• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Градоначалникот Георгиески со осуда за несовесните граѓани кои депонираа шут на Горна порта

Градоначалникот Георгиески со осуда за несовесните граѓани кои депонираа шут на Горна порта

Градоначалникот Георгиески со осуда за несовесните граѓани кои депонираат шут на несоодветни локации после случајот со отпадот на Горна Порта за кој вчера објави ТВМ.

 |   | 

Градоначалникот Георгиески со осуда за несовесните граѓани кои депонираат шут на несоодветни локации после случајот со отпадот на Горна порта за кој вчера објави ТВМ.

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” по налог на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид утрово спроведоа активности за расчистување на градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле во непосредна близина на “Горна Порта”.

„Упатувам јавна осуда за сторителите, а воедно и апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест за сочувување на животната средина и јавните добра, особено на ваквите локации кои имаат големо значење за нашата историја и култура.“ напиша на социјалната мрежа фејсбук, градоначалникот Георгиески.

На археолошкиот локалитет “Горна Порта” пронајдени се дел од највредните археолошки артефакти во нашата држава, златната маска, златна ракавица и сребрени предмети кои имаат непроцелива културна вредност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top