Јан 14, 2017

Акцијаштвото во Охрид се враќа на голема врата

Акцијаштвото во Охрид се враќа на голема врата. Се поголем број млади луѓе стануваат дел од Здружението „Брег на младоста“. На почетокот на минатата година имало околу педесеттина младинци, а сега има речиси 200. Осмоодделенката Теа Петкоска од ОУ „Кочо Рацин“ веќе два месеци е дел од тимот и е лидер во своето училиште.Мотивот беше солидарноста и хуманоста која се промовира преку ова здружение. Идејата е сите да се сплотиме заедно како една екипа која ќе го претставува не само нашиот град, туку и нашата земја воопшто, вели Теа. Во здружението „Брег на младоста“ од пред еден месец членува и …

Јан 14, 2017

На охридските ловни терени се поглем е бројот на дивата свиња и срната

    Во тек е ловната сезона на крупен дивеч, дива свиња, срна, волк и лисица.  Охридските ловци задоволни од текот на ловната сезона.  Дивата свиња се враќа на  ловечките терени во охридско, напоменува ловникот Зоран Целакоски од концесионерот Зружение на ловци Охрид. Ловците ги почитуваат законски дозволените квоти за отстрел на крупниот дивеч.    „Оваа 2017 година тековната ловна сезона за дивата свиња е 1 октомври до 31 јануари. Треба да отстреламе 56 диви свињи. Према евиденцијата на секој ловец кој отстрелал дива свиња треба да му издадеме потврда за потекло на дивечот. Према евиден…

Јан 14, 2017

Бизнис интерес на англичани за Вевчани

Англичаните полека, но сигурно  ги  откриваат убавините на Вевчани. Богатата туристичка понуда, гостопримството и  шармот на минатиот век кој Македонија и Вевчани го имаат задржано, ја прави  привлечна  земја како туристичка дестинација за англичаните. Група гости од оваа земја беа гости и на Вевчанскиот карневал, а  градоначалникот Цветомир Угриноски откри и дел од нивните намери кои се добредојдени за развој на оваа општина. „ Се заинтересирани за инвестирање во општина Вевчани во туризмот. Сакаат да ја испитаат и водата за фабрика за вода. Имав со нив разговор, “кажува Угриноски.Заинтере…

Јан 13, 2017

Во Вевчани одржан традиционалниот карневал

Вевчанските василичари ја продолжуваат карневалската традиција со вековните обичаи. Голем број гости и  маскирани  учесници со дефиле го одбележаа доаѓањето на православната нова година по јулијанскиот календар. Според традицијата карневалот започнува  во пресрет на Нова година според стариот календар  на празникот Василица , а старта година се испраќа со најразлични маски.За време на карневалот, маскираните ја имаат сета слобода во „поставување на светот наопаку“, слобода во која до израз доаѓа креативноста и духот, смислата за импровизација, критика и иронизирање. И овој пат вевчанци пока…

Јан 13, 2017

„Анималија“ прави куќарки за бездомните кучиња

Од денес НО „Анималија“ отвори штанд на кој ќе се прават куќарки за бездомните кучиња. Локацијата е во близина на кафулето Конект па сите љубители на животните кои сакаат да им помогнат и да ги заштитат од овие ниски температури можат да се приклучат на акцијата.Сакам да им заблагодарам на маркетите Тамаро и Тинекс кои донираа голем дел од материјалите од кои ќе се прават куќарките. Исто така добивме донации од најлони и прекривки од граѓаните и од Црвен крст. Сите тие се собрани во пунктот на Анималија и од нив ќе изработиме куќарки кои ќе ги поставиме низ целиот град за да можат бездомнит…

Јан 5, 2016

Судбината на Галичица се решава на празници!

  Судбината на Нкционалниот парт „Галичица“, да се решава меѓу Новогодишните и Божиќните празници претставува провокација. Ваквата критика доаѓа од граѓанската иницијатива СОС од Охрид, и воопшто од невладиниот сектор, кои на денешната јавна расправа околу измените во Планот за управување со Националниот парк Галичица и реализацијата на 5-те проекти во рамки на строго заштитената зона во националниот парк, се одзваа во голем број. Борка Ковачевиќ, консултант на НП Галичица, пренесе дека стратешката оцена е изработена од ГИМ и ревидираниот извештај кој денес беше презентиран во просториите …

Јан 13, 2017

Мразот не е опасност за Охридското езеро

Делови од Охридското езеро под мраз. Поради ниските температури кои на моменти се спуштија и под 15тиот степен под нулата, на делови од крајбрежјето на езерото може да се забележи мраз. Ваква појава има наспроти хотелот Палас, на Мазија кај плажите Метропол и Градиште на некои помали површини од источниот дел на  езерото. Тоа е ништо. Тоа е еден промил од Охридското езеро. Оваа појава нема воопшто да има никакво негативно влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошки завод.Д-р Талевски објаснува дека можеби ќе изгледа малку чудно, но на …

Јан 12, 2017

Пукна хидрант во Трговскиот Центар Градско Пазариште

  Од студеното време пукна хидрант во трговскиот Центар „Градско Пазариште“. Неколку минути огромна количина на вода прскаше од цевката на овој уред. И покрај тоа што беше заштитена со ткаенина цефката попушти поради температурата која деновиве паѓаше длабоко под нулата. Екипата на Работна Единица на Водовод пристигна неколку минути после дојавата. Раководителот на дистрибуција за вода Влатко Иваноски, во телефонска изјава за ТВМ истакна дека ваквите проблеми биле очекувани и сметаат дека нивниот број ќе се зголемува. „Сите екипи работат на отстранување на дефекти што се јавуваат после од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top