Ное 16, 2016

Обука за пријава на движен и недвижен имот под закуп

Граѓаните се едуцираат како да ги плаќаат даноците кон државата оствaрени  од кирии. Издавачите на станови,  деловни простори, дуќани, земја, опрема или превозни средства  кои  оствариле  приходи треба да пријават  данок аконтативно и со годишни даночни  пријави.  Даночното одделение на УЈП Охрид одржа едукативна обука  наменета за сите  субјекти за поголемо доброволно пријавување и плаќање на данок, информираат од УЈП. Има субјекти кои редовно плаќаат данок, но има и такви кои ја избегнуваат таа обврска но се во помал број, посочува шефот на подрачната единица на УЈП Охрид, Виолета Блажеск…

Ное 16, 2016

Грижа за старите лица

Како дел од своите програмски активности, а во рамки на одбележување на Неделата на грижа за стари лица Црвен крст Охрид од денес па во наредните денови со своите тимови од социјално-хуманитарната и здравствено-превентивната дејност, помогнати со членови од здржението „Мозочен удар“ за борба против мозочен удар, ќе посетат стари лица во селата во општина Дебрца, при што ќе им поделат хуманитарна помош (прехрамбени производи, ќебиња) и ќе вршат основни здравствени прегледи (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, ЕКГ). Ваквите активности ќе продолжат и во текот на наредната недела со посе…

Ное 15, 2016

При пообилни врнежи од дожд сеуште некои улици во градов се поплавуваат

Граѓаните од одредени улици во градов се жалат дека при пообилни врнежи од дожд редовно се поплавуваат. Улиците пливаат во вода, а не ретко таа навлегува и во нивните подруми. Такви критични точки има на улицата „Никола Карев“ на „Сирма војвода“, кај Тинекс маркет, во населба Даљан и на улицата „Цар Самоил“. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека го имаат лоцирано проблемот и дека работат на негово решавање. Уште со завршување на летната сезона започнале со чистење на шахтите и сливниците во градов.  Одржувањето на мрежата и цевководите е обврска на ЈП „Нискоградба“, но другиот фактор кој доприне…

Ное 15, 2016

Доделени сертификатите за завршени курсеви за машинство и електротехника

Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење, „Кузман Шапкарев“ ги додели сертификатите за опслужувачи на алатни машини и монтери на нисконапонски инсталации. Станува збор за проект кој универзитетот го спорведува во соработка со локалната самоуправа со цел подобрување на формалните знаења на оние кои сакаат да ја подобрат својата конкурентност на пазарот на трудот. „Се надевам дека вие ќе имате корист од тоа, ќе најдете вработување и да се наденваме дека ќе си го средите својот живот и својата егзистенција, а од ЛС очекуваме и понатака да имаме поддршка во вакви обуки за решавање н…

Авг 11, 2021

ОУ „Христо Узунов“ добива нови подови

Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на подовите во ООУ „Христо Узунов“. Поставена е нова бетонска подлога во сите сите училници, со вкупна површина од 1358 метри квадратни, a во текот на наредниот период истата ќе биде поплочена со современ пвц материјал. Оваа инвестиција е дел од овогодишната Програма за образование на Општина Охрид и за нејзина реализација од општинскиот буџет се издвоени 892.552 денари. Во текот на изминатиот период во ООУ „Христо Узунов“ беа спроведени низа реконструктивни зафати со кои значително се подобрија условите за одвивање на наставата. Б…

Ное 15, 2016

Мостот на желбите остана без поставените хороскопски знаци

Мостот на желбите што води кон Канео повторно е во лоша состојба. Дел од оградата  е разнишана, а дел одсечена од паднато дрво. Дрвените штици исто така попуштиле под налетот на југот, а светилките се или искршени или не светат. Сето тоа ја  загрозува безбедноста на минувачите. Иако подолго време се најавува изградба на нов мост кој полесно ќе го поврзува Канео  со центарот на градот од неговата изградба досега нема  нешто конкретно. Останавме без одговор од локалната самоуправа  до каде е постапката со изгрдбата  на новиот мост.  Од општината од есента 2015  најавуваат дека на местото од …

Ное 15, 2016

Раководно лице од ЈП „Градски гробишта“ заработи кривична

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С.(62) од Охрид. Пријавениот, во текот на 2016 година, како раководител на градежна оператива во јавното претпријатие ,,Градски гробишта“ Охрид, искористувајки ја службената положба, во четири случаи не се придржувал на изготвените налози за вршење на градежни работи на гробните места, туку неосновано дозволил зголемени градежни работи кои што не биле наведени во налозите. На тој начин, биле извршени и работи кои не биле фактурирани со шт…

Ное 15, 2016

Две недели поефтин бензин

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од денес па во наредните две недели горивата ќе се продаваат по нова пониска цена за 3 денари по литар. Од денес, Еуросупер БС-95 се продава за 60,00 денари, а Еуросупер БС-98 за 62 денари за литар. Новата цена на Еуродизел (Д-ЕV) е 47 денари за литар гориво. Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство чија нова цена е 35,5 денари за литар, како и малопродажната цена на мазутот М-1 HC кој сега се продава за 21,947 денари за килограм. РКЕ одлуката за промена на цената, како што соопштуваат, ја донела врз основа на просечната це…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top