Авг 13, 2021

Црногорска класична музика со гитаристите Булатовиќ и Никчевиќ

Црногорското дуо гитари, Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ вчеравечер настапија во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ одржувајќи целовечерен концерт во црквата „Света Софија“. Двајцата меѓународно признати гитаристи се претставија со нивни авторски дела создавани во изминатите три децении и издадени на носачи на звук. Изведовме композиции што ги компониравме ние двајца и кои ги изведуваме со децении во Европа и ширум светот. Дел од композициите се инспирирани од традиционалната музика на Црна Гора, а останатите се инспирирани од географијата на нашиот Балкан. На пр…

Јан 11, 2017

Охрид окован во мраз

Охрид окован во мраз. Десеттина сантиметри снег  кој наврна пред една недела и кој не се исчисти навреме поради ниските температури, замрзна па сега градот е едно големо лизгалиште. Уште еднаш излегоа на површина сите слабости и пропусти во функционирањето на надлежните служби и претпријатија. Иако надлежните уште пред  да заврне снегот одржаа неколку состаноци и будно ја следеа состојбата, на терен изгледа дека не се справија најдобро со не толку големиот по обем снежен нанос. Причината ја гледаат во ниските температури. Можеби на граѓаните им изгледа дека градот не е исчистен ама треба да…

Јан 11, 2017

Марина ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција

Од 2018-2020 година ќе се реализира проектот за изградба на марина во Охрид, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Д-р Љубен Арнаудов. Марината според првичните проекции ќе  чини 2 милиони евра, а целта со нејзината изградба е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро. Марината ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција. Ќе има најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти, 10 бродови и осовременување на пристапите …

Јан 11, 2017

Се е подготвено за манифестацијата Богојавление – Водици

  При крај се подготовките за организацијата на најголемата верска манифестација во Охрид, Богојавление – Водици. Денес во малата сала на општина Охрид се одржа состанок на координативното тело во присуство на сите институции, граѓани и поранешни фаќачи на крстот кои несебично секоја година ја поддржуваат општина Охрид во организацијата на овој настан. „Целата манифестација ќе се одвива во три дена, односно започнува на 17 јануари со документарниот филм на нуркачкиот клуб Амфора. Потоа на 19 е духовниот дел, односно фрлање на светиот крст во водите на Охридското Езеро и традиционално на 2…

Јан 11, 2017

Патот до селото Рамне не е соодветно исчистен

Стамен Димоски од Рамне, кој постојано живее во оваа населба оддалечена од градот само 4 км, се жали на неисчистениот  пат кој води до нивното село. Тој за ТВМ вели дека пред неколку дена дошла  машина за чистење но наместо да го исчисти снегот само го затапкала и се расипала машината. Патот остана не исчистен,  посочува Димоски. Тој се жали дека со неисчистен пат се соочуваат  со години, а во селото има голем број жители кои постојано живеат или доаѓаат секојдневно од градот заради тоа што чуваат добиток. „Песок има над магацините, кај кривината за Рамне, до тука има сол и толку е сета раб…

Јан 10, 2017

Садик: За еден миг исчезнаа сите спомени од детството

  За еден миг исчезнаа сите спомени од детството. Пламените јазици проголтаа се што имав досега стекнато точно на денот на мојот роденден, раскажува Музафер Садик. Вчера додека братот, сестрата и внуката се подготвувале за ручек како што раскажа Садик, почуствувал мирис на чад. Веднаш, излегол надвор да види што се случува. Забележал голем пламен од оџакот и веднаш сватил дека не може да се справи со огнот кој буквално пред негови очи ја проголтал куќата во Карабегомаало на улица „Даме Груев“ . „Планиравме нешто…онака колку што дозволува буџетот да го прославиме роденденот, но се случи …

Јан 10, 2017

Во Охрид има луѓе кои живеат во импровизирани живеалишта без греење

 Во Охрид нема бездомници , но има  луѓе кои живеат во колиби или импровизирани живеалишта. Екипите на ОО Црвен крст веќе со денови интервенираaт носејќи им соодветна облека, ќебиња и храна, информира Сашо Точков.  „ Оние кои во овој период  се во поголем ризик без соодветен дом се 7-8 лица кои се на различни локации во градот.Тие  имаат потреба од огревно дрво, живеат во импровизирани колиби без огревно дрво или било каков електричен уред“, напоменува Точков.Од охридскиот црвен крст потенцираат дека градот има потреба од прифатен центар за лицата во социјален ризик. Во зимски услови тие лу…

Јан 10, 2017

Греењето во охридскиот студенски дом е без проблеми

Во охридскиот студенски дом Никола Карев греењето тече без проблеми. Имаме обезбедено  доволни  количини на нафта за грејната сезона информира директорот Марјан Ристески. Во вонредни услови на минус 16 , 17 па и 19 степени има дополнителни проблеми насекаде па и во нашата инстутиција, но тие тековно се решаваат, вели Ристески.   Кажува  дека во моментов во домот се сместени 30- тина студенти, владини стипендисти, од африканските земји кои студираат на Универзитетот за информатички науки и технологии  Св. Апостол Павле . „Покрај централното греење  им дозволуваме на студентите да корисат д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top