Станарите од блокот згради на улица Партизанска со пресекот на улицата Асном реагираат дека се шири неподнослив мирис од хемикалија. Неколку дена во становите по цевките на канализацијата вдишуваат мирис кој се шири во бранови од хемикалија која не може точно да ја дефинираат.
Нагаѓаат дали станува збор за мирис на боја, разредувач или бензин. Како што велат пријавиле до надлежните служби затоа што стравуваат за сопственото и здравјето на семејствата. Се прашуваат на што се должи таа миризба и дали е опасна по здравјето. Жителите од блокот згради кои со овој проблем се соочуваат веќе е…
Реконструкција на Кејот „Македонија“ ќе почека. Првиот обид за пронаоѓање изведувач на градежните работи, заврши неуспешно. Од Локалната ни дадоа кратко објаснување зошто тендерот пропаднал.-Тендерот за реконструкција на кејот „Македонија“ не успеа , бидејќи согласно Член 120 од Законот за јавни набавки понудената цена беше повисока од проценетата. Новиот тендер за реконструкција на кејот „Македонија“ е распишан и нема измени во условите.Локалната самоуправа согласно вториот тендер за избор на фирма што ќе ги реализира изведбените работи на Кејот „Македонија“, ги очекува понудите од з…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која вечерва по полноќ дизел горивото поскапува за 2 денари по литар, додека бензинот за половина денар.
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 77,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) по 67,5 денари за литар. Со одлуката на Регулаторна за 1,514 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 41,724 д…
Црвен крст Охрид и Лаунџ бар НОА ја најавуваат новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица при Црвен крст, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата.Средствата кои ќе бидат собрани од оваа хуманитарно-продажна акција ќе бидат наменети за ранливата категорија за деца од социјално загрозените семејства деца од самохрани родители, деца без родители, деца со специјални потреби и деца од згрижувачки семејства. Со нив ќе се купат новогодишни под…
Како дел од активностите кои ги презема Општина Охрид за обновување на урбаната опрема, деновиве се врши поставувањето на нови клупи за седење на неколку локации во градот.
Извршена е замена на старите и дотраени клупи во „Холандскиот парк“ и во паркот помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Јане Сандански“.
Денеска се вршеше поставување на нови клупи во паркот „Билјанини извори“, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени нови клупи за седење на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, во паркот покрај градскиот кеј, во стариот дел на градот и на неколку други јавни локации.
Истотака, …
Турските власти вчера го отвориле првиот поморски тунел за возила под Босфор, кој ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул.
Церемонијата на отворањето на тунелот “Евроазија”, кој минува под Босфорскиот мореуз, не била одложена иако земјата е во шок по вчерашното убиство на рускиот амбасадор во Турција.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рекол дека одлуката да не се откаже церемонијата за отворањето на тунелот е “одговор на тероризмот”.
“Не можеме да дозволиме тероризмот да преземе контрола над нашиот распоред” рекол Ердоган.
Тунелот долг 5,4 километри, чиј дел од 3,4 к…
Социјалните мрежи преплавени со говор на омраза. Посебно е застапен во последниот период и е поврзан со актуелните политички случувања . Меѓу многубројните статуси можат да се прочитаат голем број навреди, клевети, пред се помеѓу граѓани кои се симпатизери или припаѓаат на различни политички опции.
За жал состојбите во Македонија укажуваат дека говорот на омраза се употребува пречесто меѓутоа релевантните државни институции кои се надлежни да се борат со него односно да го казнуваат се неми за говорот на омраза, вели Елена Брмбевска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.Од февруари 2014…
Црвен крст од Охрид ја реализира последната крводарителска акција за оваа година. Денес крв даруваа студентите од ФТУ, но и редовни крводарители кои учествуваат на сите акции. Охридската организација посебно внимание обрнува на одржувањето на крводарителските акции, а посебно на стимулацијата на младите да се вклучат во нив. За среќа бројот на младите крводарители расте. Задоволни сме и од одѕивот на средношколците каде редовно се организираат по две крводарителски акции на полнолетните ученици. Тоа е наесен и напролет па продолжуваме понатаму со ваквиот тренд, вели Анета Јованоска, волонте…