Екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ во текот на изминатите неколку денови го чистеа, но и украсуваа централното градско подрачје во знакот на Богојавленските празнувања.
Нивните оперативни служби темелно го расчистија делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана беше и механизација и се расчистуваа наносите од песок, трска и друг вид отпад.
ЈП „Охридски Комуналец“ секогаш излегува во пресрет во подготовките за празнување на најмасовната црковно-верска манифестација во овој дел од православието по која Охрид ста…
Спасителите на планина и непристапни терени забрзано се подготвуваат за делување во престојниот зимски период. Тимот функционира во рамките на ОО ЦК и забрзано ги подготвуваат планинарскиот дом и пунктовите на планината Галичица. Конечно, оваа зима тимот за спасување ќе функционираа со целосна опрема. Опремата е добиена преку проект од Ипард фондовите на ЕУ, а аплициран со партнери од Албанија. Проектот ќе почна да функционира од ноември 2017 година , информира Сашо Точков претседател на ОО ЦК.
„ Вклучува изработка, подготовка, опрема и опремување на целосна служба и станица за спасување н…
Во второто коло од Втората македонска фудбалска лига, екипата на ФК Воска Спорт ќе ги одмери силите со тимот на Кораб од Дебар.
Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Билјанини извори“ со почеток од 16 часот, а влезот за мечот ќе чини 100 денари.
Инаку, Воска Спорт сезоната ја започна со голема победа над тимот на ГФК Гостивар. Резултатот беше 0:4 на гостински терен, а Воска Спорт е на врвот од табелата.
„Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Републиката, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми, постигнавме голем успех зголемувајќи го бројот на странски и домашни туристи, рече на денешната прес конференција Др. Митко Тилевски Кандидат за градоначалник од ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Вратите на туристите ќе се отворат преку реализација неколку проекти, мешу кои е изградбата на конгресниот центар, рече тој.
„Не се откажуваме од оваа идеја иако истата претходно беше стопирана. Со инвестирањето во изградба на К…
„Охрид да го направиме општина за сите, општина во која сите граѓани ќе бидат еднакви, со еднакви можности да успеат во животот“, истакна на деншната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, Бесим Демиров.
„Со тоа веќе започна Владата на РМ, која е наш партнер и пријател. Новата влада е одлучна во намерата парите да се вратат кај граѓаните, а таа определба започна со зголемувањето на минималната плата, укинувањето на радиодифзната такса, воведувањето на ефтината тарифа на струјата. Тоа се пари кои граѓаните ги заштедуваат, тоа се пари кои ост…
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, утре-13.10.2017 година (петок), ќе отпочне со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“.
Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е, претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно…
16 екипи од Охрид , Струга и Скопје учествуваа на Оhrid sealing cup. Едрењето имаше натреварувачки карактер, а меѓу едриличарите за прв пат се натпревруваше и женски екипаж од Скопје. Се пловеше на потегот Пристаниште – Канео – Куба Либре – Пристаниште. Стевчо Ставрев претседател на Здружението за спортови на вода Акватика јахтинг укажува на нивните идни планови.
„ Тенденција е „ Оhrid sailing cup“ да прерасне во манифестација препознатлива за Охрид. Развивање на едрењето , на наутичкиот туризам и искористување на најнеискористениот спортски терен во РМ, Охридското езеро. Се надеваме дека …
Последните испитувања на мостри со вода за пиење од градскиот водовод и површинските води во Охрид покажале дека се со добар квалитет. Во охридската водоводна мрежа нема индикатори за нарушување на квалитетот на водата за пиење, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Она што загрижува, а не е ново, што во водоснабдувањето со водата за пиење се селските водоводи продолжува практиката да не се употребува средство за хлорирање. Во селските водоводи 70 посто од водата е со добар квалитет, но 30 посто од земените мостри во селата покажауваат дека нема средство за хлорирање на водата.
„Упатуваме…