• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Oтворена и услужна општина за сите ќе овозможи подобрување на условите за живот на сите граѓани

Oтворена и услужна општина за сите ќе овозможи подобрување на условите за живот на сите граѓани

Бесим Демиров кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата „За живот во македонија“, истакна дека преку подршка при изборот на идната професија и обезбедување можност за практична работа, младите ќе ги задржат во Охрид.

 |   | 

„Охрид да го направиме општина за сите, општина во која сите граѓани ќе бидат еднакви, со еднакви можности да успеат во животот“, истакна на деншната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, Бесим Демиров.

„Со тоа веќе започна Владата на РМ, која е наш партнер и пријател. Новата влада е одлучна во намерата парите да се вратат кај граѓаните, а таа определба започна со зголемувањето на минималната плата, укинувањето на радиодифзната такса, воведувањето на ефтината тарифа на струјата. Тоа се пари кои граѓаните ги заштедуваат, тоа се пари кои остануваат во џебот на граѓанинот“ рече Бесим Демиров – кандидат за советник од СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.

Демиров потенцираше дека нивна определба е преку подршка при изборот на идната професија и обезбедување можност за практична работа, младите да ги задржат во Охрид. Сите фирми кои добиле општински средства, ќе треба да гарантираат, дека ќе обезбедат практична работа за млади во нивните фирми. Исто така Демиров најави и неколку инфраструктурни проекти.

„Обезбедуваме инфрструктура за сите. Ја довршуваме атмосферската канализација на улицата Сатеска, го менуваме старото осветлување со ново. Оваа урбана заедница хортикултурно ја уредуваме, поставуваме тротоари каде што нема. Ги подобруваме условите во ОУ „Св. Климент Охридски“ во населбата Даљан, со изградба на спортска сала и реновирање на тоалетите во училиштето. Ги затавараме и бајпасите на колекторот пред игралиштето во Воска“, додаде Бесим Демиров – кандидат за советник од СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.

Демиров на крај истакна дека преку одговорно и домаќинско работење ќе се подобрат условите за живот на сите граѓани, и ќе се зголемат можностите за социјален и економски развој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top