На прагот од новата туристичка сезона се повторуваат старите, познати комунални проблеми. Еден од нив е непочитување на сообраќајните знаци кои доведуваат до создавање метеж на охридските улици.
Дел од улицата која ги поврзува улиците Коста Абраш и Самоилова повторно е во сообраќаен хаос. Полицијата и овој пат не презема ништо да се реши сообраќајниот хаос во овој дел од градот. На просторот каде што е поставен знакот има бројни паркирани автомобили со охридски, но и со странски регистарски таблички. Дополнително се забележуваат и возила кои вршат дотур на стока кога е најголема фрекфенциј…
Од МЈП Проаква информираат дека денес, понеделник,12-ти јуни, поради дефект на главна водоводна линија, пукната цефка ф 160 мм, кој настана во тек на претходната ноќ, има прекин во водоснабдувањето на дел од Населба Гоце Делчев.
Прекинот во водоснабдувањето е од 6 часот и ќе трае се до отстранување на дефектот.
Со блокирање на крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан тие сакаат да го свртат вниманието кон проблемот со дивата депонија која го загадува градот. Од претставници на Владата на РМ им било ветено дека ќе се бара решение за проблемот. Ако не се исполнат ветувањата, стружани од среда ќе ги радикализираат протестите.
Блокирана крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан. Граѓаните на Струга и денес на ваков начин протестираа, со цел да го свртат вниманието на јавноста кон проблемот со дива…
Во првата охридска бутик винарија Мал Св.Климент љубителите на добрата капка може да дегустираат и купат високо квалитетно домашно вино. Виното е од првата регистрирана берба на грозје 2016. Произведени се неколку сорти вина од грозје од охридскиот реон. Покрај виното, во винаријата се нуди и храна. Дел од тимот е врвниот шеф од светска класа Синиша Салатиќ кој приготвува извонредни специјалитети. Се приготвуваат тестенини, салати, брускети со свежи зачини, вели охридскиот стопанственик Будимир Соколовиќ регистриран винопроизводител.
„Посебно ми е драго што ќе се зголеми туристичката понуд…
Долга е листата на чекање за упис на децата во еден од петте објекти и четири подрачни градинки во Охрид. Голем е интересот за згрижување на децата во охридските градинки. Родителите на околу 240 деца бараат слободно место. Од градинката Јасна Ристеска напоменуваат дека точната бројка на сободните места ќе се знае во август.
„Ќе се потрудиме да примиме колку што е можно повеќе деца. Станува збор за деца од сите возрасни групи. Не ќе има можност сите да се згрижат, но колку што можеме ќе се потрудиме да прифатиме, за родителите да можат да го остварат својот работен процес, нагласува Костес…
Пред новинарите се исправени голем број предизвици за подобрување на состојбите во медиумите, истакна Насер Селмани претседателот на ЗНМ. Тој се сретна со охридските новинари членови на здружението.При тоа напомена дека државата има обврска да обезбеди услови за работа на новинарите. Од понеделник Селмани ги најави разговорите кои ќе следуваат со новата влада за да се изгради нов медиумски систем во држават поучени од досегашните искуства.
„ Прво што ќе бараме од новата влада да најде механизам да престане насилството врз новинарите. Мора да се најде механизам меѓу полицијата, обвинителст…
По интензивните и сложени градежни активности кои течеа последователно околу 13 месеци, денеска започна поставувањето на вториот асфлатен слој на коловозот на улицата „Абас Емин“, со што целосно се комплетира реконструкцијата на една од најважните сообраќајници во Охрид.
Градоначалкот Константин Георгиески ги посети работните екипи кои беа ангажирани на терен и работеа на потегот од пресекот со улица „Охридска бригада“ до пресекот со улица „Железничка“.
Охриѓани знаат дека со реализацијата на овој проект, успеавме да покажеме вистинска грижа за најприоритетните инфраструктурни потреби…
Постапката за избор на фирма што ќе ја изработи проектната документација за катната гаража кај Ривиера е поништена. Проектантската фирма која на првиот оглас била избрана како најдобра за идејното решение и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор не се усогласиле во цената на проектирање по метар квадратен. Најчесто досега во изградбата на катната гаража по метар квадратен проектот изнесуваше од 5 до 10 евра, за ТВМ Телевизија, информира Цветко Грозданов директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
„ Самиот изведувач укажа дек…