Охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец освои златен медал на “UNICA” на 25-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300”, што се одржа во Битола. Во конкуренција на 41 филм, меѓународното жири предводено од проф. д-р Стефан Сидовски, во кое членуваат истакнати филмски работници од повеќе европски држави, одлучи златниот медал на “UNICA” за филм кој поттикнува разбирање помеѓу народите, да му припадне авторот на краткометражниот документарен филм “Страсна недела- Бигорски манастир”. Документарецот е приказ на случувањата во последните три дена од Страдалната седмица од Вос…
Решавањето на проблемот со кучињата скитници, еден од проритетите на Општина Охрид. Таа во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. презема почетен план за решавање на овој долгорочен проблем. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување, а ќе се бара и трајно решение за определување локација за стационар. Градоначалникот Јован Стојаноски денес одржа состанок со претставници на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, „Охридски комуналец“, „Анималија“ и полицијата.Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицир…
12 собрани ќеси со отпад е епилогот на викенд акцијата на неформалните група екоентузијасти „За почист Охрид. Неколкумината активисти ја реализираа акцијата на еден дел од населбата Христо Узунов. За помалку од една година втор пат ја чистат околината во наслебата и велат дека состојбата е лоша наидуваат на секаков вид отпад. Наша задача не е ние да чистиме туку да ја подигнеме свеста и кај граѓаните и кај институциите, вели Глигор Велјаноски еден од активистите за почист Охрид .„ Недостасува ажурност на службите да ја чистат и заштитат околината и свесноста на граѓаните каде фрлаат отпад. …
Продолжување на туристичката сезона по завршување на летото туризмолозите гледаат во конгресниот туризам. Тоше Чочороски менаџер на охридскиот хотел Силекс информира дека во Охрид до Нова година конгресен туризам ќе има, но во помал број за разлика од минатите години. Тренд на домашните компании е да организираат семинари надвор од Македонија . За настаните се избираат места со дополнителни понуди како што се спа центри и други содржини, а тоа не оди во прилог на домашниот туризам, напоменува Чочороски.
„Конгресниот туризам е на стабилни основи кога станува збор за Охрид. Тој е во континуи…
Протест на влашкамаалци. Синоќа мештаните од Горна Влашка маала излегоа на улица повикувајќи го мобилниот оператор ВИП да ја тргне базната станица која ја поставуваат на приватен објект во близина на училиште и градинка каде дневно гравитираат над 1500 ученици. Петар Трајановски очекува дека овој проблем ќе се реши на еден мирен и цивилизиран начин. Без да има потреба од преземање на дополнителни и порадикални мерки.
„Нема да дозволиме да се постави антената. Ние бараме отстранување на конструкцијата, а да не зборуваме за поставување на антена“ .
Јоне Станкоски жител на Влашка маала пак к…
Охрид конечно ќе добие јавни тоалети. На двете предвидени локации, едната во централното градско подрачје позади Амамот, другата кај Горна Порта, избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Мирјана Лозаноска, дирекоторот на Центарот вели дека во проектот за подобрување на туристичките услуги со поставување на јавни тоалети, свој удел има и Локалната самоуправа на Охрид.
„И општините имаат свое сопствено …
Времето во Охрид денес сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.
Следува период на претежно стабилно и сончево време со слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува во среда и четврток. Во среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро особено во посеверните делови ќе биде посвежо, информираат од УХМР.
Нема укинување на Законот за заштита од пушење. Од еснафот на угостители од Охрид велат дека тие биле иницијатори на само некои измени на законот и додефинирање на работите, а не и негово целосно укинување. Пратеникот Томислав Тунтев кој беше предлагач на ова барање во Парламентот на РМ вели дека во овој момент не постои никаков нов предлог закон што го изготвила Владата ниту пак нов предлог што е во владина процедура, ниту пак некакви работни групи изготвиле некаков нацрт текст. Во овој момент во собраниска процедура е предлогот на седум пратеници за измени во законот што се однесуваат сам…