Фев 1, 2021

„Сопружници” премиерно на репертоарот на Народниот театар Охрид

НУ центар за култура „Григор прличев“ и народниот Театар од Охрид, со нова театарска премиера, станува збор за делото „Сопружници“ на Вуди Ален. “Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – обасјнува режисерот Драгана Таневска. Во претставата играат :…

Фев 1, 2021

Охрид во спомен на д-р Хелена Етингер Каваева

На 2-ри февруари 2021 година се навршуваат 38 години од смртта на д-р Хелена Етингер Каваева, личност која оставила длабоки траги во колективната меморија на охриѓани. По тој повод, членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“ испратија барање до градските власти во Охрид, една улица, или здравствен дом во градот, да го понесат нејзиното име. Идејата е да се одбележи датумот на нејзиното раѓање (Хелена Етингер е родена на 16-ти март 1893 година во Честнохова, Полска), со поставување на пригодна спомен – плоча на влезот од зградата „Маларична“. Д-р Каваева, заедно со сопругот, д-р Владимир Кавај,…

Јан 29, 2021

Градоначалникот Георгиески со осуда за несовесните граѓани кои депонираа шут на Горна порта

Градоначалникот Георгиески со осуда за несовесните граѓани кои депонираат шут на несоодветни локации после случајот со отпадот на Горна порта за кој вчера објави ТВМ. Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” по налог на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид утрово спроведоа активности за расчистување на градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле во непосредна близина на “Горна Порта”. „Упатувам јавна осуда за сторителите, а воедно и апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест за сочувување на животната средина и јавните добра, особено на ваквите локации кои …

Ное 22, 2021

Над 20 активисти и волонтери чистеа на просторот кај „Паднати Борци“

Над 20 активисти и волонтери во текот на вчерашниот ден чистеа на просторот над седиштето на Националниот парк Галичица кај „Паднати Борци“. На акцијата која потекнува од идеја на повеќе организации, а силно поддржана од рубриката ,„Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ Телевизија, учествуваа активисти на Чист Охрид, Црвен крст Охрид, здруженијата Енхелеус Лихнид, Екотуризам 2016, ЕКО – ФАП, претставници од Национален парк Галичица, како и други заљубеници во градот. Собрани беа големи количини комунален и кабаст отпад, но на локацијата останува градежен шут за чие п…

Јан 29, 2021

Вработувањата во Општина Охрид единствено предизвикаа дискусија на седницата на Совет

Предлог одлуката за измени на годишниот план со кој се предвидени 32 вработувања во општината за оваа година беше прифатена со 13 гласа ЗА додека пак советниците од  опозиционата ВМРО ДПМНЕ беа против. Неприфатливо е планот кој веќе беше донесен да се изменува во насока на зголемување на превидените вработувања во година во која општината е исправена пред низа предизвици предизвикани од корона кризата и загрозениот УНЕСКО статус, кажа Гордана Коњановска, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ. „Ако кажуваме дека ќе биде од голема помош износот од 6 милиони денари кој го издвои Влад…

Јан 29, 2021

Пендаровски: Пописот ќе не соочи со стравот колку малку не` има во нашата заедничка држава

Методологијата за пописот која  ги содржи сите информации до најситен детал за неговото спроведување е готова, во среда ќе биде разгледана од  Советот за статистика, по што ќе биде објавена во Службен весник , информира денеска Директорот на ДЗС, Апостол Симовски. Тој денес имаше состанок со шефот на државата, премиерот, претседателот на парламентот, министрите за правда и за локална самоуправа, претседателот на ЗЕЛС и градоначалниците на општините. Во случај да се влоши ситуацијата со пандемијата вели дека пописот сепак ќе се одржи, но ќе бидат во секојдневна комуникација со здравствените …

Јан 29, 2021

Училишна зграда во селото Брежани ќе се адаптира во планинарски дом

Општина Дебрца ги зајакнува инфраструктурните капацитети за развој на зимски и планински туризам. Напуштена училишна зграда во селото Брежани ќе се адпатира во планинарски дом. Инвестицијата во вредност од околу 80.000 евра е финансирана од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ од Европската унија, преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, информира Зоран Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца. Според динамиката проектот треба да биде готов до почетокот на месец август оваа година. „Активностите се очекува да започнат …

Јан 29, 2021

Од понеделник почнува третата сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“

Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, но и со осветлување на Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид, во понеделник, на 1-ви февруари започнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“. „Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Преку соодветни текстови, видео и аудио записи ќе се запознае јавноста со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top