Министерството за култура за 2017 година ќе го поддржи театарскиот аматеризам. За работата на детското младинско студио ќе има дел од 4 милиони денари одобрени од ресорното министерство за работа на Центарот за култура Григир Прличев и наросниот театар. Уписите стартуваат од месец февруари. „ Многу е голем интересот за детското младинско студио. Ние имаме три простории во галеријата кои се затополени и работат со млади луѓе. Практикуваме да работиме од февруари до јуни“, кажува Горан Стојаноски директор на Центарот за култура и Народен театар.Театарскиот аматеризам во Охрид има длабо…
Во тек се уписите за програмата Бреин о бреин. Родителите и децата заинтерсирани за оваа програма може да се запознаат со вештините, техниките и методологијата на оваа програмата. Досега е формирана група за работа, информира инструкторот од Бреин о Бреин програмата Валентина Кузманоска. „Најголем е интересот кај децата од 5 и 6 години. Од месец февруари може да почнеме со работа и со нови групи. Во тек на овие некoлку дена додека траат уписите очекуваме бројот на децата да се зголеми“ кажува Кузманоска. Во моментов има 110 ученици групирани во 15 групи, а со нив работат 3-ца овласт…
Просторот каде што се извршува верски обред на покојниот кај лицата од муслиманска вероисповед, не ги исполнува потребните хигиенско – санитарни услови. Оваа забелешка ја изнесуваат од Приватниот погребален оператор Мирен Сон, кои деновиве испратиле и јавен допис до охридската градска власт. Проблемот се јавувал со водата, бидејќи не истекувала и често поради тоа просторијата се исполнувала со инсекти, на што реагирале и претставниците од Исламската верска заедница. Како што информираа од овој оператор, со овој проблем се соочувале подолг временски период, а исто така и на ЈП „Градски Гр…
Самоиловата тврдина и локалитетот Залив на коските односно Музејот на вода, сеуште се на врвот на најпосетувани објекти на Балканскиот Ерусалим, Охрид. Директорката на НУ Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска пренесува дека од отварањето на Музејот на вода до денес, локалитетот Заливот на коските е посетен од 370 000 туристи, додека пак Самоиловата тврдина од 2010 до денес е посетена од над 400 000 гости. Бунташеска посчува дека постои вредно културно наследство кое малку се нуди од страна на туристичките агенции и водичи.
„Доаѓаат во комплекскот Перивлепта, ја посетуваат црквата Св Бо…
Неповолните временски состојби проследени со интензивини вренежи од дожд во изминатите денови ја променија вкупната хидролошка состојба на Охридско Езеро. Тоа резултираа со покачување на нивото водата, така што нивото на најголемиот природен басен во земјава е на 693,67 метри надморска висина или на 8 сантиметри од максималната дозволена кота. Изминативе денови нивото беше на само 5 сантиметри до максимумот. Еколозите предупредуваат дека засега не постои опасност, но состојбата мора будно да се следи, за да не се соочиме со последиците кои можат да настанат со зголемување на водостојот.
…
Светосавски ручек на србите кои живеат во Охрид. Традиционално и годинава Српската заедница во Македонија денеска го празнува Св.Сава, еден од најголемите српски празници. Св Сава се смета за еден од најзначајните личности на српската историја и основач на српската црква која го слави како светец.
„Бидејќи Св Сава е голем празник, тој е многу голем светец, многу значаен за нас србите, бидејќи тој е првиот просветител во Србија, изградил прва црква, основал прва архиепископија во Србија, многу училишта, цркви, манастири…тој е многу благороден праведен и силен свештеник. Ние го одбравме…
Градоначалникот Никола Бакрачески денес направи преглед на позначајните активности во изминатите години од развојната програма реализирани во Секторот за туризам како и преглед на позначајните проекти изработени и реализирани во соработка со различни меѓународни, европски и национални фондови, институции и организации. Тој истакна дека во 2016 година во фокусот на вниманието биле активностите за целосна реализација на веќе добиените меѓународни проекти од различни европски фондови како што се големите инфраструктурни зафати од проектот Вотернет со вредност од 210 000 евра од кои 150 000 евр…
НУ Завод и Музеј Охрид денес ја презентираше програмата за работа за 2017 година. Истата е обемана, во законски предвиеден рок уредно е доставена до Министерствот за култура од каде е и одобрена. Директорката Тања Паскали Бунташеска очекува дека програмата успешно ќе биде реализирана. Во неа застапени се проекти од областа на заштита на културното наследство, музејската дејност, меѓународната соработка, издавачката и ликовната и галериската дејност, додава Бунташеска.
„Ја завршуваме куќата на Коле Котуш, ќе се работи на кровот и фасадата на куќата од Ѓенекови во самиот центар на Охрид, …