На почеток на 2021 година Фондот за пензиско и инвалидско осигурување евидентира 326.295 пензионери. Во месец декември имало нови 2.473 пензионери на списокот на ПИОМ. На почетокот од 2020 во јануари имало евидентирани 322.652 пензионери, а на крајот од иста година 326.295 пензионери.
Статистиката на Фондот на ПИОМ покажува дека поголем наплив на нови пензионери имало пред самиот крај на минатата година, а во текот на целата година месечно со право на пензија се стекнувале од 1.200 до 2000 лица.
Најголем дел од пензионерите во државата, или околу 325.000 пензионери пензијата ја стекнале …
Одлука за тридневна жалост поради автобуската несреќа во Бугарија се донесе на денешната владина седница, а државните знамиња пред Владата се спуштени на половина копје.
За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток). Во тој период се одложуваат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.
Сообраќајната несреќата се случи синоќа на патот „Струма“во Бугарија во која загинаа најмалку 45 македонски државјани.
…
Два охридски угостителски објекти се затворени од Државниот пазарен инспекторат. Во Охрид , во изминатите седум дена инспекторите од ДПИ исконтролирале и направиле записници за инспекциски надзор за 52 објекти и 287 визуелни контроли без направени записници. Инспекторите од поддрачното одделение од Охрид при контролите констатирале дека објектите не почитувале дел од протоколите за работа кои се на сила со законот за заштита на населението од ковид19. Изречени им се санкции и привремени мерки за забрана на вршење дејност, информира Цветко Ристески, раководител на ПЕ ДПИ.
„Во едниот случај …
Македонското еколошко друштво заедно со Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги избраа шесте граѓански организации кои во партнерство со средни училишта од регионите со заштитени подрачја (Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа) ќе спроведуваат иницијативи за решавање на локални проблеми за заштита на животната средина.
На повикот кој што беше отворен за граѓански организации и иницијативи пристигнаа вкупно 28 апликации. Комисијата составена од членови од ИКС и МЕД, врз основа на претходно утврдени критериуми (дефиниран еколошкиот проблем, понудено решение, приорите…
Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари работен состанок со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Поградец, Република Албанија, Илир Џаколи.
На работниот состанок на кој присутвуваа и претставници на невладиниот сектор се разговараше за заедничките интереси кои ги имаат трите крајбрежни општини на Охридското Езеро. Особено беа потенцирани темите oд областа на туризмот, животната средина и зачувувањето на светското природно и културно наследство.
Тројцата градоначалници ја истакнаа потребата од воспоставување на поголема соработка и креирање на заеднички…
Оваа среда изборот на нови девет наслови е направен од продукцијата на издавачките куќи „Култура“ и „Матица македонска“.
Еве ги насловите: „Таблета против стравот“ од Андреј Курпатов, двата дела од хит романот „Сестрата на сонцето“од Лусинда Рајли, „Белата хризантема“ од Мери Лин Бракт, „ И тогаш таа исчезна“, Лиса Џул, „Сакам да те држам за рака“ од Форс Мари, „Париз за еден и други приказни“ Џоџо Мојес, „Јоргованот секогаш цвета по зимата“ од Марта Хол Кели и илустрираната книга за деца „Магичната ноќ на џуџињата “ од Стилтон Џеронимо.
Посочените книги уште од денес можат да се зајмат н…
„Среќен сум што овие денови ќе продавам со спортистите“, вели Игор Шајноски момче со Даунов синдрм. 32 годишниот стружанец, кој со години го продава списанието „Лице в лице“, , деновиве низ струшките улици е заедно со спортистите, одбележувајќи ја на тој начин Неделата на уличните продавачи
Во униформа, заштитна маска и списанија во рака, момчето со Даунов синдром, неуморен и во лето и во зима, е единствениот вработен уличен продавач во земјава.
„ Самиот процес на нашите активности кои ги имаме не само кон спортистите туку правиме една конекција меѓу граѓаните на Струга и Охрид …
Новоформираната стопанска комора за фотографска и видео дејност одржа состанок со колегите од југозападниот регион. Миле Спасов, претседател на комората, кажа дека на средбата со колегите која се одржа синоќа во Струга, сакале да ги слушнат проблемите, но да се понудат и решенија како да се дејствува во претстојниот период. Во Македонија од осамостојувањето до денес не била формирана комора која ќе ги штити и подобрува условите за работа на фотографска и видео дејност, нагласува Спасов. „Комората треба да е на некој начин медијатор меѓу чинителите на фотографска и видео дејност и да направ…