Дек 29, 2017

Нешто повеќе од една милијарда денари тежи буџетот на Општина Охрид за нареднава година

1 007 597 123 денари е буџетот на Општина Охрид за 2018та. Ова денес го изгласаа советниците на последната седница за оваа година. Овој буџет е за околу 50 милиони денари помал од ланскиот. Експертите очекуваат дека ваквиот буџет треба околу 90% да биде реализиран и во најголем дел да бидат задоволени потребите на граѓаните. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ која уште пред две недели најави дека ќе го бојкотира советот поради притворањето на пратениците кои се членови на оваа партија денес се појавија на седница, но само за да искажат несогласување со проекцијата на буџетот посебно потенцира…

Сеп 3, 2021

Во Трпејца по четврти пат Уметничка колонија

Од денеска до понеделник во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ во Трпејца ќе се одржи четвртото издание на Уметничката колонија која и во време на Ковид -19 ќе го задржи интернационалниот карактер. Инспирани од овој неверојатно убав крај во наредните четири денови сликарските платни ќе ги обојат: Наташа Попоска – Карче,  Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски уметници од Охрид и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.   Традиционално – уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците  и мештаните. Умет…

Дек 28, 2017

Бојкот на наставата најавуваат родители на ученици од ОУ Св. Климент Охридски

40-тина родители чии деца учат во ОУ Св Климент Охридски се закануваат со бојкот на наставата доколку не се задржат и понатака на работа одделенските учителки Маја Маленко и Лидија Ристеска, како и логопедот и дефектолог Билјана Аслимоска. Трите просветни работнички биле ангажирани во училиштето со договор на дело. Родителите на првачиња и деца со посебни потреби кои учат во ова училиште сакаат и понатаму во образовниот процес да се грижат досегашните учителки. Тие се повикуваат на нивната стручност и професионалност и напоменуваат дека нема да дозволат да се игра со емоциите на децата за с…

Дек 28, 2017

„Дедо Димо“, нов етно ресторан

Синоќа со традционални песни, зурли, тапани, фолклорни точки и христијански обред на осветување, беше отворен новиот етно ресторан Дедо Димо. Сместен е во срцето на една од најпрекрасните рурални средини во Охрид, селото Куратица. Станува збор за семеен бизнис на Горан Ангелоски, што според него претставува продолжување на традицијата од пред 15 години за развој на руралниот туризам. „Ова е една поголема надоградба која ќе биде пример не само за Охрид, туку и пошироко во Mакедонија како да се развива туризмот и како би можеле нашите села да одат понатаму. Целта е да ги привлечиме домашните…

Дек 27, 2017

Локални ѕвезди ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на новата година на градскиот плоштад

Даниел Кајмакоски и Анита Мицова се музичарите кои ќе им посакаат среќна нова година на сите оние кои на 31 декември ќе бидат на градскиот плоштад. Локалната самоуправа иако со тенок буџет сепак организира дочек на отворено на задоволство на охриѓани, но и на гостите кои го избрале Охрид за дестинација каде ќе ги поминат новогодишните празници. Оваа година нема звучни имиња на уметници кои ќе настапат на плоштад за дочекот на новата година иако тоа се очекува од еден туристички центар како што е Охрид. Заради краткиот период и ограничените финансиски средства со кои располага општината за…

Дек 27, 2017

Организиран пред новогодишен базар во основното училиште „Григор Прличев“

Предновогодишната атмосфера денес се чувствуваше и во основното училиште „Григор Прличев“. Раздвижени и весели беа учениците од 1 до 5 одделение на традициналниот училишен базар кој се одржува во овој период од годината, а каде ги продаваа своите изработени декорации. Одржувањето на ваков вид базари на кои се продаваат различни изработки од учениците, наставниците и родителите има повеќе придобивки, напоменува Офелија Петреска, директор на основното училиште „Григор Прличев“. Се развиваат креативноста, дружењето и хуманизмот, подвлекува Петреска. „ Парите се наменети за технички средства …

Дек 27, 2017

Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство

Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство. Претставниците на македонските граѓански здруженија деновиве има можност да ја следат оваа обука во организација на првата детска амбасада во светот Меѓаши. Станува збор за еден поголем регионален проект, мултинационална коалиција за борба против трговија со луѓе и родово базирано насилство, кој се спроведува со неколку партнерски граѓански организации од неколку соседни земји, појаснува Катерина Конеска проектниот координатор. Додава дека посебен акцент бил ставен на заштита на жените и децата, како најранливи жртви. „Ова е основна об…

Дек 27, 2017

Градоначалникот на Охрид на предновогодишен ручек со ранливата категорија граѓани

И оваа година во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се готвеше традиционалниот предновогодишен ручек за ранливата категорија. Таткото на градот Јован Стојаноски во оваа пригода ја откри и неговата новогодишна желба. „Никогаш повеќе овие деца да не бидат ранлива категорија“. „Нека им се помогне на овие деца колку што можиме повеќе и ние како општина Охрид заедно со Црвениот крст и угостителско училиште да им се помогне на овие деца да излезат од оваа тешка социјална ситуација во која што се наоѓаат. Им посакувам се најдобро на сите на овие златни деца со кои што денеска заедно…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top