На 75 годишна возраст синоќа во Скопје, по кратко боледување почина актерката Сабина Арјула Тозија. Ајрула Тозија својот работен стаж го почна во Драмскиот театар-Скопје каде што се вработи во 1967 година по завршувањето на средното образование во Економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје.Покрај во Драмскиот театар – Скопје, Ајрула – Тозија играше и во други театри низ Македонија, како и во независни театарски продукции.Остави силен печат на македонската театарска сцена преку улогите во претставите Болва во уво од Жорж Фејдо, Гертруда во Хамлет од Шекспир, Дамите од Аламо од Пол Зиндел, …
На 12 Ноември во организација на Женски Центар „Бисера“ во хотел „Нова Ривиера“ се одржа 21 та тортијада.
И оваа година тортијадата беше од натпреварувачки карактер, а учествуваа слаткарници од Охрид и жени аматерки. Оваа година покровител на манифестацијата беше г-га Мирјана Тодороска која за оваа пригода специјално допатува од Швајцарија.
Со гласање на сите присутни гости од слаткарниците Прва беше избрана тортата Паун на слаткарница „Анабела“. Втора тортата Охридски Пејсазна слаткарница „Савита“ и Трета тортата Божји дар на слаткарница „Теодина“.
Од Аматерките Прво место тортата Кутиј…
Одржана изложба на учениците кои ја посетуваат Бреи обреин програмата. Малите мозочиња покажаа дека поседуваат и ги развиваат бројните вештини и талентот за цртање. Шест деца учествуваа на Арт хепенингот во Скопје и се стекнаа со сертификати.„Направивме избор на најуспешните 6 цртежи и учествуваме во Скопје. Таму стручни лица направија избор на најуспешните и беа изложени во културен центар во Скопје. 6 најуспешни ученици се здобија со сертификат за учеството. Цртежите беа многу искрени и креативни, рај за очи“, нагласува ментрот Валентина Кузманоска. Покрај тие 6 цртежи беа изложени ушт…
Се повеќе станува навика кај охриѓани своите годишни одмори да ги користат во есенскиот период. Од туристичките агенции велат дека покрај тоа што тие бараат дестинации каде можат да се сончаат и капат, сакаат да посетат и такви места каде едноставно ќе уживаат во природните убавини и ќе се одмараат после напорното лето. Во овој период од годината најпосетувани дестинации се Сандански и Банско, вели Јаким Маленко, од туристичката агенција ВисПој. За овие две дестинации има промотивни пакети по многу поволни цени за полупансион или за цел пансион и затоа граѓаните најмногу се одлучуваат да от…
На полноќ заврши рокот за доставување на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември. Политичките партии и коалиции ги објавија носителите и листите за шесте изборни единици. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги објави пратеничките листи доцна ноќта во петокот и ги предаде во ДИК, со што сите учесници на изборите ја исполнија обврската во предвидениот рок. Претседателите на владејачката и на опозицската албанска партија, односно Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА ќе се соочат во шестата изборна единица, додека пак на најголемата влдејачка партија ВМРО-ДПМН…
Изградбата на Домот за стари лица во Охрид сеуште тапка во место. На локацијата во населбата Далјан каде што треба да се гради Домот нема никакви градежни активности.Изградбата беше најавувана дека ќе стартува во 2016 година според договорот со кој купувачот беше обврзан во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Градоначалникот Никола Бакрачески доцнењето го лоцира кај инвеститорот АД Илинден кој го купи градежното земјиште во 2015 година. Укажува дека е завршена постапката…
Охридските ракометари интензивно се подготвуваат за натпреварот со екипата на Радовиш кој треба да се одигра во недела. Тие атакуваат на победа за која како што велат ќе треба максимално да се потрудат бидејќи ќе играат со една искусна и силна екипа.
Во оваа наша лига сите екипи се рамноправни и сите се борат за плеј оф така и екипата на Радовиш која има доста искусни играчи па не смееме да дозволиме никаков кикс бидејќи тие знаат тоа да го искористат. Ние максимално треба да играме од првата минута за да победиме, вели ракометарот Бобан Блажески.Атмосферата во клубот е на високо ниво, а и…
Радмила Шекеринска, носителот на кандидатската листа на СДСМ во 5-та изборна единица, денес меѓу охриѓани. Таа порача дека Охрид е македонскиот туристички центар и по декември ќе ја добие грижата која ја заслужува. Кажа дека веќе е направена стратегија за развој на активниот туризам, во која, акцент ќе се стави на зачувувањето на културното богатство и враќањето на сјајот на балканскиот бисер. Преземаме обврска во нашиот план за живот во Македонија во Охрид да ги заштитиме сите негови богатства, споменици кои се од значење за целата земја. Со страв и вознемиреност ги слушаме вестите дека м…