Состојбата со ендемичниот вид охридска пастрмка е повеќе од загрижувачка, тврди Радован Димитриески, претседател на риболовното здружение Св.Апостол Петар. Од сознанијата кои ги имаме од терен за да се врати рибниот фонд во Охридското Езеро се потребни најмногу 40 години, уверува Димитриески. За жал, истребување и се заканува и на белвицата, а за неа ќе требаат 60 години за да се врати во нормала, додава Димитриески.„Ние сме против вештачкиот мрест. 20 години наназад се врши вештачки мрест, се порибува езерото со 2 милиони рипчиња. Но, за жал, се помалку има охридска пастрмка. Тоа знач…
Трајче Кацаров е добитникот на престижната награда „Григор Прличев” за наградената поема за 2021 година „Цветко”, под шифра: Когито.
Кацаров е поет, раскажувач, есеист и драмски автор. Работи како драматург во НУЦК „Ацо Шопов” – Народен театар Штип. Наставен доцент е на Интернационалниот универзитет за аудио-визуелни уметности „Еуропа Прима”. Во 1993 година го основа Списанието за уметност СУМ и до ден-денес е негов главен и одговорен уредник. Во 1996 година со група истомисленици, го основа списанието Месечникот за театар „Тренд театар” и станува негов уредник. Во 1997 година со група а…
Јасмина Маркоска по се изгледа ќе биде замената на советничката Жаклина Лазаревска која од редовите на СДСМ речиси четири години го застапуваше гласот на граѓаните во општинскиот совет. На Лазаревска и престанува мандатот како советник бидејќи ќе седне во собраниските клупи како пратеник од 5ИЕ. Маркоска ќе го добие советничкото место бидејќи таа е наредна жена на листата за советници, а според принципот на рамноправна застапеност на двата пола во советот Лазареска треба да ја замени нејзина колешка, а не колега. Мандатот на нејзиниот наследник ќе биде верификуван на 25-ти јануари кога ќе с…
Ниските температури, мразот и снегот кои го зафатија нашиот регион ги вознемирија земјоделците. Стравуваат каков ќе биде приносот на земјоделските производи, а и колкава ќе биде штетата врз овошките. На ниските темпаратури најотпорни се житните култури. Од нив најиздржлива е пченицата потоа, ржта па на крај доаѓа јачменот. Пченицата може да издржи и до -25 степен, а јачменот до -10, но само кога станува збор за сертифициран семенски материјал кој што не е селектиран за отпорност на ниски температури. Позитивно е тоа што имавме една релативно добра снежна пшокривка која ги покри житните кул…
После премиерата на претставата „Стари времиња“, проектот „ИмпроВокација“ – серијал на една нова форма театарски импровизации на актерите, како и детската претстава „Убавицата и ѕверот“, следува уште една премиера. Актерите од охридскиот народен театар во подготовка на претставата „Парламентарки“, според Аристофановата “Жени во Народното собрание”. Претставата е во режија на Ненад Витанов, а ќе биде изведена кон средината на април. Денес глумците ја имаа првата читачка проба за оваа престава.
Охрид денес го одбележа Денот на рибарите. На овој ден рибарите традиционално го прават ритуално капење во ладните езерски води, за здравје, среќа и за бериќет. Настанот, Локалната самоуправа на Охрид го организира по повод празникот Свети Јован Крстител. За присутните се служеше вино и топла ракија, но и традиционалната „повеќетонска“ рибна чорба за чие приготвување беа задолжени 10 ученици и 7 наставници од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.
„Имаме околу 1 100 литри вода, околу 400 килограми риба, зеленчук, итн …или некаде околу 1500 литри чорба. Подготовките се ден п…
Варошанецот Петар Рупев е среќниот фаќач на чесниот крст на годиниешната црковно народна манифестација Богојавление – Водици 2017. Граѓани од сите краеви на државава и гости од странство во голем број на градското пристаниште присуствуваа на положувањето на крстот во езерските води. Стотина верници скокнаа по Светиот крст, но најсреќни и оваа година беа варошани. Нивната многубројна група посебно младите варошани се делат на тајфи кои го обиколуваат целиот град, со цел светиот крст да влезе во секој дом да се освети. Рупев верува дека и оваа година, ќе му биде среќна и бериќетна.
„Ова е…
Десеттина граѓани денес ја примија светата тајна крштение во осветените езерски води. Традиционално на Сараиште и годинава се одржа групното крштавање по шести пат на големиот христијански празник Богојавление кога е крстен спасителот Господ Исус Христос. 12 граѓани од Охрид, Прилеп, Скопје, но и од Мала Преспа, Албанија станаа членови на Светата соборна и апостолска црква.
„Навистина овие денови се многу радосни, но најголемата радост денес овде на Сараиште ја почуствувавме сите и јас како православен свештеник, но и оние кои ја примија светата тајна крштение и миропазение. Честито да …