Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“. Уште два дена остануваат децата кои се дел од овој камп да уживаат во спортско рекреативните содржини кои им беа организирани како и во меѓусебната дружба која ќе ја паметат. Ова е втора година како Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт го организира овој камп и тие се презадоволни од тоа како се протекло.
Сите активности ги реализиравме ни останува уште утре целосно да ја заокружиме програмата. Впечатоците се крајно позитивни. Мислам дека сите ќе си одат со позитивни импресии. По завршувањето на овој камп ние почнуваме интензив…
Во центарот на Охрид, но и на крајбрежјето како што е населбата Лагадин се гради во ек на сезона. Градежни зафати има на објекти, се прават реконструкции на улици, тротоари и на мостот кај каналот. Со еден збор градат и приватни инвеститори, но и локалната самоуправа. Градот е со прашливи улици и застој во сообраќајот, бука од рано наутро до доцна на вечер. Гостите ни заминуваат, се жалат приватните станоиздавачи.
„ Туристите не доаѓаат каде што има бука, ѓубре, комунална нехигиена. Не им е пријатно да престојуваат во такви околности. И онака е слаба сезонова за приватните станоиздавачи. В…
Охрид деновиве најдобро ја почуствува „битката за насловната страница“, односно за „кликови“ или „отворања“ кај интернет медиумите . Серијата земјотреси кои изминатиов месец и половина го зафатија регионов, извесни електронски медиуми буквално ја злоупотребија, само за да бидат први во трката за тоа кој ќе има најсеназционален наслов, најстраотна фотографија, а несвесни за стресот кој го предизвикиуваат кај граѓаните, ширењето на паника или за економската штета која градов ќе ја претрпи, со оглед на тоа што случувањата кои никој не може да ги предвиди и контролира ни дојдоја во самиот ек на…
Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ веќе две години мака мачат поради непрописното паркирање и задржување на туристичките автобусите и огромниот метеж што се создава пред зградата. И покрај сите напори и алармирања до надлежните служби и до сообраќајната полиција за решавање на овој проблем не е превземено ништо. Потенцираат дека тие како станари на таа зграда се одданочени со највисока ставка на имот за домување па бараат да се почитува правото да ги живеат сите услови кои се загарантирани согласно таа ставка. Станарите на скалестата зграда по пат на петиција на 11 јули …
Охриѓанецот Димче Коруноски ја доби државната плакета „ Благоја Дрнков“ на Деновите на македонската фотографија во Битола. Наградата посветена на доајенот на македонската уметничка фотографија е востановена во 2012 година по неговата смрт. Коруноски аплицирал на конкурсот за 55 -то јубилејно издание на државната изложба во две категории и тоа во колекција на фотографии и поединечна фотографија. Жирито во висока конкуренција на пристигнати уметнички фотографии ги избрало неговите фотографии од црквите Св.Јован Канео, Св. Богородица Перивлепта и Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник во катего…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишниот М.Т. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 6-ти мај 2021 година, пријавениот коментирал на објава на портал, при што ширел и промовирал насилство и поттикнувал омраза кон група или поединец, информираат од МВР.
Древниот Охрид, креативното духовно жариште и прекрасна приказна, останува мост за духовно поврзувње и негување на културните и духовни вредности но и патоказ за еден поубав и похуман свет. Тоа се потврди и синоќа на отварањето на 57 издание на најпрестижната културна манифестација „Охридско лето“. Светската атракција, џез составот „Форплеј“, со својот настап ја воодушеви публиката во преполнетиот амфитеатар. Американските џезери придружувани од Македонската филхармонија под диригенската палка на маестро Емин Џијан, приредија незаборавен концерт кој долго ќе се памети. Фестивалот за отворен…
Охриѓанецот Стефан Стефаноски кој години работи во САД како професор по физика, покрај тоа се заинамва со научно-истражувачка работа применувајќи ги своите знаења од полето на физиката. Дипломира на Природно математичкиот факултет во Скопје во 2005-та година како најдобар во својата генерација, но и покрај неговиот несомнен талент бил приморан да замине во САД да ги продолжи своите докторски студии добивајќи целосна стипендија. Долго време ги пренесува своите знаења на студентите како професор по физика на Универзитетот во Орегон САД, каде што и самиот се стекнал со огромни знаења од област…