Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески свечено ја пушти во употреба пешачката патека Кошишта – Лабино – Канео и два краци, еден кон плажата Лабино другиот кон Воска и Даљан. Добивме една целина, со која на граѓаните им нудиме место за релаксација, спорт и доживување на убави моменти во раскошната природа и пејсажи кои ги нуди погледот од оваа патека, истакна првиот човек на градот, Бакрачески.
„Го споделувам задоволството од реализација на овој проект и да се заблагодарам на сите оние кои што учествуваа во изведувањето на целокупниот проект од идеја дфо реализација. Се надевам д…
Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски оствари работна средба со Пецо Грујовски претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани. При тоа претседателот на УПОЗ напомена дека од новиот министер ќе бараат измени, на како што велат штетниот Закон за административни службеници . Законот е на сила 10 -тина години, а претходниот министер тврдел дека отстапки нема да има бидејќи е европски закон, вели Грујовски. Веруваат дека со новиот министер ќе ги усогласат предлог измените. На листата на барања е воведување на флексибилно р…
Вечерва во 21 часот на Антички Театар се спушта завесата на годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“, со претставата „На отворено море“.„На отворено море“ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните, пријателските и љубовните врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат корист од оваа афера. Нушиќ никогаш не би напишал драма за млада, мажена жена…
Од санитарниот државен инспекторат информираат дека водата за пиење во селските водоводи во населените места во поранешната општина Косел е неисправна за пиење.
По контролата која во ја извршил овластен државен инспектор, Агенција за храна и вереринарство донела решение за забрана за користење на водата од локалните водоводи во селата Косел, Свињишта, Завој, Ливоишта, Куратица и другите населени места во поранешната општина Косел.
Државниот инспекторат информира дека водата во селексите средини не се хлорира редовно, бактериолошки е неисправна и небезбедна за користење.
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 10.06.2017 год.(сабота ) и 11.06.2017 год. (недела ) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дези…
Стоп за сите проекти во НП Галичица предлози на поранешната влада, препорачува во заклучокот Монитринг мисијата на Унеско. Состојбата со Охрид е оценета како сè поранлива во новиот извештај на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) за степенот на зачуваност во подрачјата прогласени за светски наследства. Како главна причина за можната деградација се наведени предвидените инфраструктурни проекти а посебно експресниот пат Охрид Св Наум и ски центарот на Галичица.
„ Она за што е дадена препораката е овие деструктивни проекти особено за ски центарот и пато…
Во рамките на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици , а во склоп на Договорот за работа со ЈП „ Градски пазар“ ,по налог на Одделението за сообраќај, започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци на целата територија на Општина Охрид.
Изминатиов период, стручните служби на Одделението за сообраќај извршија целосно детектирање на направените штети од страна на несовесните граѓани и по однапред утврдена програма и динамика на работа, техничко – оперативните екипи на ЈП „Градски пазар“ ќе извршат замена на уништените соо…
Денес активниот состав на полициската станица од Општа надлежност и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, боевото гаѓање ќе се реализира со огнено оружје-автоматска пушка, на стрелиштето „Бејбунар“ со почеток од 08 часот.
Утрешната вежбовна активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Биљјанини извори“.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат …