Авг 16, 2021

Сообраќајна несреќа кај Опеница

На 15.08.2021 година во 11:10 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај охридското село Опеница, се случила сообаќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Форд Мондео” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(60) од Охрид и мотоцикл „Априлија” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од Прилеп. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, додека Т.Т.(24) од Прилеп, сопатничка на мотоциклот, се здобила со телесни повреди. Увид извршиле полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Фев 20, 2017

Правниот статус на месните и урбаните заедници и понатака кочница за развој

Решавањето на инфраструктурните проблеми и  развојот на месните и урбаните заедници тече споро поради нивниот правен  статус. Кочница и понатака е  законската регулатива со која тие не располгаат со сопствени жиро сметки и не може да располгаат со средства. Тоа ги попречува месните заедници да аплицираат на проекти со кои би се решиле или подобриле некои инфраструктурни проблеми. Тоа ги попречува и во аплицирање за проекти кои ги објавува локалната самоуправа и издвојува буџетски средства за реалзиација на микропроекти, напоменува Горан Мицкоски од Тлер.       „ Од таа причина не можеме фин…

Фев 20, 2017

Акција на „Чист Охрид“ кај Рамне

Екипата на Чист Охрид ја посети локацијата во Рамне, како локација со огромна количина на отпад. Волонтерите на „Чист Охрид“ затекнаа голем број пластични шишиња, делови од WC школки, искршени пластични столици, стаклени тегли, градежен шут, најлонски кеси, како и еден двосед, но најлошиот дел се состоеше од голем број употребени шприцови и игли, од кои еден дел беа надвор од пакувањето и исклучително небезбедни за собирање, како и голем број употребени презервативи. Главната причина за ваквата состојба, освен недостигот на свест кај граѓаните, секако е и зафрленоста на локацијата, која оч…

Фев 18, 2017

Наумоски: Ништо од реализацијата на капитални проекти за Охрид

  Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ по трет пат ги ветува истите проекти за Охрид, што ги ветуваше и на минатите локални избори. Пред 4 години ВМРО-ДПМНЕ вети преродба и забрзан развој на Охрид, но не реализира ниту еден од ветените приоритетни проекти, обвинуваат од ОО на СДСМ Охрид. „Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема Дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем, ниту една нова пречистителна станица, нема скијачки цен…

Фев 18, 2017

Голем интерес за стимулативната мерка за замена на дограма со ПВЦ и алуминиумски прозорци

Голем интерес за стимулативната мерка за замена на дограма со  ПВЦ и алуминиумски прозорци. За само 2 недели пристигнале 365 барања, соопштуваат од министерството за економија.  Граѓаните кои по 31 јануари купиле и вградиле ПВЦ алуминиумски прозорци или сончеви колектори ќе добиваат финансиска поддршка за  подобрување на  енергетската ефикасност на своите домови. Министерството за економија од  годинава ќе ги покрива трошоците не само за  поставување на сончеви колектори на покривите туку и за замена на старите со нови прозорци. Граѓаните може да поднесат барање за надомест на дел од вложен…

Фев 18, 2017

Вообичаена дилема: Каде после 4 та година?

  Во овој период едно од најактуелните прашања на учениците од 4 та година каде да го продолжат своето образование. Една од целите на психолошкиот центар Солушн претставува одржување на обуки и семинари, посебно за адолесцентите, односно децата од средношколска возраст, вели Ранко Раткушиноски од првиот психолошки центар Солушн во Охрид. „Многу често се случува таа популација да се соочи со проблем каде понатака да се запише. Или се во 4 та година и не се во состојба да размислат и не можат да видат каде ќе одат понатаму, се ограничени во своите можности. Ние како центар тука ќе понудиме …

Фев 18, 2017

Гасне ковачкиот занает во Охрид

Полека се гасне ковачкиот занает во Охрид. Секирите, соровите, ножевите, мотиките и лопатите кои рачно се изработуваат со ковање се помалку се барани.  Во работилницата на мајстор Рамис Зејнел, последниот ковач од градот,  ударите на чеканот и наковалната од ден на ден стануваат се потивки. Иако ова е период кога се подготвуваат алатите за работа во градините и овоштарниците, купувачи  нема, вели мајсторот.  „Моментално во Охрид нема побарувачка. Земјоделието не се работи. Струга се работи. И таму уште неколку години и ќе прекини. Мајстори сме 3, јас и двајца од Дебар, во сабота одиме на ст…

Јан 17, 2022

Истражување на водните птици кај македонските езера

Секоја година во средината на јануари заедно со National Park Galicica , ЗП Езерани, волонтери и партнерски организации како (Society for the Protection of Prespa (SPP)  Protection and Preservation of Natural Environment in Albania  )  во исто време ги пребројуват водните птици кои ги користат нашите езера и други водни површини. Овој попис на водните птици е еден од најголемите волонтерски подвизи на глобално ниво и најсилен пример за моќта на граѓанскиот придонес кон науката. Наскоро ќе бидат споделени и резултатите од истражувањето.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top