Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево-Охрид по планинскиот превој „Пресека“ кај село Врбјани денес ќе биде во прекин поради изведување работи на пат – минирање.
Како што соопштија од ЈП „Македонија пат“, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот помеѓу 13:00 и 16:00 часот во траење од околу 15-20 минути.
“Најголемата вистина” новиот Mакедонски филм на младиот Мартин Цветковски премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, кино проекции во среда (02.03.2022) и четврток (03.03.2022) почеток 19.00 часот, цена на карта 150 денари, во големата сала.
Мартин веќе 23 години се наоѓа на културната сцена. Од 5-годишна возраст, е на сцена со голема љубов, со фолклор, музика, ора, песни и глума. Денес е управител на „Ансамбл – Никола Јoнков Вапцаров”. Освен фолклор, Мартин Цветковски е млад режисер кој за првпат својата идеја ја реализираше во филм насловен како ,,Најгол…
67 годишна охриѓанска убиена во својот стан. Спаса Бојоска, понеделникот предпладне била на пазар. Тогаш последно ја виделе нејзините соседи. Таа живеела сама во стан на ул „Галичица“ бр 31 откако пред шест месеци починал нејзиниот сопруг. Имала две деца, синот кој живее во Германија и ќерка во село Велгошти. Безживотното тело го нашла нејзината внука, која ја испратила ќерката на починатата, после повеќето неуспешни обиди да ја добие мајка си на мобилен телефон. Жителите од улица Галичица се потресени од грозоморното убоство на старицата. Дел од нив видно вознемирени не сакаа да коменти…
Во хотел Гарден, утре, ќе се сецка домашен зеленчук и сирење за подготовка на најголемата шопска салата за Гинис. Оваа интернационална салата за прв пат се подготвува за влез во книгата на Гинисови рекорди. Сузана Бакреска, дел од менаџерскиот тим, вели дека идејата произлегла од разговор со Ина Жарова, лиценцирани диструбутер на македонски производи во Русија, при подготовка на промоција на македонски јадења подготвени од домашни квалитетни земјоделски производи.Во специјално изработен сад со запремнина од 250 литри ќе се подготвува шопска салата според светски прифатениот рецепт, напомену…
Од Охрид, лулката на христијанството, од градот на словенската писменост и култура, денес беше промовирана поштенската марка посветена на знаменитостите на Охрид и Санкт Петербург. Денес во куќата на Уранија беше промовирано изданието на Руската пошта од заедничкиот проект за издавање на руско македонска марка, додека пак пред две недели во Скопје беше промовирано македонското издание. Пријателската соработка со Руската федерација посебно на полето на проширување на туристичката понуда на градот, продолжува, истакна првиот човекна градот Никола Бакрачески
„Овој чин претставува своевиден…
Охридските туристички водичи бараат решенија за надминување на слабостите во професијата. Денес нивното здружение Кеј се состана со претставници од повеќе инспекциски служби, УЈП и министерството за труд и социјална работа со цел да се изнесат проблемите кои им задаваат главоболка пред новата туристичка сезона. Климент Наумов , претседателот на здружението на туристички водичи „Кеј“ е задоволен од тоа како нивните права ги штити државата. Сепак на денешната средба ќе бараат измена на членови од Законот за туристичка дејност, но ќе бараат и решавање на нивниот работен статус и остварувањ…
Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL(Test od English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 27 февруари 2017, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.
TOEFL е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Макед…
Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од Комисијата ја посочуваат пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.