Јун 28, 2017

Пазрот на недвижности во Охрид во континуиран пораст

Туристичкиот бисер, Охрид, не само што е магнет за гости туку е и магнет за клиентите кои што сакаат да инвестираат во недвижен имот. Ако се погледнат сите аспекти, клима, еколошки незагадено место, природно, културно наследство, се тоа на потенцијалните инвеститори кои сакаат да потрошат средства купувајќи недвижнини им нуди еден опуштен живот, вели Наташа Спасеска Цветкоска, менаџер на агенцијата за недвижнини Капитал консалтинг Охрид. Таа открива каква структура на клиенти купуваат, во Охрид, а нагласи дека и пазарот на недвижности во Охрид е во пораст. „Порастот на продажбате е некаде …

Јун 28, 2017

Жолтиот локвањ го има на сосема мала површина на Мазија

Само два цвета од Жолтиот локвањ процветаа на мала крајбрежна површина на Мазија. Опстанокот на жолтиот локвањ на овој локалитет и понатака е загрозен од растителниот отпад во езерските води. Лимнологот д-р Марина Талевска напоменува дека жолтиот локвањ на Мазија се гуши во растителен отпад, тиња и трска кој се причина за негова стагнација на ширењето. За целосно да не се уништи потребна е чиста средина и поволни услови во кој опстојува. Овој воден цвет кој некогаш го имало во изобилство и ширел пријатен мирис на овој потег , во минатите година заради неповолни антропогени влијанија потпол…

Јун 28, 2017

Течат уписите за прва година во охридските средните училишта

Започнаа уписите во прва година во четирите охридски средни и стручни училишта за учебната 2017/2018 година. Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во прва година според објавениот конкурс може да се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик со минимум 60 поени. Ѕвонко Трпески , директор на гимназијата задоволен од интересот на завршените деветоодделенци да бидат дел од нивното училиште. „ Денешниот интерес покажа дека учениците се запишуваат за продолжување на своето понатамошно образование. Во првиот уписен ден беа пријавени над 170 ученици“, напоменува Трпески. И во ОУТУ…

Јан 17, 2022

Граѓански активисти спроведоа акција за чистење на брегот во Далјан

Охридската населба Далјан е почиста со 50 вреќи собрано ѓубре фрлено од несовесни граѓани. Дваесеттина волонтери, еко активисти од „Чист Охрид“, „Не биди ѓубре“, „Енхелеус“, „Охрид СОС“ спроведоа акција на потегот од кампот „Партизан“ до Извидничкиот центар, за чистење на ѓубре и цврст отпад од брегот и јавните површини. Собрани се големи количини отпад депонирани на несоодветно место од несовесни граѓани на крајбрежјето на Охридското Езеро, напоменува Бобан Трпески од „Чист Охрид“. Беа собрани над 50 вреќи, најмногу од облека и обувки оставени од диви кампери кои престојувале на овој по…

Јун 28, 2017

Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад

Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад. Ова место на крајбрежниот појас од Охридското Езеро, сеуште важи за недопрена природа од човечкиот фактор, ако може и денес така да се каже. Но за жал прекрасниот амбиент го расипуваат несовесни граѓани, кои што за време на викендите уживаат под длабоките сенки на дрвјата, се сончаат и капат, а зад себе ја оставаат нивната комуналната култура и ниска свест за заштита на животната средина. Револт кон ваквата негрижа изрази и активистката за заштита на природата, Мери Нанче. Таа вели дека не може да ја прикрие лутината која што ја чу…

Авг 23, 2021

Од денеска започнува издавањето на личните карти со новото име на државата

Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија од денеска започнува со издавање лични карти со новото уставно име на државата Република Северна Македонија. Издавање лични карти со ново име на државната опозиција, поради која сѐ уште не се донесени измени на законот за лични документи, беше овозможена од владата со донесување подзаконски акти. Во петокот, владата, за да ги надмине проблемите со издавање на нови лични карти, донесе подзаконски пропис усогласен со Законот за лични карти и Законот за јазици, кој овозможува непречено издавање лични карти.Повеќе од 40.000 граѓани на Сев…

Јун 27, 2017

Туристичките работници со барања до новата Влада

Развој на туризмот во државата, проекти за привлекување на странски туристи, се само дел од мерките предвидени во програмата на Новата Влада на СДСМ, за унапредување на туризмот, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Во таа насока, листа на одредени барања подготви и дел од туристичкиот еснаф од градот. Асим Меџедовиќ менаџерот на Фибула рече дека таа листа на барања во форма на документ ќе го достават до Владата и релевантните институции, од каде очекуваат прифаќање на нивните барања како и поддршка во нивните напори за подобрување на условите за работа и решавање на про…

Јун 27, 2017

На Кеј Македонија се монтира забавен детски парк

Забрзано се прават завршните работи на склопување на реквизитите кои ќе го сочинуваат детското рекреативно забавно паркче. Детскиот парк ќе функционира во паркот покрај кејот Македонија, инфoрмираат од Фондот за комунален развој. „ Во моментов се опремува ова детско повеќе наменско игралиште. Станува збор за играчки и реквизити кои се донација од Репубилика Турција донирани на одделението за туризам и локален економски развој. Реквизитите ќе бидат безплатни, а се уникатни за регионов и за прв пат се поставуваат во Охрид “, вели Љупчо Танески од Фондот за комунален развој.  Опремата за уре…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top