде што има по…

Ное 3, 2016

Народните правобранители од регионот разговараат за проблемите на бегалците

Народните правобранители од регионов во соработка со другите институции разговараа за проблемите на бегалците. Со досегашните извештаи од Тирана и Белгрaд , а и овој од Охрид, ќе упатат повик до властите да се усогласат процедурите со меѓународното право и националните права на земјите од рутата за полесно да се менаџира со бегалската криза. Бараат да нема нарушување на правата на жените, децата и бегалците. За состојбите во Македонија со бегалската криза  Народниот правобранител Иџет Мехмети истакна дека во двата прифатни центри има 220 бегалци и еден центар за баратели на азил. Во центрит…

Ное 3, 2016

Зголемен бројот на охриѓани кои ги проверуваат своите податоци во избирачкиот список

  Зголемен е интересот на охриѓани за увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Деновиве во подрачната единица на ДИК, како што информираше раководителот Марга Димкоска, фрекфенцијата на луѓе кои ги проверуваат сопствените податоци е поголема во споредба со минатиот увид. Досега подрачното одделение го посетиле над 70 граѓани. Исто така според Димкоска од вчера во пораст е и бројот на граѓани кај кои записите во избирачкиот список се спорни. „Од вкрстеното проверување на гласачите кое го спроведе ДИК досега се пријавени по пат на приј…

Ное 3, 2016

Тешка сообраќајна несреќа кај кичевско Букојчани

Три лица ги загубија животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 19 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на селото Букојчани, информираат од СВР Охрид. Од здобиените повреди, на лице место починале Халит А.(16), Адмир В.(19) и Зуфер З.(46), сите од кичевското село Колари. Нивната смрт е констатирана од лекар од Брза помош. Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобиле Џ.Ј.(50) од селото Букојчани и А.М.(25) од селото Зајас. Сообраќајната незгода се случила кога возило марка „Форд Ескорт“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од…

Ное 3, 2016

Апел за помош за наша сограѓанка

Младата Јана Арсовска е голем франкофон и голем херој, која се лекуваше 10 месеци во Германија. Моментално е во Охрид, во домашна атмосфера, каде следува период на опоравување од 3 месеци. Најблиските на Јана, нејзиното семејство, роднините и пријателите апелираат за помош. Потребни се финансиски средства за понатамошна рехабилитација. Во јануари следува контрола во Германија за што потребни се околу 5 000 евра. Се апелира до сите хумани граѓани доколку се во можност, да донираат средства за Јана на следната жиро сметка: Arsovska Jana530500010490410 Ohridska BankaGjorche Petrov 14 – gOhr…

Дек 28, 2021

Кривична за прилепчанец кој поттикнувал омраза на социјалните мрежи

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(46) од Прилеп. Тој, на 14.10.2021 година, по објавен текст на интернет портал, постирал коментар со недолична содржина со што, промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информираат од СВР Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top