Окт 25, 2017

„ПОСЛЕДНА НОЌ“ ВО ОХРИД

Сабота 28.10.2017 со почеток 20:00, Народен театар Битола ја донесува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист. Билети на касата на Центар за Култура Григор Прличев Охрид. Народен театар Битола ја донесува претставата „Последната ноќ“ од Ингма Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски. Преводот на текстот е на Ана Марија Илиевски, а во главните улоги играат Соња Михајлова и Марјан Ѓорѓиевски. Музиката во претставата е на Димитар Андовски, а костимите се на Марта Дојчиновска. Оваа претстава е обид да се покаже што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се р…

Окт 24, 2017

Дебарскo Кичевската епархија нема да го следи примерот на Повардарската епархија

Во јавноста негодување предизвика неодаманешната одлука на Повардарската епархија да воведе давачка за снимање и фотографирање пред и во верските објекти. За фотографија сликана во црква од свадба или некоја друга церемонија давачката е во висина од 500 до 1000денари. По оваа одлука охриѓани се прашуваат дали примерот со Повардарската ќе го следат и други епархии односно ваква слична давачка ќе следува и во охридските цркви.Од Дебарско Кичевската  епархија категорични не планираат ,а никогаш и не размислувале за воведување ваква давачка во нивната епархија. Од Дебарско Кичевската Епархија …

Авг 30, 2021

Учениците се враќаат во училиште

Учебната 2021/2022 година на 1 септември ќе почне со отворени училишта за основците и средношколците. Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница. Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комиисјата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември. На седница во вторникот Владата ги усвои Планот за о…

Окт 24, 2017

Утре на репертоарот на охридскиот театар повторно претставата “АНАЛФАБЕТ”

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим БлагадушаНикола Тодороски – Митре П. КлатипатлакСтрезо Стаматовски – Румен ВујаклијаЕлизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василевпочеток 20.00 часот. Картите по цена од 150 денариПретставата не е за лица помлади од 14 години Во претставата се користат пиротехнички средства. Телефон за резерваци на карти 046/261-063 секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, подигнување на резервирани карти најдоцна еден ден пред одигрување на претставата! Работно време н…

Окт 23, 2017

Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври

Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври. Просекот за овој период е 11 сантиметри повеќе од минималното ниво и според Управата за хидрометеоролошки работи денешната кота на нивото на езерото изнесува 693.20 , што е за три сантиметри над природната кота од 693.17 метри надморска височина. Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски неодамна најави дека ресорното министерство заедно со Владата ќе ја разгледува состојбата со нивото на Охридското езеро. „Во претходиот период бев и во посета на Охрид особено заради овој проблем и навистина к…

Окт 20, 2017

Николовски: Владата работи на решавање на сите отворени проблеми во пчеларство

Владата работи на решавање на сите отворени проблеми во секторот пчеларство. Ова доаѓа откако пчеларите упатија барање до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за прогласување елементарна непогода во оваа гранка, поради неповолните влијанија од временските непогоди што се случија годинава, прво екстремно ниските температури, а потоа сушата, кои нанесоа сериозни штети во пчеларството. Ресорниот министер Љупчо Николовски неодамна изјави дека ќе бидат преземени и системски мерки за развој на пчеларството. Тој открива дека ресорното министерство предвидело доплонителни 10 м…

Окт 20, 2017

Стојаноски ја презеде функцијата Градоначалник на Охрид

Денеска на новиот татко на градот, Јован Стојаноски од страна на претседателот на Општинскта изборна Комисија, Димитрија Вревезоски, му беше врачено уверението за избран градоначалник на локалните избори што се одржаа во Охрид на 15-ти октомври. На примопредавањето на функцијата, стариот градоначалник Никола Бакрачески и неговиот наследник испија кафе во кабинетот и остварија получасовен разговор. Новиот градоначалник на Охрид во својата прва изјава на функцијата вети дека ќе биде градоначалник на сите и побара од граѓаните трпение бидејќи работите нема да се одвиваат брзо и едноставно како…

Окт 20, 2017

Утре шпанската влада ја укинува автономијата на Каталонија

Шпанската влада соопшти дека утре ќе ја укине автономијата на Каталонија повикувајќи се на членот 155 од Уставот. Со ова Барселона, главниот град на покраината, каде што годишно се произведуваат 20 отсто од стоките и услугите во Шпанија, би можела да потпадне под директно управување на Мадрид. Шпанскиот премиер Маријано Рахој утре ќе ги собере сите министри за да го активираат членот 155 од Уставот кој ѝ дозволува на централната влада да ја преземе контролата над која било од 17-те автономни покраини ако некоја од нив не се однесува во рамки на шпанскиот устав. Членот 155 не е прецизиран,…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top