Во Охрид подолго време нема занаетчија бочвар. Бочки за чување вино се набавуваат по нарачка во други градови. Од ковачкиот и опинчарскито занает , пак по еден мајстор секој во својот занает жилаво се бори за опстанок на дејнсота . Ова се само неколку примери од многуте занаети кој се во изумирање, а се прават напори да опстанат. За таа цел во центрите за вработување тече оглас со кој се бараат занаетчии кои ќе ги пренесат тајните на занаетите на заинтересираните невработени лица. Сашо Богојески , претседател на регионалата занаетчиска комора, напоменува дека го поздравуваат овој обид. Д…
На охридските советници очигледно иако се на крај на нивниот мандат сеуште не им недостасува енергија. На денешната 73та седница која воедно е и предпоследна во овој состав, три сати жестоко дискутираа само на една точка која не беше ниту предвидена во дневниот ред туку денес беше додадена на предлог од советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Бурната дискусија се водеше за донесување или не на Заклучок за неприфаќање на нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци во РМ за период од 2017 до 2027год. и акционен план произлезен од стратегијата донесена на Владата на РМ. Според советниците…
Атрактивните туристички центри Охрид и Струга, покрај тоа што се магнет за туристите, посебно во лето се привлечни и за питачите. И оваа туристичка сезона во централното градско подрачје на Охрид регистрирано е присуство на питачи, додека пак во Струга сликата е драстично поалармантна, таму ги има насекаде. Граѓаните забележуваат дека покрај тоа што питачите се наметливи кон минувачите и туристите, често се случува доколку на питачите не им дадете по некој денар, тие да се и агресивни. Од СВР Охрид потврдуваат дека во летниот период бројот на малолетни лица што питачат се зголемува, затоа ш…
Нешто повеќе од една недела не дели до почетокот на новата учебна година, а родителите веќе на големо купуваат училишен прибор и ранци за децата. Трошоците поврзани со зимницата и секако со почетокот на учебната година месец септември го прават да биде меѓу најскапите месеци во годината. Ова особено ги загрижува семејствата кои што располагаат со минимални приходи. Според првичните пресметки што ги прават родителите, почетокот на учебната година за еден ученик семејството ќе го чини околу 6000 денари. Со овие пари како што велат родителите треба да се купат, тетратки, блокчиња, пенкала, мол…
Интересот за паркинг место оваа летна сезона беше многу голем и од македонски и од странски туристи. Ова лето на охридското крајбрежје беше поголема посетеноста на српските туристи кои доаѓаа со сопствени возила. Тие со одлука на градскиот Совет имаа бесплатно паркирање на сите паркинзи со исклучок во премиум зоната, информира Гордана Јованоска, директорка на ЈП „Билјанини Извори“.
Според статистиката за бројот на српски возила кои се паркираа имаме податок дека нивниот број се движел од 80 до 100 возила. Тие возила се на охридските паркинзи секојдневно. Возилата се наоѓаа на паркинз…
Дуото „Алиада“ што го сочинуваат двајца „неверојатно талентирани и креативни музичари“, саксофонистот Михал Кнот и хармоникашот Богдан Лакетиќ, вечерва ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.
Концертот „Нови бои на минатото“ насловен како и нивниот прв албум, ќе донесе дела од Хендл, Григ, Пендерецки, Де Фала, Барток и Пиацола, сите аранжирани за саксофон и хармоника од дуото. Од нивното формирање во 2013 година, дуото веднаш станува впечатливо во светот на класичната музика, што резултира со бројни концерти насекаде низ светот. Во минатата сезона остваруваат повеќе од …
Во Охрид интензивно се гради сред сезона.До реадакцијата на ТВМ телевизија од почетокот на јуни месец редовно стигнуваат реакции од граѓани дека во центарот на градот на неколку локации се гради дури и ноќе до раните утрински часови. Најреволтирани се станоиздавачите од мал обем , на кои им заминуваат туристите кои платиле апартман за да одморат а не да слушаат мешалки за бетон и да голтаат прашина. Всушност тоа и беше мотивот на градскиот совет кога пред десеттина години донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци во интерес на туризмот. Но тоа не ги попречува и…
Туристите кои имаат станови во Охрид, но и нашите иселеници на привремена работа во странство, укажаа на одредени забелешки кои се однесуваат на работата на судската администрација. Нивниот престој во Охрид покрај тоа што го користат за одмор, добар дел од нив ги средуваат и институционалните обврски, меѓу кои и предметите кои им се заглавени во судовите. Тие велат дека во Основниот суд во Охрид тешко можеле да ги завршат своите обврски додека се на одмор, бидејќи не можеле да ги затекнат судиите кои ги решаваат нивните предмети. Секретарот на Основниот суд во Охрид, Борче Мирчески, тврди д…