СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.М.С.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При претрес, извршен во дом во Охрид во кој привремено престојувал, полициските службеници пронајдоа марихуана – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Од 1987-та година откако се води статистика за епидемијата на ХИВ/Сида, па се до 25 ноември годинава, во земјава се региститрани 310 лица со ХИВ Сида, од кои починале 83 . Во Македонија само годинава се регистрирани 35 нови случаи, од кои 9 лица се заболени од сида додека 26 се ХИВ Позитивни. Најголем број од заболените се машки лица на возраст од 30-39 години. Во Охрид во 2015-та и 2016-та година нема ниту едно заболено лице од ХИВ Сида. Според експертите, доколку се одржи досегашното финансирање за ХИВ, може да се спречат 860 нови случаи на ХИВ до 2030-та година и дури 290 смртни случаи, …
Вчера во попладневните часови селата од Општина Дебрца беа погодени од невреме проследено со електрични празнења и град. Врнежите од град наместа беа со големина од лешник, јавуваат жителите.
Посебно се погодени селата на Горна дебрца каде се речиси во целост опустошени земјоделските култури, а на социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии, потенцирајќи дека само за неколку часа, температурата паднала за цели 20 степени.
Ќе го менуваме системот и ќе почнеме уште од најрана возраст, преку вклучување на децата со посебни потреби во предучилишно образование со специјални едукатори, ќе отвориме центри за ран детски развој со специјална поддршка за децата од обучени професионални едукатори, изјави денеска во Охрид , носителот на листа од СДСМ и коалицијата, Радмила Шекеринска. Таа додаде дека поддршката за децата со посебни потреби доколку ја добијат довербата на граѓаните, ќе ја зголемат за 50 % и менуваме и голем дел од регулативата која се однесува на оценка на способностите на децата со посебни потреби.
…
Советот на општина Охрид ја одржа 65 седница. Советниците од позицијата за 2017 година усвоија 27 точки со предлог одлуки за нацрт развојни програми од бројни општествени сфери, а 38 точки се донесоа од областа на урбанизмот. Советниците од опозицијата по денешните точки на дневен ред гласаа воздржано или пак се изјаснаа против. Јован Стојаноски, координатор на советничката група од СДСМ кажа дека се сведоци на безидејна нацрт програма за буџетот во 2017 година. Нема ништо ново и развојно за градот и еден обичен список на желби , истакна Стојаноски.„Се гледа од сега во нацрт буџетот, к…
Една од клучните цели на ВМРО ДПМНЕ е воведување на природен гас како нов енергенс директно достапен во домаќинставата индустријата, малите и средните претпријатија, негова употреба во комуналните дејности , социјалните дејности, образовните и здравствените установи, и во секој дом во Македонија, кажа кандидатот за пратеник Сашо Василевски. Освен тоа што ВМРО ДПМНЕ презема активности за изградба на националниот гасоводен систем паралелно се работи и на изградба на дистрибутивните мрежи на природен гас. За развој на овие мрежи изработена е студија за изводливост во три региони за изградба…
Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, реагираат дека екстерното тестирање е успешен проект. Целта на овој проект е учениците да се мотивираат за стекнување знаења и вештини, а не само за добивање на високи оценки, а на наставниците им обезбедивме услови за непристрасно и објективно оценување без притисоци, се вели во писмената реакција на пресот на СДСМ.„Имплементиравме концепт на бесплатно образование, бесплатни учебници во основното и средното образование, бесплатен превоз за учениците, бесплатен интернет, наставни програми Кембриџ, интеграција на еколошката едукација во македонскиот о…
15 садници на дрвото туја денес беа засадени во паркот по кејот на езерото во рамките на 17тата акцијата Ден на дрвото. Охридските советници , политичари и граѓани засадија по едно дрвце со надеж дека еден ден тие ќе израснат во високи стебла кои ќе го красат паркот.Тоа е еден од начините можеби и симболичен на кој ја покажуваме континуираната грижа за животната околина, општината со низа активности кои што се во нејзина надлежност постојано работи на подобрување на квалитетот на животната средина и на нејзината заштита. Ова е една извонредна можност да се приклучиме во нешто што е организ…