Дек 28, 2016

Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување за 2016 година

  Почнува постапката за поднесување барање за паушално оданочување на земјоделците за 2016 год. Без разлика дали земјоделството претставува основна дејност или таа ја вршат како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да се плаќа еднаш во годината без дополнителни трошоци за водење делови книги, појаснуваат од УЈП. Сите граѓани кои остваруваат приход од земјоделска дејност, сточарство, пчеларство, треба да се регистрираат во УЈП како земјоделци најдоцна до 31 јануари 2017 год, пренесува Рејна Стефановска раководителот на даночното одделен…

Авг 13, 2021

Концерт за виолина и пијано, вечер на програмата на Охридско лето

Вечерва на програмата на фествиалот „Охридско Лето“ со почеток во 21 часот во црквата св. Софија, концерт ќе одржат Надја Неволович-виолина и Калина Мрмевска-пијано.Надја Неволович-виолинаВиолинистката Надја Неволович ја красат музичка интуиција, виртуозна техника и интерпретации со голем интегритет, квалитети кои  ѝ носат плодна кариера како солист и камерен музичар. Како и многу музички талентирани деца во Русија, таа започнува да учи виолина во специјалното музичко училиште при Конзерваториумот во Санкт Петерсбург. Откако се сели во Германија, студира во класата на познатиот педагог Заха…

Дек 28, 2016

Бројот на грипозни во Охрид секојдневно расте

Расте бројот на заболените од грип и во Охрид. Пикот на грипот вообичаено започнува пред Нова година, информираат од одделението за инфективни болести. Од таму засега немаат број колку лица се лекуваат од грип, а не е изолиран ни типот на вирус кој циркулира. Издаден им е налог за земање на  брисеви кои се дaваат на испитување во Центарот за јавно здравје кој треба да го изолира типот на вирус кој напаѓа. Во Македoнија пак преку системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми. Комисијата за заразни болести одржа се…

Дек 27, 2016

Локална:нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин

Нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин, велат од Локалната. Од таму објаснуваат дека одобрението за градење на хотелот  е издадено во законски пропишана процедура со прибавување на сите потребни документи пропишани според законот за градење. Додаваат дека не станува збор за хотел со шест ката, како што обвинуваа мештаните од оваа населба и дека се гради во согласност со одобрението добиено од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски.Лилјана Јоноска, претставник од секторот за урбанизам,ги покажа сите документи кои биле прибавени, а кои м…

Дек 27, 2016

Водостојот на Охридското езеро се намалува

Нивото на Охридското езеро се намалува. Во моментов  водостојот на Охридското езеро е намален и изнесува 3 см на водомерната летва со тенденција на намалување. Состојбата се должи на временските прилики и недостатокот од врнежи во месец ноември и декември, информираат од одделението за водостој при  Управата за хидрометереолошки работи. Во ноември се забележани 76 м2 дожд кој е под просек за периодот од 1982 до 1990 година кој изнесувал 94 литри на м2, посочува раководителот на одделението за водостој на површински м-р Васко Стојoв.„Во месецот кој изминува на станицата има забележано само 1…

Дек 27, 2016

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ е отворена нова галерија на икони

Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 40 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век, вели Отец Диме Азески. Ние се трудиме да ги информираме посетотелите за оваа галерија. На огласната табла на влезот на црквата имаме напишано дека има галерија на икон…

Дек 27, 2016

Покривање на долгови или развој на обрaзованието?

Развојната програма на образованието е слика дека ништо не напреднало во образованието во нашата општина во изминативе четири години, обвинуваат советниците од опозицијата. Од Локалната обајснуваат дека голем број инвестиции се преземени во изминатите години во образовните институции, а се вложуваат и многу средства за одржување на минимум услови за настава. Оваа година планираните 26.420 000 денари за основните училиште се за 2.5 милиони денари помалку во споредба со минатата година. Помалку средства исто така се одвоени и за средните училишта.Советниците од опозицијата во градскиот совет…

Дек 26, 2016

Жителите на Лагадин против изградба на хотел

  Жителите на Лагадин покренаа онлајн петиција против изградба на голем хотел непосредно до крајбржната линија на Охридското Езеро. Од граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ велат дека тоа се прави во заштитен појас. Во прогласот за петицијата на жителите на Лагадин стои, дека хотелот се наоѓа на растојание помало од 50 м од водостојот на езерото, што според нив е недозволен појас за цврсти градби и е заштитен со закон. За изградба на хотелот било донесено незаконско одобрение без согласност на Mинистерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски,тврдат од Oхрид SOS. Додава…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top