На охридското крајбрежје има над 90 регистрирани апартмани од висока категорија. Оваа бројка пред 4 години била скоро двојно помала, информираат од одделението за туризам при ЛС. И додека бројот на регистрирани легла во приватното сместување квантитативно е стандарден, расте квалитативната понуда на апартманското сместување, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер.
„Она што е упадливо и значајно што бројот на апартманите со една ѕвездичка опаѓа.Во моментов нема апартмани од најниска категорија, додека бројот на апартмани со 2, 3 и 4 ѕвездички се зголемува. Ако се направи анализа квантитативно бр…
Министерството за труд и социјална политика соопштува, дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија 2 јуни 2017 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Духовден или Дуовден — еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница (грчки: πεντηκοστή, латински: pentecoste) и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветни…
Запуштената зграда Св. Сава во Месокастро станува се поопасна за минувачите. Продолжуваат да паѓаат одронети ќерамиди, делови од фасадата, а и искршено стакло од руинираните прозори. Жители од овој дел на старото градско јадро и родители на деца кои учат во основното училиште „Св Климент Охридски“, кое е во непосредна близина на објектот, стравуваат за безбедноста на минувачите кои го користат патот покрај неа, а кој води кон основното школо и Метеоролошката станица.
Објектот на некогашното училиште Св Сава се распаѓа. Сопственикот на објектот ГП Гранит близу две децении не презема актив…
ЈП „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид дека од утре 01. 06 (четврток ) започнува летниот режим на наплата на јавниот паркинг простор.
Со одлуката на Советот на град Охрид од минатата година во летниот период (јуни, јули и август ) Зона А за еден час паркирање за физички лица од 30 денари ќе се наплаќа 40 додека Зона Б од 20 денари за еден час ќе се наплаќа 30 денари.
Во охридската општа болница изведена е лапараскопска операција на бубрег. Опериран е пациент кај кого е рецесиран долниот дел на бубрегот од циста, информира урологот Горан Балевски, директор на Општа болница Охрид. Лапараскопски зафат е изведен самостојно од анестезиологот Јован Недески и охридскиот тим уролози д-р Томчо Мостро, д-р Маргарита Симоноска под раководство на д-р Балевски.
Се надевам дека ќе продолжиме во ова време на Ковид, тоа многу ни значи да ги работиме новите методи. Не се доближуваме до пациентот помали се шансите за инфицирање , нема оперативни рани, преврски полесн…
Четвртиот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира од 1 до 4 јуни. Театарската завеса ќе ја крене драмата „Багаж“ , на 01 јуни кога е и свеченото отворање во предворјето на црквата Св Софија. Драмата е во текст и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска, Јованка Сион Доленц.
„Овој фестивал веќе стана традиционален и меѓународен, исто така ќе имаме присуство на гости од Суботица, Требиње, Ужице и Дубровник. Драмата е за млади луѓе кои заминуваат од нашата држава, сите тие имаат иста крајна дестинација но имаат различна прик…
Проблематичниот крак на ул „Абас Емин“, откако отпочна изградбата на современиот охридски пазар, се претвори во арена на конфликти помеѓу пазарџиите, дуќанџиите и работниците на АД „Илинден“. Не поминува ниту еден ден без кавга на овој потег, а утрово по се изгледа дека состојбата кулминираше, бидејќи беше повикана на помош и полицијата. Краткиот пат кој се користи како влез на тешката механизација и камионите до градилиштето на современиот пазар, служи и за дотур на роба на пазарџиите, дуќаните и маркетот. А истиот е и единствен пристапен пат на станарите кои со своите возила треба да изле…
Ресорното министерство одлучи контра Државниот инспекторат за локална самоуправа. Падна во вода одлуката со која инспекторатот ги поништи одлуките кои советите на општините ги донесоа по 24 март, а ги прогласија за незаконити поради истекот на мандатот на советитниците. Таквата одлука внесе уште поголем хаос во општините. Струшкиот вршител на должност градоначалник Мустафа Забзун информира дека утрово добиле писмен документ од Министерството за локална самоуправа со кој ги известуваат дека сепак се законски сите донесени одлуки на советот по 24 март.
„Добивме официјална информација од држа…