На Булевар Туристичка, на потегот од улицата Стив Наумов до сообраќајната клучка денес беа засадени првите стебла јавор. Набавени се 160 стебла од видовите јасен и јавор. Со тоа ЈП Охридски комуналец започнува да го обновува дрворедот кој настрада пролетва кога беа исечени голем број на дрва при реконструкцијата на тротоарите на булеварот.
„Денес се засадуваат од десната страна со јавор беа засадени 40 стебла. На истата страна на треба уште 20 стебла да се засадат . 60 стебла од другата страна од видот на јасен“, информира Трајан Љаткоски рак на паркови и зеленило Комуналец.
Дрва ќе се с…
Во детската градинка Развигорче се одржа хуманитарна акција од компанијата Битолска млекара. Соработката меѓу оваа компанија и охридските градинки трае неколку години на различни теми, информира директорката на градинката Мери Рилкова. Годинава темата е нова и е ре-креирање, додва таа. Ние го употребуваме овој термин како рециклирање кој е вклучен во нашата програма за рано учење и развој, напоменува Рилкова за денешната активност.
„ Децата покрај тоа што се запознаваат со храната на Бимилк , со нивните производи.Особено со млекото и млечните производи, кои се здрава храна за нив и се запо…
Спортско рекреативниот туристички центар Златибор, за прв пат претставен пред туристичките работници во Охрид. Заменик претседателот на општина Чајетина, Арсен Џуриќ рече дека голем број гости од Македонија го посетуваат Златибор и смета дека добро би било да се зацврсти соработката и со најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид.
„Покрај големиот број на сместувачки капацитети, Златибор навистина има голем број на содржини, ние сме и зимски и летен туристички центар и практично живееме преку цела година. Покрај ски центарот Торник, кој има 3 скијачки стази во допжина од 7 км со ад…
Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, со историски час ги одбележаа 74 -те години од одржувањето на второто заседение на Авној на 29 и 30 ноември 1943 година. Присутните ги поздрави Гоце Георгиески претседател на општинскиот сојуз на борци од Охрид и Дебрца и му даде збор на проф. Наце Иваноски. И0сторичарот говореше за улогата и значењето на Авној пред голем број присутни воени ветерани, резервисти, пензионери, титоисти, претставници на политички парти, НВО и ученици. Иваноски ги потсети присутните на знач…
Пливачката федерација на Македонија одржа средба со новинари со цел да ги презентира чекорите кои ги презема за да креира нова димензија во развојот на спортското пливање во Македонија.
Секоја активност е предвидена да има максимален ефект врз овој спорт имајќи ги во предвид младите надежни пливачи и професионалците кои со години се докажуваат на меѓународната сцена.
„Нашата програма за два олимписки спорта, пливањето и далечинското пливање, т.е. Маратонот се направени усогласени со календарот на ФИНА и очекуваме соработка преку спортски дијалог и преку имплементација на средствата кои сл…
Новата општинска зграда се става во функција. Деновиве повеќе одделениа се селат во новите простории кои нудат подобри услови за работа и поголема комоција. Стариот влез и понатаму останува да се користи како влез за градоначалникот, за советот на општина Охрид и за Секторот за поддршка на градоначалникот. Останатите ќе го користат другиот влез кој води до новата зграда, а паркингот ќе биде преместен од северната страна на општината. Се прави и пристапна патека од новиот влез до старата зграда бидејќи сервисот за граѓаните останува на истото место.
„Просторно ќе бидеме посредени ние како о…
На 14.02.2022 година околу 21 часот, Д.А. (24) од Охрид, во семејниот дом, по претходна вербална расправија, физички ја нападнал својата 22-годишна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Во супер лигата за мажи, утре во 19 и 30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ охридските ракометари ќе си ги одмерат силите со Еурофарм Работник од Битола. Овој дерби натпревар од 11 тото коло е од исклучителна важност за охридскиот клуб вели претседателот на клубот Љупчо Танески.
„ Победа на овој натпревар ќе значи и 90 % учество на РК Охрид во плејофот, ако е рано да се зборува за тоа“
Тренерот на РК „Охрид 2013“ Горан Андоновски, очекува сигурен пласман во плејофот. Тој рече дека и покрај тековните проблеми со кои се соочува клубот, бележат позива со многу добиени утакмици.
„Сите сме запоз…