Мај 4, 2017

Нова метода во Заводот за кардиоваскуларни заболувања

Нова метода во интервентната кардиологија. Од денес во Заводот за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан, ќе се применува новата процедура Ротаблација, за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови кои имаат масивни калциумски депозит во ѕидот. За оваа метода се користи посебна апаратура и специфично дизајнирани ротаблациони катетри кои вршат еден вид вртлозно бушење на запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад, за да може да се постави стент. Д- р Никола Бакрачески појаснува зошто се наложила потребата од примена на оваа метода. „Се работи за процедура која што…

Мај 4, 2017

ЕЛЕМ ќе гради современ Конгресен Центар во Охрид

Се поизвесна станува изградбата на современиот Конгресен центар во Охрид. До Електрани на Македонија во врска со реализација на овој проект било доставено само едно идејно решение од страна на архитектката Ивана Ралевиќ која ја понесе и наградата во висина од 700.000 денари. Следува фазата на избор на проектантско биро кое што ќе го подготви основниот проект, за што веќе е распишан и оглас. Државната компанија за подготовка на основниот проект е предвидено да издвои околу 18 милиони денари. Договорот со проектантската куќа ќе биде со времетраење од 12 месеци.Инаку, првичните информации кои …

Мај 4, 2017

На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните зафати

На каналот Студенчишта со бавно темпо се одвиваат градежните работи за изградба на пешачката патека. Покрај патеката во должина од 500 метри, со овој урбан проект се уредува и коритото на помалиот канал, предвидена е изградба на двометарска платформа од десната страна на каналот, како и два мостови и два видиковци. Пешачката патека од мостот до Билјанини извори е затворена за користење од започнувањето на градежните зафати во октомври минатата година, што значи дека на предвидените содржини во овој проект се работи скоро 8 месеци. Истиот, градот ќе го чини околу 300.000 евра. За ТВМ, пред …

Авг 18, 2021

Охридските угостители почнаа да ги применуваат новите мерки

Охридските угостители почнаа да ги применуваат новите мерки за заштита од пандемијата кои се на сила од 16 јули. За посетителите да влезат во сите објекти задолжително е поседување на Ковид-19 документи, односно треба да приложат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан ковид во последните 45 дена. Од охридските локали денес се отстранети вчерашните натписи со кои посетителите се информираат дека ќе работат со 30 проценти од своите капацитети за да не бараат ковид документи. ТВМ ги контактираше менаџерите на кафулињата како ги спроведуваат мерките, но тие не сакаа да зборува…

Мај 3, 2017

Договорите на определено време се повеќе се применуваат

Според податоците објавени на веб страницата на АВРМ, од вкупно 13.515 засновани работни односи во јануари годинава, речиси две третини, или дури 8.503 се на определено, а останатите 5.012 на неопределено време. Оваа статистика на регистрирани пријави на засновани работни односи што ја води Агенцијата за вработување на Република Македонија е само потврда дека во нашата земја има многу повеќе работници на определено, отколку на неопределено работно време. „Во последно време и кај нас како и во западните земји тренд е договорите да се склучуваат на определено време и тие можат да траат беско…

Мај 3, 2017

Со прскање од воздух и земја ќе се уништуваат комарците

На крајбржјето на Охридското Езеро од втората половина на мај ќе започне прскањето против комарци. Според акцискиот план, Центарот за јавно здравје првентивната адултна дератизација ќе ја врши од мај до септември и тоа од земја, информира епидемилогот д-р Јованка Коровешоска. Во борбата со комарците се вклучува и Министерството за транспорт и врски кое објави оглас за доделување договор за јавна набавка на услуги за уништување на возрасни комарци во вредност од околу 100.000 евра. Набавката се однесува на Охрид, Ресен, Крушево, Дојран, Чешиново, Облешево и Берово. „Во последните 3 години с…

Мај 3, 2017

Започна уредувањето на крошната на Чинарот во населбата Кошишта

Започна уредувањето на крошната на Чинарот во населбата Кошишта кој е стар околу 500 год. Ова е дел од проектот за ревалоризација и ревитализација на седум платанови стебла во градов кои со Законот за заштита на природните реткости од 1973год. се прогласени за споменици на природата, а кој неодамна го изработи Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид. Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите и на стариот кочеџик кај црквата Св. Богородица Перивлепта, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мониторинг и конзерваторски мерки за са…

Мај 3, 2017

Времен прекин на сообраќајот, ќе се уредува крошната на чинарот Кошишта

Општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на ден 03.05.2017 година ќе реализира акција за уредување на крошната на чинарот кој се наоѓа на ул.„Гоце Делчев“ на пресекот со ул „Абас Емин“, населба Кошишта (пред DON маркет). За таа цел на ден 03.05.2017 година од 8:30 до 11:30 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Абас Емин“ спрема ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кирил Методиј“ во двата правци. Се молат граѓаните во тој период да ги отстранат паркираните возила на горе споменатата локација како не би дошло до несакани последици по матерјалните добра и безбедноста на луѓето.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top