• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дијалогот на МОН со компаниите за потребните стручни профили продолжи во Охрид и Струга

Дијалогот на МОН со компаниите за потребните стручни профили продолжи во Охрид и Струга

Заменик министерот за образование Арафат Шабани денеска во Охрид и Струга  разговараше со локалните самоуправи и компаниите во процесот на МОН заеднички да се креираат профили што ги бара пазарот на труд.  Профилите за коишто ќе се утврди потреба, ќе се отворат за запишување на ученици во средните стручни училишта во училишната 2021/2022 година.

 |   | 


Заменик министерот за образование, Арафат Шабани  денеска во Охрид и Струга оствари работни средби со градоначалниците и компаниите во рамки на процесот на консултации  на министерството за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година. Социјалниот дијалог се одвива под слоганот „Учи паметно, работи стручно“
„Силно веруваме дека низ овој дијалог заеднички ќе ги идентификуваме потребите и ќе можеме да одговориме на барањата на компаниите, но и за создавање на стручно образование коешто ќе создава кадар потребен на реалниот сектор“- рече заменик министерот Шабани по работните средби во Струга и Охрид.

Министерството за образование и наука  спроведе анализа за постојните профили кои ги нудат училиштата, нивната усогласеност со потребите на компаниите и подготвеноста за соработка на компаниите со средните стручни училишта на локално ниво. Од 450 компании од цела држава, дури 85 % изразиле  подготвеност да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава.

Профилите за коишто ќе се утврди потреба, ќе се отворат за запишување на ученици во средните стручни училишта во училишната 2021/2022 година. Воспоставувањето паралелки со дуално образование како и можноста одреден период од образованието да се поминува во компанија, а одреден во училиште, ќе резултира со квалификувана и мотивирана работна сила, која кореспондира со потребите на пазарот на трудот.
Министерството за образование и наука ги организира овие средби со поддршка на Швајцарската амбасада.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top