Националната комисија на УНЕСКО на вторатa седница го разгледа Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 година, при што усвои Мислење упатено до Владата, во кое се вели дека Нацрт-извештајот е во насока на истакнување на заложбите на земјата која значително ги интензивираше своите активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од седницата одржана во Баку во 2019 година и за исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО и советодавните тела ICOMOS и…
Од АМСМ информираат дека поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот Пресека-село Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
За утре среда со почеток во 12:00 часот, свикана е педесет и шестата седница на Советот на општина Охрид.
Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид, а на дневниот ред ќе се најде само една точка, Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на компјутерска опрема (таблети) на општина Охрид за потребите на ООУ “Братство Единство“ – Охрид.
Заменик министерот за образование, Арафат Шабани денеска во Охрид и Струга оствари работни средби со градоначалниците и компаниите во рамки на процесот на консултации на министерството за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година. Социјалниот дијалог се одвива под слоганот „Учи паметно, работи стручно“„Силно веруваме дека низ овој дијалог заеднички ќе ги идентификуваме потребите и ќе можеме да одговориме на барањата на компаниите, но и за создавање на стручно образование коешто ќе создава кадар потребен на реалниот …
Министерството за животна средина ја отфрла одговорноста за струшката депонија. После поднесената граѓанска тужба од Здружението на млади правници во земјава, велат дека немаат никава одговорност. Депонијата во Струга е дива и нестандардна , а министерството не издало одобрение за локација за депонирање отпад, вината ја лоцираат во општина Струга.
„Таа е дива , нелегална локација за неа не е издадена дозвола и верувам дека ова ќе се задржи на локално ниво. Одговорноста во делот за управувањеtо со отпадот во формирањето со ѓубришта тоа е одговорност на локалната самоуправа“, вели Ана К…
Недостасува мотивиција и поддршка на надарените и талентираните ученци во нашата земја, смета проф. д-р Љупчо Кеверески, претседател на Македонската асоцијација за надарени и талентирани ученици. Потребно е да се подобри постоечката законска регулатива во делот на наградување на талетираните ученици. Постои надостаток од техничка законска регулатива која заради некои недоследности може да предизвика несакани проблеми.
„Законската регулатива треба на одреден начин да се иновира т.е. квалитативно да се подобри во смисла да се искористат исксуствата од другите држави како Словенија“.
На тале…
Охрид и понатаму е втор во Македонија по број на хоспитализации и активни случаи со COVID-19, веднаш после Скопје, а продолжува и трендот секојдневно да бележиме и нови позитивни случаи.
Само овој викенд беа регистрирани 51 новозаболен, колку што имаше во првите четири дена од месецов. Од 1-ви до 7-ми февруари веќе има 113 нови случаи. Колку за споредба, во првата недела од јануари, во Охрид беа евидентирани 102 новозаболени.
Во Општата болница се хоспитализирани 45 пациенти, а мометално Охрид има 404 активни случаи.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(38) од Елбасан, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
На 07.11.2021 година околу 20 часот, на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар” и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, сопреа и извршија преглед в…