8 лица со инвалидитет од Охрид ќе добијат по еден личен асистент. Помошниците ќе им помагаат и ќе им го направат секојдневниот живот полесен. Меѓу овие лица кои ќе користат личен асистент е и охриѓанката Нада Јонеческа.
„ Многу сум среќна што можам да добијам ваква услуга. Со оваа асистенција ќе ми биде многу подобро. Очекувам дека животот ќе ми е исполнет и повесел. Нема да бидам сама и тажна“, вели Јонческа.
Помошниците на лицата со инвалидитет ќе треба да ги одменат членовите на нивните семејства кои се постојано покрај нив. Асистентите ќе бидат платени од државата, а за начинот на сор…
Попладнево во пожар целосно изгоре угостителски објект во централното градско подрачје на Охрид.
Станува збор за сендвичара „Вили”, што се наоѓа во непосредна близина на поранешниот Градски полигон за мали спортови.
Екипи на Територијалната противпожарна единица интервенираат на лице место, но објектот е целосно уништен од интензивниот пламен.
Среќна околност во целата ситуација е што во непосредна близина на изгорената пластична барака нема други објекти па така е избегната поголема штета.
Во четврток на 6 април од пет часот изутрина до 17 часот попладне Охрид ќе биде без вода за пиење. Славините од градската мрежа ќе секнат затоа што МЈП Проаква ќе ја реалзира редовната годишна акција која ја спроведуваат во пролетните месеци, информира Сашо Сотироски технички раководител во МЈП Проаква.
„ Со која планираме да извршиме санација на водоводниот систем односно на вентилите од помал до најголем профил кои ги имаме, миење на резервоарските системи и санација на дефектите на непристапни места во досегашниот период , т.е. во минатата година“, вели Сотироски.
Со исклучок на Леское…
Бездомните животни со години се убиваат, се трујат, а резултати нема. Денес 4 ти април се одбележува Светскиот ден на бездомните животни. Здруженијата за заштита на животни веќе со години точно го лоцираат коренот на проблемот и вперуваат прст кон децениската неажурност и неисполнителност на институциите, т.е. Локалните самоуправи, како што велат од здружението „ЕДЕН“.
Тие укажуваат дека со години постои и стратегија за хумано, трајно и темелно справување со бездомните кучиња, изработена од граѓанскиот сектор и според нив во нашата земја проблемот трајно би се решил за 6 месеци до 1 година…
Победата над Еурофарм Работник во првото коло од плејофот значајна за охридските ракометари. Благојче Трајкоски истакна дека нивниот тим успешно се издигнал над проблемите со кои се соочувале последниве две недели од типот повредени играчи но и проблеми од техничка природа, така што успеале пред бројната публика да се докажат и покажат во вистинско светло. Тоа го ветуваат и за новиот предизвик кој ги очекува нашите „гладиатори“ со екипата на Борец од Велес.
„Борец е една многу компактна екипа иако на почетокот на регуларниот дел беше во незавидна ситуација со многу малку бодови, меѓутоа се…
Ј.П. „Охридски Комуналец” информира дека на ден 5-ти април, среда, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селата Елшани и Коњско.Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Во среда во вечерните часови, од 23 часот ќе биде запрена водата од сите пумпи во градскиот водовод во Охрид.Ќе има прекин во водоснабдувањето до четврток, до 17 часот.Како што информираат подетално од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“- Работна Единица „Водовод“, вечерта ќе се врши измивање на водоводните системи.– Следниот ден ќе има чистење на главните резервоари. Екипи ќе вршат главна поправка, репарација. Поправка на транзитни водоводни системи и санација на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти. Активностите се во пресрет на сезоната, секоја година …
Женскиот лајoнс клуб „Деница“ традиционално 1ви април, денот на шегата го одбележа со хуманитарен маскембал. Членките на овој клуб заедно со своите гости го прославија петтиот јубилеј под маски. Покрај лотарија оваа година подготвија кувар „Гответе со Деници“ во кој има околу 60тина рецепти на членките на женскиот лајонс клуб, а средствата од продажбата на овај кувар ќе бидат дадени во хуманитарни цели за деца со оштетен вид.
Секогаш ги подаваме рацете на оние кои први ќе побараат помош. Има многу на кои им е им е потребно да им се помогне, но ние гледаме средствата да бидат наменети за то…