Од први јули годинава се очекува поскапување на цигарите во Македонија. Според пресметките, кутија цигари ќе поскапи за околу 4 денари. Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.
Од 1 јули 2016 до 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година, поради што од почетокот на наредниот месец се очекува цигарите да поскапат за 4 денари.
Сепак, во земјава покачувањето на акцизата не се врзува секогаш за поскапувањето на цигарите во малопродажба. Некои производители веднаш ги покачуваат цените,…
Водата во градските чешми во Охрид и Струга, а и во Дебрца е безбедна за пиење информираат од Центарот за јавно здравје. Нивните анализи од испитувањето на квалитетот на водата во последните 3 месеци покажале дека водата е со добар квалитет. Но тоа не случај со селата кои пијат нехлорирана вода веќе подолг временски период како што се Вапила, Ливоишта, Свиништа, Куратица, Елшани.
„Дел од селските водоводи имаат неисправна вода за пиење. Недостасува дезинфекционо средство во најголем број на случаи, но има и микробилошки загадувања кои може да се опасни за населението доколку ја конзумираат…
Проблемот со депонијата во Струга, министерот за животна средина Садула Дураку, министрите без ресор Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко како и ВД Градоначалникот на Струга Мустафа Забзун ги седна на маса. Но, и после едночасовен разговор тие не излегоа со конкретно решение за овој горлив проблем. Рекоа дека во моментов се формирани специјални тела составени од експерти кои ќе работат на случајот за да се најде некое краткорочно решение за депонијата која ги труе граѓаните на Струга, а во меѓувреме ќа се бара и простор за изградба на регионална депонија со што трајно ќе се реши овој проблем.
Кратк…
На 19.08.2021 година во 22.15 часот, на улицата „Партизанска” во Охрид, Љ.К.(63) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.08.2021 година во 15.00 часот, во семејниот дом на И.Д.(41) од Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со негово агресивно однесување кон членовите на неговото семејство и со оштетување на предмети во домот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.08.2021 година во ОВР Струга, приведен е М.Ч.(41) од Струга, кој претходно, околу 22 часот, на улицата „ЈНА” во Струга, го…
Комисијата за сечење дрва од одделението за животна средина при Локалната самоуправа на барање на оделението за комунален развој донела решение да се исечи дрворедот на булевар Туристичка на влезот на градот. Во барањето било наведено дека кореновиот систем прави проблем на атмосферската канализација. Дипл. шум. инж Јовче Цветкоски вели дека доколку дрвата прават проблем со кореновиот систем и го подигаат асфалтот има решение кое го применуваат во цивилизираните и еколошки освестени земји.
„Дрворедите се на тротоар и се прават лесни санации со мали градежни зафати. Се прават острови покрај…
Денес со свечен чин беше удрен камен темелник на затворениот пазар во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески во оваа прилика кажа дека охридската градска власт ги исполнува ветувањата пред граѓаните, а градскиот пазар на охриѓани им бил ветуван неколку години наназад. Бакрачески истакна дека после една голема и комплексна постапка за реализација на овој капитален објект, граѓаните препознаваат кој работи, а кој само ветува.
„Пазарот ќе биде опремен со околу 190 тезги изработени по сите хасап и халал стандарди а во рами на објектот ќе биде изграден и подземен јавен паркинг и тоалети. Она …
Градот блокиран со столици и маси поставени на летните тераси. На улицата „Гоце Делчев“ или позната како старата чаршија неколкуте ресторани буквално го имаат узурпирано просторот па минувачите не можат да се разминат. Дополнителен метеж создаваат и подвижните реклами поставени на средината од старата чаршија кои ги има на секој чекор па оние кои шетаат можат да се сопнат на нив. Истата слика е и во центарот на градот. Речиси целокупната урбана опрема на летните тераси на градскиот плоштад е поставена надвор од жолтата линија која годиниве наназад требаше да биде некоја граница до каде да…
Агенцијата за филм за прв пат остварува соработка со престижната професионална програма „Мидпоинт“, која што е една од водечките програми за развој на филмски проекти. Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска вели дека голем предизвик е тоа што токму во Македонија се одвива една ваква значајна програма.
„Навистина се надевам дека ова ќе биде едно големо и значајно искуство за сите филмски професионалци кои се дел од работилницата. Ова ги потврдува нашите заложби, пред се заложбите на Агенцијата за филм, континуирано, покрај поддршката во однос на финансирањето на филмските…