Oстварена средба помеѓу кандидатите за градоначалници на престојните локални избори, на која беа договорени фер, демократски и легитимни избори.
Тројцата кандидати за градоначалници, Јован Стојаноски, Стево Стевоски и Митко Тилевски воедно потпишаа и Кодекс за фер избори, со кој се обврзаа да го почитуваат Изборниот законик и да овозможат изборниот процес во Охрид да помине во максимално демократска атмосфера.
Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Се одржа втората едриличарската регата во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид на која учествуваа четиринаесет едрилици со трочлeн екипаж од Македонија и Србија кои се натпреваруваа во две категории.
Регатата има ревијален карактер целта е да се покажи дека Охрид има услови за едрење не само на лето туку и во другите месеци од годината, рече Стефан Ставрески од Јахтинг клубот Акватика.
Интересот за едерењето од ден на ден се повеќе расте. Бројот на едрилоци се зголемува, но проблем е тоа што градов нема мари…
Околу 40 вреќи отпад, пластични шишиња, лименки, тенџериња, гуми извадија нуркачите од Охридското Езеро на потегот од старото пристаниште до каналот Студенчишта. И годинава Клубот за подводни дејности Охрид“ и Нуркачниот Центар „Амфора“ ја реализираа традиционалната акција за чистење на езерското дно од цврст отпад. Горан Балевски пренесе дека тие како клуб учествуваат со комплетна опрема но и со голема желба да допринесат во зачувување на ретките природни вредности како што е нашиот oхридски бисер, езерото.
„Акцијата има единствена цел да се влијае на свеста. Јас во неколку наврати сум ка…
Професионално длабинско и хемиско чистење на автомобили. Деновиве во нашиот град охриѓани го забележуваат атрактивното мобилно возило за миење коли. Идејата ја реализираа младите Никола и Бојан, кои како што велат не им требало некоја посебна анализа за да се одлучат за еден ваков бизнис. Тие следејќи ги модерните текови и брзите текови на живот деновиве ја отворија првата фирма во Македонија за мобилно и еко миење на автомобили.
„Еко Ваш“ работи на принцип на водена пареа, ние сме први во Охрид што работиме на тој принцип. Предностите се во тоа што правиме 80% помала колична на вода откол…
Охриѓани почнаа да дваат поддршка на граѓанската инцијатива „450 Породилно“ или Пеленската револуција. Граѓаните со својот потпис даваат зелено светло за организирање референдум за донесување на предлог Закон за работни односи. Со измените ќе се зголеми времетраењето на платено отсуство од работа поради бременост,раѓање и родителство од сегашните 9 месеци(за едно дете) и 15 (за повеќе деца), на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат. Предлогот ги вклучува и мајките кои во моментов се на породилно отсуство.
„ Засега е добро има интерес. Помладите, а посебно младите мајки дава…
Охрид и годинава беше дел од големото семејство градови кои ја одбележуваа Европската недела на мобилност 2017 и Денот без автомобили. Охриѓани со учество на традиционалното велосипедско дефиле низ охридските улици упатија порака за почесто користење на алтернативни видови превоз за почиста и поздрава животна средина. Настанот е во организација на општина Охрид и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот а во дефилето покрај, велосипедистите, рекреативците, средношколците и граѓаните учествуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на општинскиот совет за безбедност Стеф…
Потребна е интензивна соработка помеѓу ветеринарите од регионов. Регионов не само што дели иста историска судбина туку дели иста епидемиолошка судбина. Ветеринарната професија не само што се грижи за здравјето на животните, туку за здравјето на човештвото воопшто. Појавата на болести карактеристични за тропските предели што досега не се забележани во овој регион, како синиот јазик кај овците и козите, јазлестата кожа кај говедата, афричка чума кај свињите се актуелните предизвици исправени пред ветеринарните служби во земјава и соседните земји.
„Претходните две години имавме веќе болести к…
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, во петок, на 27-ми август ќе се изврши теристичка (од земја) дезинсекција за уништување на комарците.
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот со апарат за ULV ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на реката Сатеска, локалитетите со застојни водени повр…