Јул 17, 2017

Бродот амбуланта на ОО ЦК ќе остане закотвен

Бродот амбуланта на ОО ЦК за брзи интервенции нема да плови по езерските води. Пловилото ќе остане закотвено и покрај потребата за подигање на степенот на безбедност на вода. Оваа летна сезона нема да функционира тим кој ќе работи на бродот, а во состав од медецински лица, лекари, спасувачи, парамедици и капетан кој ќе управува со пловилото.Бродот амбуланта во минатото беше во функција неколку години. „Бродот амбуланта го направи своето покажа колку на Охрид му е потребен. Наделжните не реагираа како што очекувавме. Очекуваме свеста да еволуира со што ќе стане јасно и во градот и во држава…

Јул 17, 2017

Викендов второ земјено прскање против комарци

Втората дезинесекција против комарци планирано е да се спроведе во петок и сабота оваа недела информираат од „Центарот за јавно здравје“ од Охрид. Првата земјена дезинсекција беше спроведена на 10-ти и 11-ти јуни, а со ова второ прскање би требало да заврши летниот циклус за борба против овие инсекти, вели Д-р. Јовака Стурлакова – Коровешоска епидемиолог од „Центарот за јавно здравје Охрид“. Стурлакова објаснува дека за разлика од минатите години оваа година ќе се спроведат само две теристички дезинсекции во градов. „Ларвицидната дезинскеција ја вршиме секој месец, таа е редовна обврска на…

Авг 24, 2021

Денес во Охрид сончево со температура до 31 степен

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31 степен. Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време, информира…

Јул 17, 2017

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид поднесоа амандмани на ребалансот на буџетот за субвенционирање на штетите од земјотресите и субвенционирање на станоиздавачите

Додека градот е полн со странски туристи, домашните туристи заминуваат, поради зачестените земјотреси и паниката која со тоа се шири, исткануваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Нивните проценки велат дека бројот на домашни туристи е значително опаднат, дека повеќе од 80% резервации се откажани, а останати се само субвенционираните туристи со мерките на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Додека станоиздавачите и хотелиерите се соочуваат со егзистенцијални проблеми, владата на СДС молчи, иако има обврска да се грижи за граѓаните, обвинува претсетдателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Љубен Арнаудов. „Зато…

Јул 17, 2017

Миграцијата покрај „белата чума“ го зема данокот во основните училишта

Иселувањето на младите брачни парови од Охрид и „белата чума“ ги празнат училиштата. Во општина Охрид во учебната 2017 /2018 година според подaтоцитe од МВР и изводите на родени во основните училишта треба да стартуваат 611 првачиња. Од овој број официјално во првиот уписен рок се запишани 498 првачиња, информираат од одделението за образованиe при локалната самоуправа. Од државниот инспекторат испратиле 113 пријави до родителите. Според нивните податоци со миграциските процеси има опаѓање на бројот на запишани првачиња. Од големиот број на испратени пријави добиле повратни известувања дека…

Јул 15, 2017

Инспекторите од Капетанија и годинава ќе прават алкотестови на кајчарите

Контролите за управувачите на пловни објекти ќе продолжат и оваа сезона. Инспекторите од Капетанија ќе им прават алкотестови и проверка на управувачите на пловните објекти дали ги почитуваат законските одредби, информира капетанот Горан Устијаноски. Контролите кои лани за прв пат беа спроведени откриле бројни прекршувања на законот, меѓу кои и алкохолизирани кајчари со над дозволената количина на алкохол во крвта од 0,5 промили. „На терен најдовме меѓу другите и такви. Апелирам да се однесуваат совесно. Овој вид на пловидба во 90 проценти е рекреација каде што се возат семејства. Да не се …

Јул 15, 2017

Топлотниот бран во Охрид го зголеми бројот на интервенции

Топлотниот бран кој деновиве го зафати охридскиот регион ги зголеми и интервенциите на медицинските тимови на интерното одделение при охридската општа болница. Колабирања, влошена здравствена состојба на хронично болни, се само дел од состојбите на кои се интервенира, вели началникот на интерно одделение д-р Виолета Милошеска. „Со високите температури и кај нас е зголемен бројот на прегледи, интервенции. Препораки се да не излегуваат на топлото време, да пијат доволно течности, да носат полесна и бела облека и доколку имаат проблем веднаш да се јават во Итната медицинска помош и по потреба…

Јул 15, 2017

Точков: Да се користат само безбедните капалишта

Крајно време е на Охридската ривиера комплетно да бидат воспоставени безбедни услови на капалиштата. Сите концесионери треба да ги почитуваат законските одредби од правилникот кој е донесен од страна на Капетанија на пристаништата на Македонија и Министерството за транспорт и врски, укажува претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точков. Засега, според Точков, на охридското крајбрежје небезбедни се 30% од капалиштата, додека пак во соседна Струга и Преспанскиот регион дури над 50% од капалиштата се небезбедни. „Имаме доста неодговорни концесионери, пробавме да разговараме со нив, но …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top