Ное 10, 2016

Охридските овоштари имаат потреба од стручни совети во фитосанитарната заштита на овошките

Овоштарите од охридско имаат потреба од стручна едукација во областа на фитосанитарната заштита на растенијата. Тоа ги вклучува и насадите со цреши  и јаболка. Во рамките на Твининг проектот на Европска унија италијански експерти ги пренесоа искуствата. Тие  во соработка со македонските фитосанитарни  инспектори од Факултетот за земјоделство и шумарство и охридското здружение „ Охридска черешна 2015“ организираа трибина за интергирано производство.  „Ние сме збунети од климатските промени. Не секогаш успеваме на време да реагираме со соодветни препарати или примена ако одиме без совети од…

Ное 9, 2016

Тротоарите на улиците „АСНОМ“ и „Сирма Војвода“ во целост ќе бидат завршени во 2017-та година

Комплетирањето на тротоарите на овие две улици догодина ќе биде дел од програмата на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Пред три години локалната самоуправа ги уреди тротоарите од едната страна на двете многу фрекфентни улици во градов, улиците „АСНОМ“ и „Сирма Војвода“. Со овие зафати делумно беше решен проблемот со безбедноста на пешаците кој беше навистина сериозен поради фрекфентноста особено на улицата „АСНОМ“. Со завршувањето на изградбата на станбениот комплекс на оваа улица беа завршени и дел од тротарите со што изведувачите си ги исполнија обврските. Градоначалникот…

Ное 9, 2016

Градоначалникот Бакрачески ги посочи досега сработените проекти за време на неговиот мандат

Градоначалникот Никола Бакрачески даде  отчет за досега сработените проекти  во општина Охрид за време на неговиот мандат.  До сега успеавме да инвестираме над 179 милиони  денари во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација и одржување на улици со вкупна површина од 130 860 метри квадратни и  дополнително  уште  пет кружни  токови.  Изградивме  нови  линии  за атмосферска и  фекална  канализација во должина  од  12 570  метри во  вредност  од над  89 милиони денари,  а поставени  се  водоводни  линии  во  должина  од  8 000  метри  со  вкупен  износ  од   над 25 м…

Ное 9, 2016

Лицата со оштетен вид многу тешко се снаоѓаат во институциите во градов

Лицата со оштетен вид или оние кои целосно го изгубиле видот многу тешко се снаоѓаат во институциите во градов како и во здравствените установи. Доколку со нив немаат некое лице да ги придружува тие не можат да ја завршат својата работа. Во решавањето на овие нивни секојдневни проблеми им излегува во пресрет Здружението на слепи лица од Охрид. На младите лица најмногу им помага околу образованието и вработувањето, а на повозрасните им помага околу ориентација во просторот, да ја научат брајовата азбука,  околу остварување на некои бенефиции, да набават некои помагала, да остваруваат пензија…

Фев 25, 2022

Опожарен автомобил „Мерцедес“ на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид

На 24.02.2022 година околу 08 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во патнички автомобил „Мерцедес” на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, сопственост на М.Д.(36) од Охрид во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид – информираат од СВР Охрид.

Ное 9, 2016

Без вода жителите на Свињишта

  5 дена мештаните на Свињишта немаат ни капка вода. Овој проблем е сериозен, велат жителите на ова село, кои потенцираа дека проблемот со водата и слабиот притисок го имаат во текот на цела година. Како точно стојат работите околу оваа проблематика не запозна претседателот на М.З. Цане Јованоски. „Претежно оваа година и зимоска немаше вода, ајде да кажеме летно време повеќе се троши, дали има проблем со цевките дали некаде се затнати не знаеме што е работава.Тие цевки што ги ставија во подножјето, тие ставија стари цевки, тие уште тогаш беа рѓосани, тие беа употребувани не беа нови“. Јо…

Авг 10, 2021

Од ЈП Колекторски систем задоволни од процентот на наплата

Добар е процентот на наплата за услугите од ЈП „Колекторски систем“. Од почетокот на оваа година корисниците кои имаа добиено сметки за потрошена количина вода добиваат сметки и од ЈП „Колекторски систем“. За услугата одведување и пречистување на отпадни води плаќаат редовните корисници на домаќинствата од Охрид и Струга, а додека сопствениците на викенд станови добиваат сметки само ако имаат потрошено вода, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП „Колекторски систем“.  Засега сме задоволни со наплатата за услугата за одведување и пречистување на отпадните води од колекторскиот си…

Ное 8, 2016

Силен ветер го зафати Охрид

  Жителите на Требеништа ноќта ја поминаа без струја. Утринава како што тврдат мештаните биле испопаднати неколку дрва и гранки, а исто така и електрични столбови. Причина за тоа е силниот ветер кој што синоќа го зафати охридскиот регион, вели Атанас Ковачески, портпаролот на ЕВН. Тој дополнува дека прекини во снабдувањето со струја имало и во Горенци односно индустриските објекти во негова близина, мал дел од село Лабуништа и Дрмени, но проблемот бил решен, екипите успеале да ги отстранат дефектите. „Останува уште да се пушти електрична енергија за дел од корисниците во село Стење, каде …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top