Ное 9, 2017

Општина Дебрца во минусно салдо

Општина Дебрца во минусно салдо. Ваквата состојба ја наследил новиот градоначалник Зоран Ногачески според првите неофицијални податоци. Тој вели дека изминативе две недели неговиот тим детално ја скенира состојбата во општината и првичните подеатоци кои не се конечни, кажувале дека околу 8 милиони денари се доспеани обврски кон општината, неплатени. „Иако поранешниот градоначалник на самото примопредавање кажа дека општината ја остава во позитива со 800 илјади…тој само ја спомна моменталната состојба на сметката. Меѓутоа за да имате една целосна претстава во каква состојба се наоѓа општи…

Ное 9, 2017

Триесетина охриѓани ќе добијат субвенции за ПВЦ прозори

Министерството за економија ја објави листата на граѓани кои ќе добијат субвенциија за пвц прозори. Меѓу 1100 баратели од цела Македонија има само триесетина охриѓани. Ресорното министерство ќе исплати субвенции во висина од речиси 500.000 евра на граѓаните што вградиле нови алуминиумски и ПВЦ прозорци во нивните домови. Граѓаните во наредниот период може да очекуваат на нивните сметки да се префрлат по 500 евра државни субвенции. Министерството со воведување на овој проект ги поттикнува граѓаните да инвестираат во енергетската ефикасност на нивните објекти. Вградените пвц прозорци во домов…

Ное 8, 2017

ТА „Тика“ планира изградба на училишна зграда на местото на ОУ „Братство Единство“

Со донација од турската агенција „Тика“ во Охрид се планира изградба на нова училишна зграда. Новата школа би се градела на местото на старата зграда на ОУ Братство Единство на улицата „7-ми Ноември “ која е изградена пред 7 децении и е едно од најстарите турски училишта во Р.Македонија. Иницијативата за изградбата на нова школа и контактите со ТА „Тика“ се на охриѓаните Ајнур и Хулија Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти. Еден од иницијаторите за изградба на нова школа е Емир Муфти , претседател на Совет на родители ОУ „Братство Единство“. Тој кажува декаидејата и контактите со Тика се резулт…

Авг 30, 2021

Повторно инспекција на Буково и глоби за Охридски Комуналец

Денеска од државниот инспекторат за животна средина информираа дека во петокот на 27ми август, извршиле контролен инспекциски надзор на депонијата Буково. Надзорот следи по претходно издадено Решение на ЈП Охридски Комуналец, со кое правниот субјект беше задолжен да ја изгаси депонијата и континуирано да ја прекрива со земја. Инспекторите констатирале дека на лице место има појава на горење на депонијата на неколку локации од кои има густ чад. Депонираниот отпад не бил израмнет и прекриен со земја. На лице место имаше булдожер кој го рамнеше депонираниот отпад, а немаше екипи кои го гас…

Ное 8, 2017

Катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога

Долго најавуваната катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога. Агенцијата за стопанисувања со станбен и деловен простор кои се инвеститори на овој капитален проект не откриваат детали околу динамиката со која течат работите. Од таму велат: Изградбата на катната гаража во Охрид, во близина на Центарот за култура “Григор Прличев“ е предвидена со Годишната Програма за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија , меѓутоа текот на активностите кои ќе се превземаат за нејзина изградба ќе зависи директно од приливот на фин…

Ное 8, 2017

Кривична пријава за млад коселчанец за предизвикување општа опасност

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од охридското село Косел. Пријавениот, казненото дело го сторил на втори минатиот месец со фрлање камења врз станот на В.Г. лоциран на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид. Тој, најнапред во 01 часот а потоа и во 02 часот и 40 минути, фрлил камења кон прозорците од станот и ги скршил, по што веднаш избегал од местото. За време на увидот во станот, пријавениот на влезната врата од станот фрлил запалива материја од која се запалил дел од влезната врат…

Ное 8, 2017

Децата низ жанровите на музиката, приредба на најмладите охриѓанчиња

Под мотото „Децата низ жанровите на музиката“, синоќа во СРЦ „Билјанини извори“, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ го прославија својот патронен празник 7 ми ноември. Со песни, музичко ритмички изведби, ора, дечињата се претставија пред присутните и покажаа како со песна и игра го поминуваат нивниот престој во градинката. Директорката на градинката Розе Костеска во оваа пригода истакна дека рерализирале бројни проекти, активности и оценува дека годинава што изминува била успешна. Таа потенцираше дека установата ја исполнувала основнта цел на нејзиното постоење, односно на нај…

Ное 7, 2017

Митаноски: Моќта на медиумот е голема, ако имаш што да кажеш, јасна мисла, концепт

Оваа година охридското Супер радио одбележува вреден јубилеј, четврт век од своето постоење. Менаџментот на ова радио вложи сериозен напор овој две и пол децениски период да се одржи, надгради, и во секое време да обезбеди навремена и точна информација, но и многу забава, култура и едукација. Сопственикот, Сашо Митаноски, се потсетува на почетоците во 1992 година, вели започнале скромно, но она што цело време се провлекувало низ овој 25 годишен период била иницијативата и ентузијазмот. „Се менуваа и екипите и поставите внатре но тој ентузијазам беше токму она што го задржа да биде во сушти…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top